fbpx
Таг: Мој термин

таг: Мој термин

Дигитализација во здравството – дали и колку се заштитени здравствените податоци на граѓаните?

„Мое здравје“, „Телемедицина“, „Е-рецепти“, се само дел од дигиталните услуги кои ги нуди Министерството за здравство, а министерот Фатмир Меџити сè повеќе ги промовира и најавува новите дигитални услуги преку кои граѓаните ќе имаат опција што е можно повеќе да ги избегнуваат непотребните редови и чекања пред болничките шалтери. Последна од низата дигитални услуги е апликацијата „Мое здравје“, која нуди...

Контраспин: Проблемот на матичните лекари нема да се реши со спинови

Бројот на ординации по општа медицина во државата од година во година се намалува, а од вкупно нешто под илјада ординации за 500 се барале излезни финансиски решенија уште во февруари. Оттука, сегашниот трет протест на матичните лекари за една година не само што е оправдан, туку под итно треба да се решава, а министерот и другите здравствени власти...

Вистиномер: Нема термини за специјалистички прегледи, може да почекате и до ноември за да ве прегледа интернист или офталмолог

Во недостиг на термини, последната можност за пациентите кои немаат време да чекаат по три месеци за преглед е да си платат приватно, а голем дел од нив не се во можност да го сторат тоа. Па така, се вртат телефони, се фаќаат „врски“, се бараат можности за да се отиде на специјалист, нешто што би требало да претставува...

Евидентирани 178 нови случаи на ковид, пријавени четири починати лица

Во последното деноноќие, направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Од вкупниот број позитивни случаи на ковид-19, регистрирани се 33 реинфекции. Во изминатово деноноќие има и 592 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа се пријавени и две починати лица од Скопје (72г и 60г) во болнички услови. „Согласно регистарот...

Шест месечно бебе со вродена аномалија почина од ковид-19

Во денешниот извештај кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го достави до Министерството за здравство (МЗ) пријави починато бебе на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна...

Во Прилеп до 14 часот вакцинирани сите лица што имале термин, во Крушево вакцинирање од петок

На еден пункт во Здравствен дом - Прилеп утрово почна вакцинацијата со вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ на граѓаните над 77 години. До 14 часот вакцинирани се сите граѓани по планот, според редоследот по кој резервирале термин преку матичните лекари. „Пристигнаа 900 дози од вакцината „АстраЗенека“. Процесот на вакцинација почна и се одвива без какви било проблеми. Екипата денеска ќе...

Преку „Мој термин“ пуштени 9.755, а закажани 5.976 термини за вакцинација против ковид-19

Министерството за здравство информира дека, националниот систем „Мој термин“ од синоќа од 19 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на граѓани кои се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б, од Националната стратегија за ковид имунизација. „Вакцинацијата ќе се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Тоа е прецизно...

За една недела, 126 граѓани резервирале термин, но не се појавиле за вакцинирање против грип

Изминативе седум денови, 3.270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и во општите болници низ државата, а 126 граѓани кои преку матичен лекар резревирале термин, не се појавиле на закажаниот пункт, односно не дошле да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство. „Според утврдениот протокол за системско менаџирање, на термините за вакцинација, секој петок од тековната недела...

Здравствен дом Скопје повторно воведува трета смена за магнетна резонанца во поликлиника Чаир

Здравствен дом Скопје информира дека од септември повторно се воведува трета смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир и веќе може да се закаже преку електронскиот систем МојТермин, соопштува Министерството за здравство. Од ова министерство информираат дека сите други служби на здравствениот дом функционират редовно. Продолжува редовната работа на кабинетите за дигитална мамографија во поликлиниките Букурешт и Чаир, како и...

Монтажна амбуланта на Детска клиника заради спречување на ширењето на корона вирусот

Поставена е монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, чија цел е да се спречи евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти, соопшти Министерството за здравство, напоменувајќи дека амбулантата е поставена како дел од активностите за враќање на редовното работење на некои клиники. Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани...

Во „Мој термин“ се воведуваат два нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем „Мој термин“, соопштуваат од таму. Целта, како што велат, е подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите. „Најзначајната новина која се воведува...

Таравари: Од утре ќе се разгледува проектот „Мој термин“

Промени во проектот „Мој термин“ на Министерството за здравство, односно отфрлање на казните за докторите, најави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, на одбележувањето на 25-годишнината на Лекарската комора на Македонија. – Јас сум за промени во „Мој термин“, а веќе утре ќе имам состанок со претставниците на овој проект. Учинокот ќе остане, но нема да има негативен учинок. Платата ќе си...

Македонија е меѓу првите две земји во Европа по лоши резултати во здравството, соопшти Мехмедовиќ

Поразителната вистина за здравствениот систем е дека Македонија е меѓу првите две земји во Европа по лоши резултати во здравството, со смртни последици по здравјето на граѓаните, изјави денеска Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ. - Тоа што го крие и за што лаже криминалната власт во заминување, го соопшти Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ). Истражувањето за...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ своевремено во здравството го имплементираше системот „Мој ѓердан“

Македонија во време на СДСМ воопшто не ни беше рангирана на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), бидејќи Европа не предвидува рангирање за ѓерданите што ги купуваше Владо Димов за своите колешки и за стентовите кои лешинарите од СДСМ ги продаваа на црно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ за состојбата на македонското здравство. „Според извештајот на ЕХЦИ, системот „Мој термин“...

СДСМ: По „Мој термин“, Македонија паднала 4 места поради лош здравствен систем

Воведениот „Мој термин“ во здравството и другите лажни реформи на власта во заминување, им го отежнаа лекувањето на луѓето, поради што се итно потребни промени за заштита на здравјето на граѓаните, порача денеска СДСМ. „Најрелевантното рангирање на здравствените системи за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), го потврди она што граѓаните го чувствуваат врз своето здравје. Тоа е дека...

Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „Мој термин“

Вчера околу 15 часот на Клиниката за радиологија, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, 46-годишниот И.И. револтиран бидејќи му бил пресакажан рокот за „Мој термин“ почнал да го навредува персоналот, а потоа нападнал болничар и го искршил стаклото од вратата во ходникот, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, по инцидентот веднаш интервенирало обезбедувањето на Клиниката. Лицето било приведено во полициската...

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...