fbpx
Таг: момче

таг: момче

Извршена втора трансплантација на срце во историјата на државата, информираше Филипче

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце, ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил. „Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше. Ова е огромен успех на...

Порталб: Мотивацијата ги руши сите бариери до успехот, па дури и кога сте го изгубиле видот

Фисник Селими е 19-годишно момче од Скопје кое, поради болест, го изгубило видот во раното детство. Тој се соочил со оваа болест уште пред да го види светот добро и без да ги запознае нештата што го опкружуваат, раскажува Селими за Порталб.мк. Но, ова не го спречило да се прилагоди на околината и да се развива како и неговите врсници...

Момче починало откако статива му паднала врз главата

Во Градската општа болница „8 Септември“, вчера починало 19-годишно момче Б.С од село Ропалце, Кумановско, информираат од МВР. Момчето во 14.30 часот било донесено со тешка повреда на главата откако на стадионот во село Сарај во Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, по што стативата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата. МВР презема мерки...

Седумгодишното момче кое се водеше за исчезнато во нападот во Барселона починало

Седумгодишното момче од Австралија, Џулијан Кадмен кое се водеше за исчезнато за време на терористичкиот напад во Барселона, денеска починало во болницата каде што се лекувало, јавуваат светските медиуми. Дедото на Џулијан, Тони Кадмен од Сиднеј на неговиот фејсбук-профил напиша дека неговиот внук Џулијан исчезнал, а неговата мајка е во болница во тешка, но стабилна состојба. Каталонската полиција од друга страна...

Момче од Тетово се удави во Валона обидувајќи се да спаси две девојки

Двесет и четиригодишно момче од Тетово вчера попладне се удавило во водите на Јонско Море, во албанскиот приморски град Валона, при неуспешен обид да спаси две девојки од давење, јавуваат албанските медиуми. Трагичниот настан се случил на познатата плажа Зврнец, во близина на заливот Портанова, околу 14.30 часот. Според медиумите, кои се повикуваат на полицијата, момчето од Тетово било на...

Обвинителството отвори постапка против две деца кои брутално претепале 18-годишник

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против две 14-годишни деца кои во неделата претепале 18-годишно момче на улицата Битпазарска, во близина на кафе-барот „Стоп“. Како што соопшти денеска обвинителството, децата со умисла го нападнле момчето, го удирале со тупаници по главата и во градниот кош. Кај него се констатирани тешки телесни повреди, односно контузии на главата со повреди на мозокот,...

Зголемена безбедноста на транспортната мрежа во Лондон поради сомнителна направа

Лондонската полиција го подигна нивното на безбедност околу транспортната мрежа во градот, откако пред два дена била најдена сомнителна направа во воз, јавува „Би-би-си“. Вчера вооружената полиција на Лондон уапсила 19-годишно момче во северниот дел на Лондон, за кое постојат сомневања дека е поврзано со „сомнителната направа“, која еден ден претходно била уништена со контролирана експлозија на станицата во Северен...

Воз удри во возило кај кочанско Соколарци

Во болница со телесни повреди, заврши дваесетичетири годишен кочанчанец во чие возило „рено лагуна“, удри воз изутрината околу четири часот. Несреќата се случила во близина на железничката станица кај Соколарци, кога возот кој сообраќал на релација Скопје – Кочани, удрил во возилото во движење. Железничките премини на овој дел од пругата се обележани со сигнализација, но за тоа како се случило...

Обвинителство: Ќе се вештачи лифтот во кој загина шестгодишно момче во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово почнало истрага која треба да ги утврди причините и околностите за смртта на шестгодишното момче што викендов загина во лифт во станбена зграда во Куманово. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека е издадена наредба за вештачење на лифтот, кое ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје. „По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден...

26-годишно момче пронајдено мртво во куќа во Радовиш

Вчера, доцна попладне, во куќа во Радовиш било пронајдено безживотно тело на 26-годишно момче. Полицијата го потврди случајот и првично информира дека станува збор за Ј.Р. (26) од Радовиш. Според информациите, мртвото тело го пронашол сопственикот на куќата, во која момчето живеело како потстанар. Причините за смртта засега се непознати. Надлежните ги чекаат резулатите од обдукцијата на телото, која треба да утврди...

Се удави момче во Дојранско Езеро

Александар В. (29) од Пехчево, попладнево бил пријавен за исчезнат, но подоцна бил пронајден удавен во Дојранско Езеро. Според првичните информации од полицијата, тој возејќи се со педалинка со уште две лица, паднал во водите на езерото и се удавил. Во тек е полициски увид за несреќата.

Почина и четвртото момче од сообраќајката кај Куманово

Момчето што беше повредено минатиот петок во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на Куманово, им подлегна на повредите во болница, дознаваме од болнички извори, пишува „Кирилица“. До несреќата дојде кога автомобилот, поради неприлагодена брзина, излета од мостот кој од Куманово води кон Лопате и општина Липково, и падна на коловозната лента на автопатот кој води од Скопје и...

Момче избодено со нож во „Мавровка“

Дваесет и тригодишниот Ј.З., вработен во клубот за игри на среќа „Адмирал“ на булеварот Крсте Мисироков во ТЦ „Мавровка“, синоќа околу 20 часот бил физички нападнат од неколку лица, информираат од МВР. Во нападот тој добил повреди во пределот на гробот од остар предмет, најверојатно нож. Пренесен е во градската болница „Св.Наум Охридски“, каде се констатирани телесните повреди.

Исчезнало момче од Велешта

Во полициската станица во Струга, утринава Б.К.(50) од село Велешта, пријави дека на 30 јануари 2015 година, од својот дом во непознат правец се оддалечил неговиот син У.К. (27). СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Загина момче во сообраќајка кај Зајас

Во тешка сообраќајна несреќа која утринава, околу 3.30 часот, се случила на патот Гостивар - Симница, загина 25-годишно момче од кичевско Зајас. Несреќата се случила кога Н.А., управувајќи со „шевролет блејзер“, без таблички, изгубил контрола, по што возилото излетало од патот и се превртело на покрив. Момчето починало на местото на настанот, по тешките повреди што ги добило откако го нагмечиле дрвата што ги...

Ја тепал поранешната девојка за да му се врати

Вчера во Куманово е привден Ф.М. затоа што во 00.15 часот ја сретнал  Д.Ј. (21) од Куманово, која била негова пораешна девојка, и насилно ја внел во куќа, сопственост на неговата баба, каде физички ја нападнал заканувајќи ѝ се дека ако не ја продолжат врската, ќе ја убие. Од здобиените удари, на Д.Ј. ѝ се слошило и паднала на подот, по што...

Полицаецот што го застрела момчето црнец поднесе оставка

Дарен Вилсон, полицаецот од Мисури, што уби црн тинејџер, поднесе оставка, а неговиот адокат изјави дека одлуката за заминување од полицијата стапува на сила веднаш. На 9 август Вилсон го застрела невооруженото 18-годишно момче Мајкл Браун, по што настанаа серија протести во Фергусон. Протестите минатата недела се проширија и низ 180 градови во САД.  

Полицијата во Фергусон уапси 15 демонстранти

Уште 15 демонстранти уапси полицијата во Фергусон за време на новите протести против одлуката да не му биде судено на полицаецот кој во август застрела младо афрамериканско невооружено момче. Откако насобраната група луѓе не ја послушала наредбата да се разотидат, полицијата привела дел од насилните демонтранти.  

Собрани парите за погреб на момчето што во саботата загина кај Католичка црква во Скопје

Собрани се средствата потребни за погребот на момчето што во саботата го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Католичка црква во Скопје. По несреќата, пријателите на починатиот испратија апел за донација затоа што родителите на момчето не биле во можност да го платат погребот. Тие на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавија дека не се потребни повеќе пари затоа што неопходните средства се собрани. Погребот на Иван...

Приведено 14-годишното момче што прободе девојка кај „Мавровка“

Четиринаесетгодишно момче е приведено под сомневање дека со нож нападна 16-годишна девојка пред трговскиот центар „Мавровка“. Од МВР велат дека девојчето и 14-годишното момче прво почнале да се караат, по што тоа со нож ѝ нанел две убодни рани во пределот на левата натколеница. На малолетното девојче му е пружена лекарска помош во Градска општа болница.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...