fbpx
Таг: модернизација

таг: модернизација

Уште 26 лесни оклопни транспортери „Ошкош“ наскоро ќе бидат предадени на АРМ

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека во пристаништето во Солун пристигна втората пратка лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, односно 26 возила, наменети за Армијата на Република Северна Македонија. „Вкупно 26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени...

Ново оружје за армијата – транспортери, оклопни возила, хеликоптери

Нови оклопни возила од типот на JLTV Oshkosh, оклопни транспортери Stryker, француски систем за противвоздушна одбрана за мали височини, MISTRAL 3, артилериски системи и осум повеќенаменски хеликоптери ќе бидат само дел од новото вооружување на македонската армија за кое денеска информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од најголем обем во изминатите децении,...

Четири хеликоптери од руско производство на АРМ и МВР ќе се модернизираат во Чешка

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска е во официјална посета на Скопје, како прв министер за одбрана од земја-членка на НАТО што претстојува во македонскиот главен град по нашето зачленување во Алијансата. Заедно со министерот за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој го потпиша Меморандумот за разбирање и техничка соработка меѓу...

Порталб: Проектот за модернизација на зелениот пазар „Бит Пазар“ никако да заврши

Ветен пред многу години, проектот за модернизација на зелениот пазар „Бит Пазар“ никако да заврши, градежните работи се одолговлекуваат со години, а предвидените рокови се пречекорени, пишува Порталб.мк. Општина Чаир, која го вети овој проект, ја отфрли одговорноста, со образложение дека одговорна за реализација на проектот е АД „Скопски Пазар“, друштво во кое во текот на годините дошло до смена...

Пристигнаа новите локомотиви, до 2022 година треба да се обноват шест моторни возови

Во Скопје деновиве пристигнаа последните три од нарачаните четири електрични локомотиви за потребите на Железници - Транспорт. Новите кинески локомотиви постепено ќе се пуштаат во сообраќај за потребите на товарниот железнички сообраќај, а една од нив веќе е ставена во функција за влечење на товарните возови. Инвестицијата за обнова на возниот парк е во висина од 7 милиони евра,...

ЕУ ќе обезбеди 68,6 милиони евра за модернизација на железницата

Владата потпиша Договорот за грант во износ од 68,6 милиони евра наменет за ко-финансирање, доделен од Европската унија преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ), за модернизација на железницата. Овој грант ќе биде искористен за ко-финансирање на изградбата на приближно 34 километри железничка инфраструктура, од Бељаковце до Крива Паланка, втора фаза на проектот за Коридор 8, кој откако ќе биде финализиран,...

Шекеринска: Втора година по ред буџетот за одбраната расте, 135 милиони евра за 2019

Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес–конференција го образложи буџетот за одбраната за 2019, кој по десетгодишниот пад, втора година по ред е во нагорна линија и оваа година изнесува 135 милиони евра. „Лани, буџетот за одбрана порасна за 15 процнети, а зголемувањето за 2019 во споредба со ребалансираниот буџет за 2018 изнесува над 33 проценти. Следната година освен...

МЕПСО потпиша договори со пет компании за нови инвестиции во преносната мрежа

МЕПСО денеска во Владата потпишa договори со пет компании за нови инвестиции во преносната мрежа во вкупен износ од 18 милиони евра. Станува збор за модернизација и возобновување на преносната мрежа со што ќе се обезбеди стабилно и квалитетно снабдување со електрична енергија за граѓаните и бизнисот на долг рок, и ќе придонесе кон енергетски и економски развој на земјата. - Крајниот...

И со зголемен буџет, на АРМ ќе и треба најмалку една деценија да се доопреми

На АРМ ќе и требаат најмалку четири години за со најавените буџети, кои ќе се зголемуваат, да го купи само минималниот неопходен број на оклопни транспортери, а најмалку една деценија за да ја купи сета потребна опрема, покажуваат пресметките направени врз основа на постоечката формација на АРМ и проекциите на Министерството за финансии во Фискалната стратегија за 2019-2021 година. Владата...

Членството во НАТО е тест за македонскиот БДП (инфографик)

Какви економски придобивки можат да очекуваат македонските граѓани од евентуално зачленување на нашата земја во НАТО, колку пари потроши Македонија за модернизација на АРМ и воведување на НАТО-стандардите во изминативе години и колку ќе троши во иднина се прашања што заслужуваат внимание со оглед на тоа што на референдумот закажан на 30 септември ќе се одлучува за прифаќање на...

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопштат ставот за партискиот конгрес на 17 декември

Внатрепартиската иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ почна консултации со сите активисти во ВМРО-ДПМНЕ, за изградба на обединувачки став за претстојниот конгрес кој ќе се одржи на 23 декември, информираат од таму. „Во таа насока извршени се консултации со сите заинтересирани кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамки на овие активности, почнати се консултации и со ФРОДЕМ, Форумот на слободоумни...

Заев се сретна со претставници од „Хуавеи“, компанијата сака да инвестира во ИКТ-секторот

Премиерот Зоран Заев, денеска примил во посета претставници на информатичката и на телекомуникациска компанија „Хуавеи“ од Кина. Од Владата информираат дека претставниците на компанијата биле заинтересирани за интензивна соработка во сферата на развојот на информатичкото општество и новите информатички технологии во Македонија. Во соопштението се вели дека тие го запознале премиерот со потенцијалите на компанијата, како на глобално така и на локално ниво,...

Јолевски: Безбедносната состојба е стабилна

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, при денешната посета на Штип, оцени дека безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво, но дека АРМ внимателно ја следи ситуацијата. - Безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво и е стабилна. Ние, како Армија, и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме - изјави Јолевски. Jолевски, кој денеска...

Кина ќе го зголеми буџетот за војската за седум отсто

Кина оваа година ќе го зголеми буџетот за одбраната за околу седум отсто, соопштија властите во Пекинг, пренесуваат светските медиуми. Информацијата доаѓа во пресрет на годишниот состанок на Националниот народен конгрес во Пекинг. Како што пренесува „Би-би-си“, Кина последните неколку години забрзано ги модернизира своите вооружени сили, а овој процес го следи и забрзаниот развој на екомијата на земјата. Сепак, буџетот на...

МО: СДСМ нема елементарни познавања за набавката на опрема и за модернизацијата на АРМ

Модернизацијата на Армијата на Република Македонија е сериозен процес, на кој Министерството за одбрана, Генералштабот и Армијата пристапуваат професионално, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана на денешното соопштение на СДСМ, во кое опозициската партија бара министерството да го поништи тендерот за набавка на опрема вредна 250 милиони евра. „Министерот Јолевски повеќепати, вклучително и вчера, на неколку национални телевизии...

Продажбата на зелените пазари намалена за 20 отсто поради супермаркетите

Продажбата на зелените пазари бележи пад од 10 до 20 проценти, по појавата на продажба на зеленчук и на овошје во големите супермаркети, истакнаа од Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија. Една од целите на оваа групација е преку осовременување и модернизација на пазарите, тие да останат атрактивни за купувачите наспроти појавата на големите хипермаркети, кои во еден дел стануваат конкуренција...

Кина оформи три нови воени единици

Кина оформи три нови воени тела, односно единици во рамки на реформите кои треба да ги модернизираат вооружените сили и да ја зголемат нивната борбената готовност. Државната телевизија денеска емитуваше снимка на која претседателот Кси Ѓинпинг им предава воени знамиња на лидерите на трите нови единици – генерална команда на Народната ослободителна армија, на ракетните сили и на силите за...

Меџити: Бит-пазар ќе добие нов модерен изглед

Советот на Општина Чаир на денешната седница усвои детален урбанистички нацрт-план со кој се предвидува целосна реконструкција и надградба на Бит-пазар. - Бит-пазар е еден од најголемите зелени пазари во земјава, каде егзистенција обезбедуваат голем број семејства. Со новиот нацрт-план, откако ќе ги помине сите процедури, ќе се зголеми бројот на тезгите, ќе се направи нов проект кој ќе обезбеди доволен...

Модернизирање на железничката мрежа е од големо значење за економскиот пораст

Да се создаде патна и железничка мрежи од грчкото пристаниште Пиреја до Централна Европа преку територијата на Македонија. Ова денеска беше разгледувано на состанокот на претставници на железничките компании од регионот и кинеската компанија „Коско“. Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, истакна дека 60 проценти  од увозот на стоки во Македонија пристигнува од пристаништата во Пиреја и во Солун. Железничкиот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...