Момче починало откако статива му паднала врз главата


Скопје, 14 октомври, 2017 - 13:09 (META) 

Во Градската општа болница „8 Септември“, вчера починало 19-годишно момче Б.С од село Ропалце, Кумановско, информираат од МВР.

Момчето во 14.30 часот било донесено со тешка повреда на главата откако на стадионот во село Сарај во Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, по што стативата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата.

МВР презема мерки и активности за расчистување на случајот.


Седумгодишното момче кое се водеше за исчезнато во нападот во Барселона починало


Барселона, 20 август, 2017 - 18:07 (META) 

Седумгодишното момче од Австралија, Џулијан Кадмен кое се водеше за исчезнато за време на терористичкиот напад во Барселона, денеска починало во болницата каде што се лекувало, јавуваат светските медиуми.

Дедото на Џулијан, Тони Кадмен од Сиднеј на неговиот фејсбук-профил напиша дека неговиот внук Џулијан исчезнал, а неговата мајка е во болница во тешка, но стабилна состојба.

Каталонската полиција од друга страна соопшти дека момчето никогаш не го третирале за исчезнато, туку дека имале увид во неговата состојба и местото каде се наоѓа.

Во нападот во Барселона на 17 август, кога комби влета на улицата Ла Рамбла, починаа 18 лица, а 100 беа повредени.


Момче од Тетово се удави во Валона обидувајќи се да спаси две девојки


Валона, 16 јули, 2017 - 10:55 (META) 

Двесет и четиригодишно момче од Тетово вчера попладне се удавило во водите на Јонско Море, во албанскиот приморски град Валона, при неуспешен обид да спаси две девојки од давење, јавуваат албанските медиуми.

Трагичниот настан се случил на познатата плажа Зврнец, во близина на заливот Портанова, околу 14.30 часот. Според медиумите, кои се повикуваат на полицијата, момчето од Тетово било на плажата кога здогледало две девојки кои, само што влегле во водата, биле вовлечени од голем бран. За жал, и двете девојки и момчето не успеале да се спасат.

Според полицијата, удавени се Б.Ф. (24) од Тетово, М.М. (27) од Валона и Џ.Ц. (25) од Тирана.
Инаку, вчерашниот ден бил навистина трагичен за Валона – претходно се удавило и 14-годишно момче.


Обвинителството отвори постапка против две деца кои брутално претепале 18-годишник


Скопје, 11 ноември, 2016 - 11:18 (META) 

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против две 14-годишни деца кои во неделата претепале 18-годишно момче на улицата Битпазарска, во близина на кафе-барот „Стоп“.

Како што соопшти денеска обвинителството, децата со умисла го нападнле момчето, го удирале со тупаници по главата и во градниот кош. Кај него се констатирани тешки телесни повреди, односно контузии на главата со повреди на мозокот, крварење и наполнети бели дробови со течност и е во животна опасност.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка против децата во судир со законот од 14 до 16 години до судијата за деца при Основниот суд Скопје 1, поради основано сомнение дека сториле дејство што со закон е предвидено како кривично дело – тешка телесна повреда од член 131, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Извршено е испитување на сторителите од судија за деца, издадени се наредби за вештачење траги пронајдени и фиксирани на местото на настанот и одземени се предмети кои можат да придонесат во понатамошната постапка“, стои во соопштението од обвинителството.

Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител од судот побарал на децата да им биде одреден притвор. Сепак, судијата го одбил барањето и им одредил мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и забрана за напуштање на местото на живеење.

„Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје интензивно ќе продолжи со преземање на дејства во насока на расветлување на настанот“, додаваат од јавното обвинителство.


Зголемена безбедноста на транспортната мрежа во Лондон поради сомнителна направа


Лондон, 22 октомври, 2016 - 15:03 (META) 

Лондонската полиција го подигна нивното на безбедност околу транспортната мрежа во градот, откако пред два дена била најдена сомнителна направа во воз, јавува „Би-би-си“.

Вчера вооружената полиција на Лондон уапсила 19-годишно момче во северниот дел на Лондон, за кое постојат сомневања дека е поврзано со „сомнителната направа“, која еден ден претходно била уништена со контролирана експлозија на станицата во Северен Гринвич.

Осомниченото момче е приведено во полициската станица во Лондон и сè уште се наоѓа во притвор.

На патниците што го користат јавниот превоз во Лондон им било соопштено да очекуваат зголем број полицајци, вклучувајќи и припадници на вооружената полиција, во и надвор од транспортните објекти и дека патролни тимови на британската транспортна полиција се распоредени во метроата и на железничките станици.


Воз удри во возило кај кочанско Соколарци


Кочани, 17 август, 2016 - 12:54 (META) 

Во болница со телесни повреди, заврши дваесетичетири годишен кочанчанец во чие возило „рено лагуна“, удри воз изутрината околу четири часот.

Несреќата се случила во близина на железничката станица кај Соколарци, кога возот кој сообраќал на релација Скопје – Кочани, удрил во возилото во движење.

Железничките премини на овој дел од пругата се обележани со сигнализација, но за тоа како се случило возилото да се најде на пругата, ќе покаже истрагата.

Поради увидот, до доцна пртетпладнето железничкиот сообраќај беше во прекин.

 

 


Обвинителство: Ќе се вештачи лифтот во кој загина шестгодишно момче во Куманово


Куманово, 27 јуни, 2016 - 11:00 (META) 

Основното јавно обвинителство Куманово почнало истрага која треба да ги утврди причините и околностите за смртта на шестгодишното момче што викендов загина во лифт во станбена зграда во Куманово.

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека е издадена наредба за вештачење на лифтот, кое ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје.

„По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и за прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот. Дополнително, уште во текот на вчерашниот ден, издадена е наредба за обдукција на телото на починатото момче“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.


26-годишно момче пронајдено мртво во куќа во Радовиш


Радовиш, 6 ноември, 2015 - 12:06 (META) 

Вчера, доцна попладне, во куќа во Радовиш било пронајдено безживотно тело на 26-годишно момче.

Полицијата го потврди случајот и првично информира дека станува збор за Ј.Р. (26) од Радовиш.

Според информациите, мртвото тело го пронашол сопственикот на куќата, во која момчето живеело како потстанар.

Причините за смртта засега се непознати. Надлежните ги чекаат резулатите од обдукцијата на телото, која треба да утврди дали Ј.Р. починал од насилна или од природна смрт.


Се удави момче во Дојранско Езеро


Дојран, 7 август, 2015 - 17:50 (META) 

Александар В. (29) од Пехчево, попладнево бил пријавен за исчезнат, но подоцна бил пронајден удавен во Дојранско Езеро.

Според првичните информации од полицијата, тој возејќи се со педалинка со уште две лица, паднал во водите на езерото и се удавил.

Во тек е полициски увид за несреќата.


Почина и четвртото момче од сообраќајката кај Куманово


Скопје, 15 јуни, 2015 - 10:20 (META) 

Момчето што беше повредено минатиот петок во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на Куманово, им подлегна на повредите во болница, дознаваме од болнички извори, пишува „Кирилица“.

До несреќата дојде кога автомобилот, поради неприлагодена брзина, излета од мостот кој од Куманово води кон Лопате и општина Липково, и падна на коловозната лента на автопатот кој води од Скопје и од Куманово кон граничниот премин Табановце.

По несреќата на автопатот се преврте и цистерна. Возачот на цистерната најверојатно се обидел да го избегне автомобилот во кој биле момчињата, при што го превртел камионот кој излетал на спротивната лента што води кон Скопје. Возачот со полесни повреди беше задржан во кумановската болница.