fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Објавен конкурсот за прием во ученички домови

Mинистерството за образование и наука (МОН) денеска објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови, за учебната 2024/2025 година. На листата се наведени вкупно 18 домови во кои годинава ќе се примаат ученици кои ќе користат сместување и исхрана. „Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во прва, втора, трета и четврта...

МОН: ФИНКИ ќе добие свој објект, не гледаме трајно решение во идејата да се доделат просториите на БРО

Со евентуално доделување на просториите во кои во моментов е сместено Бирото за развој на образованието (БРО), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) би добил објект кој не исполнува услови за реализација на наставата. Ова е одговорот од Министерството за образование и наука (МОН) по вчерашното јавно излагање на ФИНКИ во кое факултетот, барајќи решение за просторниот...

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

ФИНКИ
Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најголемата високообразовна установа во државата, но вистински предизвик за управата на факултетот е тоа што институцијата нема доволно простор за да ги смести сите запишани студенти. И покрај...

МОН: Исплатени се студентските стипендии заклучно со март

Извршена е исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со март, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за...

Ги нема ветените 20 евра на сметките на родителите со ниски примања

Mинистерството за образование и наука (МОН) го објави четвртиот јавен повик за финансиска поддршка на основци и средношколци од семејства чии приходи во месецот не надминуваат 50.000 денари. Постојано се објавуваат нови повици, а во меѓувреме, стотици родители досега не добиле финансиска помош за ниту еден месец, иако уредно и навремено доставиле потребни документи. Иако премиерот Димитар Ковачевски во декември...

Како да поднесете приговор на решенијата за одбиена студентска или ученичка стипендија?

Министерството за образование и наука (МОН) во декември ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2023/2024 година, како и од конкурсот за ученички стипендии за соодветната учебна година. Одбиените кандидати кои аплицирале за студентска, но и за ученичка стипендија, според насоките од МОН, имаат можност за жалба, откако електронски ќе го добијат решението во кое ќе биде...

Објавен е нов повик за аплицирање за финансиска помош за студенти за меѓуградски превоз

Од вчера па сè до понеделник, 11 март, во тек е нов повик за аплицирање за финансиска поддршка за меѓуградски превоз за студенти. Пријавувањето е само електронски преку порталот „е-услуги“, а студентите на кои ова право ќе им биде одобрено, до јуни ќе добиваат до 1.200 денари на месечно ниво – средства наменети за покривање на дел од трошоците за...

Од понеделник субвенционираниот студентски оброк ќе се исплаќа на неделна основа

Од 1 март се менува начинот на кој се исплаќа субвенционираниот студентски оброк. Наместо на дневна основа, од понеделник паричните средства за оваа мерка ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Ваквите новини се предвидени со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија,...

Повисоки плати за вработените на УКИМ за 22 отсто од овој месец

Вработените на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Македонија, од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22 отсто, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за месец јануари. Со ова започнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од колективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа потпишан на 29 јануари 2022 година, а со...

МОН: Исплатени новите корисници на ученички и студентски стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се исплатени ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок во јануари. Станува збор за 3.300 ученици и 3.000 студенти - нови корисници на кои им се исплатени пари заклучно со февруари. „Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за жалба, откако електронски ќе...

Обуки за сајбер безбедност за учениците, наставниците и на родителите

Обуките за сајбер безбедност за учениците, наставниот кадар и за родителите, се дел од редовните активности на МОН со меѓународни партнерски организации, а со Министерството за информатичко општество се организираат работилници за подобрување на дигиталните вештини не само на децата и младите луѓе, туку и на родителите и наставниците. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири,...

МОН распиша конкурс за најдобра песна по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата

По повод 21 Март, Светскиот ден на поезијата, Министерството за образование и наука (МОН) и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ распишаа конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот, велат од МОН, е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен...

Мензата и интернетот – нерешени проблеми во тетовскиот студентски дом, Шаќири вели дека набрзо ќе се решат

И покрај тоа што објектот беше пуштен во употреба пред околу четири месеци, во студентскиот дом во Тетово сè уште не е пуштена во употреба мензата, а проблем останува и интернетот бидејќи го нема во сите простории на домот. Веќе подолго време, студентите за Порталб.мк се жалат за овој проблем, а денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири...

MOН досега исплатило 48.000 ученици, парите за јануари – идната недела

Во тек е исплатата на пари за ученици за месец декември 2023, како и за јануари 2024 година, а досега се исплатени 23 илјади основци и 25 илјади средношколци, информираат од Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк. Оттаму додаваат дека и повеќе други налози ќе бидат реализирани во текот на следната недела. Мерката со која е предвидено да...

Почна исплатата на студентски стипендии за новите корисници

Денеска започна исплатата на првите рати од стипендиите за новите корисници кои потпишаа договори со Министерството за образование и наука (МОН) во јануари. На своите сметки студентите добиваат средства за пет месеци, информираа повеќе студенти за Мета.мк. Студентите чии стипендии изнесуваат 6.050 денари, денес на сметка ќе добијат 30.250 денари, додека оние со месечни стипендии од 18.000 денари, треба да...

Студентите ќе добијат ваучери за туризам, но по изборите

Ваучерите за домашен туризам што за студентите ги најавија министрите за економија, Крешник Бектеши и за образование и наука, Јетон Шаќири, ќе се делат по изборите. Вака информираа од Министерството за економија по прашањето на Мета.мк за тоа што се случи со овие ваучери што беа претставени во декември по одржана средба меѓу двајцата министри и претставници на универзитетските...

Мета факт: Новите корисници на студентски стипендии неделава не добија исплата

Студентите кои се нови корисници на стипендии не ги добија првите исплати во текот на оваа недела, како што најави Министерството за образование и наука (МОН), со што изјавата на МОН дадена на Мета.мк ја оценуваме како невистинита. Министерството за образование доцни со исплата на стипендиите за студентите – нови корисници, кои потпишаа договори во јануари. Додека студентите кои...

Донесени се измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, што предвидуваат?

Собранието попладнево ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се предвидени новини околу начинот на користење на оваа државна мерка за студентите. Согласно измените, доколку студентот не го искористи правото на субвенционирање на оброк во некој од деновите, износот му останува достапен за користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со ден сабота. Тоа значи...

Објавен трет повик за финансиска помош за ученици, иако има родители кои не добиле пари за првиот

Министерството за образование и наука (МОН) го објави третиот јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, чии семејства имаат нето плата до вкупно 50.000 денари. Документи треба да достават родители кои досега не поднеле документи за оваа намена, додека останатите кои веќе аплицирале на останатите два повици, не треба да доставуваат документи (освен потврда...

Студентите со црвени картони на протест, МОН со зелено светло за стипендиите [галерија]

Со црвени картони и транспаренти преку кои побараа системски промени, дел од македонските студенти денеска протестираа пред Министерството за образованиеи и наука (МОН). Тие порачаа Министерството да работи поорганизирано и да ги почитува роковите што им ги дава за исплата на финансиската поддршка од повеќе мерки – стипендии, ваучери за меѓуградски превоз и субвенциониран оброк. Стипендиите и средствата за меѓуградски...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....