fbpx
Таг: МОФ

таг: МОФ

МОФ со повик до студенти за пријавување во студентски дебатни клубови

Под слоганот „Отвори го умот за нови перспективи, приклучи се во дебатниот клуб на Младински образовен форум“, МОФ отвора повик за пријавување во студентски дебатни клубови кои ќе се формираат на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ќе се организираат обуки што ќе...

МОФ со Повик за млади истражувачи во пет тематски области

Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Центарот за наука и иновации од Албанија и Иницијативата за човекови права од Србија објавија повик за апликации на Регионалната програма за мобилност на младинско лидерство (RYLMP), наменет за студенти, активисти и млади истражувачи од Северна Македонија, Албанија и Србија, кои имаат интерес за истражување и застапување за прашања поврзани со младите. Како...

УСАИД со нов проект: Младите имаат потенцијал, но не и поддршка

Младите во земјава имаат многу потенцијал, а решението не е во иселувањето во странство, туку е потребно е да се поддржат и да се вклучат во заедницата. Ова беше пораката од настанот кој се одржа денеска во „Нетавил“ во Скопје на кој официјално се потпиша меморандум меѓу УСАИД и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Станува збор за...

Во тек е повикот за учество на „Климатон Скопје“ – хакатон за климатски промени

Дводневен хакатон за климатски промени „Климатон Скопје“ ќе се одржи на 3 и 4 ноември во просториите на INNOFEIT, во организација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED Hub) Скопје. Настанот, како што соопштија организаторите, е отворен за сите млади ентузијасти со иновативни идеи за решавање на климатските предизвици во главниот град преку дигитални решенија. Победничкиот тим ќе биде...

„Кажи со раце“: Младински настан за Меѓунaродниот ден на знаковниот јазик

Младински образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ утре ќе го одбележат Меѓунaродниот ден на знаковниот јазик, во 17:00 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје, пред Мобилната галерија. Организациите ги покануваат сите млади на интерактивниот младински настан под мотото „Кажи со раце“. „Дојди и помогни ни да ја истакнеме убавината на македонскиот знаковен јазик, да ги срушиме...

Младите бестрашно уриваат бариери за редефинирање на иднината, порачаа тие од скопскиот Градски парк

Младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Ова беше истакнато на настанот по повод Меѓународниот ден на младите, што во петокот се одржа во градскиот парк – Школка во Скопје, соопштија од Младинскиот образовен форум (МОФ). Настанот беше организиран од Канцеларијата на Фондот...

МОФ со можности за обуки и вмрежување на младинските организации

Младинскиот образовен форум (МОФ) ги повикува младинските организации и организациите за млади да се пријават на нивниот повик кој има за цел да им понуди поддршка во вид на обуки и вмрежување. Од МОФ посочуваат младинските и организациите за млади да го пополнат и споделат отворениот прашалник кој е достапен на овој линк, преку кој ќе се идентификуваат потребите на...

В среда ќе се одржи „Станица: Студентска 8“ – целодневен настан за студенти и млади

По неколку години пауза, настанот „Станица: Студентска“ се враќа со своето осмо издание, најави Младинскиот образовен форум (МОФ). Станува збор за целодневен настан наменет за студенти, но и за сите заинтересирани млади лица. Станица: Студентска 8 ќе се одржи в среда, 3 мај, од 12 до 17 часот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Станува збор...

Промовиран водич за медиумска писменост за родители и старатели на деца

Младинскиот образовен форум (МОФ) и ИРЕКС денеска го промовираа водичот за медиумска писменост за родител и старатели на деца од 5 до 10 години „Дигиталниот свет на генерација алфа“, кој е дел од проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ на УСАИД. Водичот содржи совети за родителите и старателите како полесно да се снајдат во новото време на технолошка и дигитална...

Објавен повик за млади истражувачи за регионална мобилност

Младинскиот образовен форум (МОФ), заедно со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија и Центарот за образовна политика (ЦЕП) од Србија објавуваат повик за млади лица за истражување, активизам и зајакнување на регионалната соработка меѓу трите земји. Како што соопштија од МОФ, повикот е дел од Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност за 2022/2023 година и...

Со огромни прашалници активисти запрашаа: „Ќе се дише ли зимава“?

Со портокалови огромни прашалници, поставени на плоштад „Македонија“ и пред ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, активистите од Младинскиот образовен форум прашаа „Ќе се дише ли зимава“? Оваа иницијатива, како што соопштија од МОФ, има за цел да ја подигне свеста на институциите во однос на сите прашања поврзани со животната средина и да побуди критичко размислување за...

МОФ: Разочарува одлуката да се стегне обрачот за тоа кој студент има право на оброк

Студентски дом Гоце Делчев
Младински образовен форум (МОФ) со разочарување реагира по повод предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, но и општо во врска со моменталната ситуација во која се наоѓаат студентите. Во соопштението од МОФ се велидека во услови на енергетска криза, голема инфлација и пост-пандемиско опоравување, студентите се први на удар од страна на државните институции, со тоа што се преземаат...

Училиштата мора да бидат безбедна средина за нивните ученици, реагираат организациите

Објавата на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, која беше пренесена во медиумите, го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошко, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците, се вели во заедничкото соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и Сојузот на средношколци (ССРСМ). Од таму велат...

Тркалезна маса за дигитализација на високото образование: скап процес, а скромен буџет

Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска организираше тркалезна маса на тема „Дигитализација на високото образование – предизвици и можности“ каде беа презентирани клучните наоди и препораки од истоимениот документ за јавна политика, а беше презентирана и дигиталната алатка развиена од студентки за време на студентскиот хакатон. Документот за јавни политики на МОФ е изработен во рамки на проектот „Студентска акција за...

МОФ утре ќе го презентира документот „Дигитализација во високото образование“

Младинскиот образовен форум (МОФ) утре со почеток во 12 часот ќе одржи тркалезна маса на тема „Дигитализација во високото образование – можности и предизвици“. На настанот ќе се презентира документот за јавни политики, како и дигиталната алатка на победничкиот тим на хакатонот што се одржа во рамките на проектот. Покрај презентацијата на документот и дигиталната алатка, ќе се одржи и...

Истражување: Една третина од студентите се соочиле со дискриминација на факултет, малкумина пријавиле

УКИМ
Триесет проценти од студентите во земјава во одреден момент се соочиле со дискриминација на државните факултети и универзитети, но само 6,6 проценти пријавиле дека биле жртви на дискриминација. Ова го покажа истражувањето на Младинскиот образовен форум (МОФ) за студентската перцепција за дискриминација на четирите државни универзитети – „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје (УКИМ), „Гоце Делчев“ – Штип (УГД), „Св....

Студентски хакатон за изработка на предлози и идеи за дигитализација на услугите во високото образование

Младинскиот образовен форум (МОФ) организира студентски хакатон за изработување решенија, предлози и идеи кои ќе придонесат кон дигитализација на услугите во рамки на високото образование. Хакатонот ќе се одржи од 25 до 27 февруари, а како што соопштија од МОФ, предност ќе се даде на студенти што студираат на факултети од областа на техничките и информатичките науки. Учеството на дипломирани...

„Дали е корисна училишната униформа?“ – дебата меѓу средношколци и студенти организирана од МОФ

Во просториите на невладината организација Центар за балканска коорперација ЛОЈА, вчера во Тетово се одржа дебата меѓу студенти и средношколци на тема „Личен стил или еднаквост: Дали е корисна училишната униформа?“, организирана од страна на Младински образовен форум (МОФ). Дебатата беше спроведена од учесници кои се дел од два од едукативните клубови или програми на МОФ: Дебатен клуб и клубот...

Тројка од младите за квалитетот на наставата во пандемија, покажа студијата на МОФ

По повод Меѓународниот ден на младите, Младински образовен форум (МОФ) ја презентираше студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер. Студијата покажува дека 69 отсто од младите никогаш не биле консултирани од институциите, наспроти една третина (27 отсто) кои биле консултирани на локално или национално ниво. Бројот на...

Порталб: Секој четврти во земјава кој останал без работа е млад, младите без перспектива

Младите се едни од најранливите категории кога станува збор за работничките права. Стапката на невработеност кај младите во Северна Македонија е една од највисоките во Европа. Пазарот на труд денес бара повеќе вештини и прилагодување кон новите достигнувања, креативност, способност да се размислува на иновативен начин и во таа насока треба да се развие формалното и неформалното образование. Дискриминацијата...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...