fbpx
Таг: Мој воздух

таг: Мој воздух

„Сезоната“ на отровен воздух започна, Скопје на осмото место во светот по загаденост

Сите мерни места во Скопје на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) покажуваат високо загадување на воздухот со ПМ10 и ПМ 2,5 честички. Во последните 24 часа сите измерени вредности ја надминуваат границата на 50 микрометри на кубен метар, што за првпат есенва го искачи Скопје на осмото место на најзагадените градови во светот, според...

Обединет Балкан за чист воздух: Утре и задутре ќе бидат засадени 400 дрвја во регионот и во Скопје

На 19 и 20 ноември во повеќе градови во регионот, вклучително и во Скопје, ќе бидат засадени вкупно 400 дрвја. Како и минатата година, се организира регионалната акција „Дрво на пријателството“ што ја спроведува Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ), во соработка со Мој Воздух/AirCare, во Македонија и други локални партнери во сите земји од регионот на Западен Балкан. Во Скопје,...

Нова мапа ќе ги лоцира сите загадувачи од индустријата во целата земја

Нова мапа на загадувачи, ќе им помогне на граѓаните да ги лоцираат индустриските капацитети во нивната околина кои може да се причина за лошиот квалитет на воздухот. Веб страната www.mapanazagaduvaci.mk , изработена од еко-активистот Горјан Јовановски од „Мој воздух“, во соработка со здружението „Зелен институт“, од неодамна е пуштена како пилот-верзија и на неа веќе се поставени педесетина капацитети...

Како дел од регионална иницијатива, еко-активисти засадија 60 „дрва на пријателството“ во Општина Аерoдром

Со цел да се подигне свеста за потребата од чист воздух и итно зазеленување на градовите, денеска во Општина Аеродром, во паркот на Булевар Србија наспроти Полициската станица Аеродром, македонската компанија Treebanks, еко-активистите Скопје Смог Аларм и платформата AirCare (Мој Воздух), во соработка со Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ), засадија 60 дрва од видот платан. Преку 10 партнерски организации од...

Короната го одложи и протестот против загадувањето на Балканот

Протестите под заеднички наслов „Балкан бара чист воздух“ кои требаше да се одржат денес во Скопје и во осум други градови на Балканот, се одлагаат до завршетокот на епидемијата на корона вирусот или на нивно место ќе бидат одржани еко-перформанси. - Јавните собири се одложуваат како мерка на претпазливост за да не претставуваат потенцијална опасност по здравјето на граѓаните -...

„Али експрес сензорите“ мерат исто како како државните

Иако надлежните ги отфрлаат како нерелевантни податоците кои тие ги генерираат, а заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули неодамна ги нарече „Али експрес сензори“ (во смисла - многу евтини и едноставни)  кои служат само да се крева паника околу загадувањето, кога ќе се споредат податоците добиени од приватните мерни станици во држава тие покажуваат резултати слични со оние добиени...

Горјан Јовановски: Ветерот, а не мерките на владата, ги избрка ПМ честичките од Скопје

Екологистите заслугите за намалениот број на денови со енормно аерозагадување во Скопје во 2019 година го припишаа на ветрот, а не мерките на Владата и на зголемената еколошка свест на граѓаните. „Деновите на помало присуство на ПМ честички во  Скопје можат да се поврзат со зголемено присуство на ветерот во скопската котлина“, вели еко-активистот и создавач на страницата „Мој воздух“,...

Екологистите до Макрадули: Податоците ви се неточни, вистината се гледа на сајтот на МЖСПП

Фрапантно е колку површно, аматерски и ненаучно дава заклучоци човек кој постојано се повикува на науката, и за да се приближи до младите дури и се придружува на Грета Тунберг во повикот кон науката, а во презентираните податоци науката неа ја нема, се вели во реакцијата на „О2 Иницијативата“ на вчерашната прес-конференција на Јани Макрадули, зааменик-министерот за животна средина,...

Апликацијата „Мој воздух“ со нов дизајн

По речиси пет години постоење, мобилната апликација „Мој Воздух!“ денеска доби свој редизајн, со нов интерфејс. Новитет е и маскотата Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух. МојВоздух започна како иницијатива во декември 2014 година, и сега има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија, со план годинава да почне да се проширува низ...

Не се знае кога, ама ќе се набават нови мерни инструменти за ПМ10 во Гази Баба и Лисиче

Двете најзагадени населби во Скопје, Лисиче и Гази Баба, ќе добијат нови инструменти за мерење на ПМ10 честички, информира за „Мета“, Министерството за животна средина и просторно планирање, но од таму не даваат временски рок кога тоа ќе се случи. Во Лисиче канцерогените ПМ10 честички не се мерат од 5 октомври односно 41 ден, а во Гази Баба инструментот не...

Шесте нови приватни станици мерењата ги почнаа со високо ниво на загадување на воздухот

Шесте нови мерни станици, кои го мерат загадувањето на воздухот во Скопје, поставени од страна на проектот „Скопје пулс“ утринава и синоќа измерија високо ниво на загадување. Тоа се мерните станици кај Металски Завод Тито во општина Гази Баба, кај полициската станица во Ѓорче Петров, населба Козле во општина Карпош, како и три мерни станици во Центар- кај кафулето „Излет“,...

Денеска ќе се одржи јавна дебата за чист воздух во МКЦ

Одбележувањето на Светската недела на вселената ќе биде финализирано со јавна дебата за загадувањето на воздухот денеска во „МКЦ – Џебно кино“ во 10 часот. Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата „НАСА дејтанаутс“ (NASA Datanauts), со чија помош оваа дебата ќе биде промовирана на глобално ниво. Целта е да се посочи како македонските граѓани се здружуваат и ја користат технологијата за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...