fbpx
Таг: молк

таг: молк

Цивил: Групирање со броење на гласачи и партиски возила забележани пред гласачки местa во Штип

Набљудувачите на Цивил, јавуваат за мирен тек на гласањето во Штип, со неколку прекршувања. „Пред гласачки места е забележано групирање на луѓе, кои следат кој излегува на гласање. Исто така во близина на гласачите места има и партиски возила, на кои е ликот и името на еден од кандидатите,“ објави на прес конференција, Џабир Дерала. Прекршување на избирачкиот молк е регистрирано...

Барателите на информации од јавен карактер и понатаму најмногу се жалат на „молк на управата“

Граѓаните, новинарите, невладините организации и сите други баратели на информации од јавен карактер и понатаму најчесто се жалат до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер поради „молчење на управата“. Дури 163 од вкупно 222 жалби поднесени до Агенцијата во првите шест месеци од 2020 година се поради непостапување на имателите на информации...

Почна молкот пред референдумот, право на глас имаат 1.806.336 гласачи

На полноќ заврши јавната кампања и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи задутре, недела, 30 септември. Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат...

Бошњаковски: Владата ќе ги заштити граѓаните од лажни вести во референдумскиот молк

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски, денеска на прес-конференција информираше дека Владата ќе преземе активности за заштита на граѓаните од лажни вести и дезинформации, преку објави на социјалните мрежи за време на претстојниот период на референдумскиот молк. Секоја вест, како што најави Бошњаковски, која ќе биде детектирана дека е лажна или дека е дезинформација или пак полувистина, ќе биде...

На полноќ завршува кампањата за референдумот и почнува молкот

Јавната пропаганда за референдумот што ќе се одржи во недела завршува вечерва на полноќ. Дотогаш треба да завршат сите активности на учесниците во кампањата и од полноќ започнува предизброниот молк. Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците. Прес-конференција ќе одржи и координативното тело против референдумот...

АВМУ: Анкети ќе се објавуваат до понеделник, 24 септември, а молк од петок, 28 септември

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со понеделник, 24 септември 2018 година. Како што соопшти АВМУ, рефендумскиот молк започнува 48 часа...

ВМРО-ДПМНЕ ја снема и од интернет, по дебаклот на изборите

По исходот од вчерашните локални избори, на кои СДСМ извојува убедлива победа во повеќе од 40 општини уште во првиот круг, денеска целосен молк од ВМРО-ДПМНЕ, која доживеа тежок пораз. На официјалната интернет-страница на ВМРО-ДПМНЕ нема објави денеска. Го нема ниту синоќешното обраќање на партискиот лидер, Никола Груевски. Нови објави нема ниту на официјалниот фејсбук-профил на Груевски. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не одговараа ниту...

ВМРО-ДПМНЕ бара од Спасовски да го смени началникот на СВР Струмица

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека два дена молчи за инцидентот во Струмица, во кој полицаец застрела и рани двајца малолетници, „наместо да соопшти детали и да искаже жалење“. Партијата бара од Спасовски да го смени началникот на Секторот за внатрешни работи Струмица, Танчо Пројковски, кој според нив е одговорен за инцидентот. - Шеснаесетгодишно момче...

До „Цивил“ има пријави за кршење на изборниот молк и притисоци врз гласачите

Граѓанската организација „Цивил“ информира дека од почетокот на изборниот молк до 14 часот, до нив стигнале околу триесет извештаи од изборните набљудувачи, како и десетина пријави од граѓани, за кршење на изборниот молк и за притисоци врз гласачите. - Вработени во една скопска општина во моментов организирано се јавуваат кај гласачите и вршат агитација и притисок. Истото го нотира и набљудувачот...

Министерот за правда Џафери мртов ладен додека ресорот му го тресат скандали

Иако во најголемиот кривичен суд во земјава, Основниот суд Скопје 1, се случува циркус, а Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија нотира сериозни недостатоци во правосудниот систем и опструкции врз работата на Специјалното јавно обвинителство, најодговорниот за правосудниот систем во земјава, министерот за правда, е целосно отсутен од случувањата во неговиот ресор - го нема во јавноста и не се...

Едноминутен молк во Собранието за жртвите во Париз

По предлог на пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, пратениците во Собранието на Македонија со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во синхронизираните терористички напади во Париз, пред да почнат со расправата по двете точки на дневниот ред. По предлог на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, прва точка за расправа на дневниот ред е одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател и...

Ден на тишината

По повод масакрот кој се случи во редакцијата на францускиот магазин „Шарли ебдо“, земјите од регионот – Хрватска, Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, кои се дел од платформата „Ферпрес.еу“, иницираа „Ден на тишината“ кој се одбележува денеска  од 11.30 (времето на нападот) до 14 часот. Тимот на новинската агенција „Мета“ се приклучува кон иницијативата и во тој...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...