fbpx
Таг: мобилни телефони

таг: мобилни телефони

Професионален војник осомничен за доставување телефони на затвореници во „Идризово“

Обвинителството поведе постапка против 23-годишник, вработен во Армијата на Северна Македонија кој го обезбедувал затворот „Идризово“, под сомнеж дека ја злоупотребил службената положба бидејќи за затворениците обезбедил 10 мобилни телефони, информираа истражните органи. За вработениот во Армијата обвинителството бара да му се определи мерка притвор. Настанот, според МВР, се случил вчера, кога полициски службеник за обезбедување на Казнено – поправната...

Крај на кабелската џунгла – во Германија ќе се користат кабли само со USB-C приклучок

Германија од 2025 година ќе воведе единствен стандард за полнење на мобилни уреди и на пазарот ќе останат само кабли со USB-C приклучок. Одлуката е во согласност со директивата на Европската Унија, пренесува германската новинска агенција ДПА. Вчера владата на канцеларот Олаф Шолц одобрила нацрт-амандман на законот за стандардизација, соопшти Министерството за економија. „Со измената на законот се избројани деновите на...

Лага е дека Техномаркет нуди телефони за 114 денари – станува збор за кражба на лични податоци

Станува збор за невистинита наградна игра, во која што е злоупотребен брендот на Техномаркет. Наградната игра е неверодостојна и тоа го покажуваат повеќе параметри, но главниот е тоа што како услов за добивање на „награда“ се бара од корисникот односно од учесникот, да остави свои многу сензитивни, лични податоци. Секогаш кога корисниците на Фејсбук ќе наидат на овој услов...

На Фејсбук се споделува лажна промоција на Самсунг телефони за 123 денари

Техномаркет, добро позната продавница за бела техника, нема ваква понуда за Самсунг телефони. на Официјалната веб страница на Техномаркет може да се види дека Самсунг телефони С22 Ултра се продаваат за 90.000 денари. Смарт цената, односно цената со попуст за овие телефони е 70.000 денари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пост на Фејсбук споделува видео...

Техномаркет не доделува Самсунг телефони за 123 денари

Во конкретниот случај е злоупотребен брендот и логото на „Техномаркет“, добро позната продавница за бела техника. „Техномаркет“ има своја официјална страница на Фејсбук и од неа не е споделена оваа лажна наградна игра. Официјалната Фејсбук страница на „Техномаркет“ ја следат над 177 илјади корисници, оставени се сите важни контакти, има директен линк кој води до официјалната веб-страница на компанијата,...

Самсунг не доделува 800 телефони за тие што ќе напишат „Среќен роденден“

Станува збор за лажна наградна игра којашто се споделува  од лажна фан-страница што има само 86 следбеници. Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку и е професионално одржувана. Таму има над 162 милиони следачи, секојдневни професионални реклами, информации за фирмата, линкови до официјалната веб-страница, телефони за контакт итн., односно има голем број информации кои ја гарантираат нејзината веродостојност. На таа страница...

Претрес во Идризово: Пронајдени мобилни телефони, таблет и прашкаста материја

Во затворот Идризово во акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции - ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, бил извршен претрес со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор. Од МВР известуваат дека постапувајќи по наредби за претрес, издадени...

Телефони на преклопување – новата „винтиџ“ опсесија на Генерација Зед

По камерита за еднократна употреба и фармерките со низок струк, најновата „винтиџ“ опсесија на младите од Генерација Зед станаа телефоните на преклопување чија популарност доминираше кон средината на 1990-тите години, пишува Си-ен-ен. Денес, овие мали и лесни уреди, некои достапни и за само 20 американски долари кај продавачите на Амазон и Волмарт, се појавуваат во видеа на млади луѓе на...

Измислена наградна игра: Самсунг не доделува 400 мобилни телефони

На официјалната Фејсбук страница на „Самсунг Македонија“ не може да се најде објава со ваква содржина. Исто така и на официјалната Фејсбук страница на Кипер маркет нема ваква објава.Очигледно е дека станува збор за лажна објава, а тоа може да се примети од големиот број грешки во интерпункцијата, граматиката и јазичноста, како и тоа што страницата има само еден...

Повеќе од пет милијарди мобилни телефони ќе бидат фрлени како отпад годинава

Годинава ќе бидат фрлени како отпад 5,3 милијарди мобилни телефони, вели Меѓународниот форум за отпадна електрична и електронска опрема, а јавува „Би-Би-Си“. Оваа проценка базирана на податоците за глобалната трговија го истакнува растечкиот еколошки проблем со таканаречениот „е-отпад“. Истражувањето покажало дека многу луѓе, наместо да ги рециклираат, ги чуваат старите мобилни телефони. Поради тоа, скапоцените минерали кои не се извлекуваат од...

ЕУ ја усвои регулативата за универзализација на полначите за мобилни телефони

Европската Унија ја усвои новата законска регулатива, која што бара од производителите на мобилни телефони да овозможат универзализација на полначите за овие и други помали електронски уреди, пренесува „Политико“. Ова би значело дека „Епл“ во иднина ќе мора да ги стандардизира полначите за „Ајфонот“ со полначите за мобилни телефони од другите производители. Сите компании ќе мора да ги променат полначите...

Вистиномер: Не е точно дека вакцинираните против ковид може да се детектираат со блутут апликација

Не е можно вакцинираните лица да се пронајдат со блутут, бидејќи вакцините против ковид-19 не содржат ниту една состојка која би можела да се детектира преку блутут. Станува збор за уште една теорија на заговор чија цел е да се дискредитираат вакцините како штетни по човековото здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен...

Шаќири: Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на 6-те земји од Западен Балкан

Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули, порача министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири,...

„Ел-Џи“ повеќе нема да произведува мобилни телефони

LG
До крајот на јули, јужнокорејската компанија „Ел-Џи“ ќе ги затвори одделите за производство и ќе се повлече од бизнисот на мобилни телефони. Наместо телефонски уреди, од „Ел-Џи“ соопштија дека ќе се фокусираат на паметните производи за домаќинство, како и на компонентите за електрични возила, роботика, вештачка интелигенција и други уреди, услуги и платформи. „Ел-Џи“ е последниот производител што го напушта...

Пониски цени на роамингот помеѓу Македонија и Бугарија, тема на Дигиталниот самит

Регулаторните тела за електронски комуникации на Македонија и на Бугарија разгледуваат можности за намалување на цените на роаминг на услугите помеѓу двете држави, информираат од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Новини за најавеното намалување на цените во роаминг помеѓу двете држави се очекуваат на претстојниот Дигитален самит, чиј домаќин ќе биде Македонија во април, и на Самитот за Западен Балкан,...

Од денеска нема повеќе роаминг во земјите на ЕУ

Денеска официјално стапува на сила укинувањето на роамингот за сите корисници на мобилни телефони во земјите на Европската Унија. Владите и институциите на земјите членки на Европската Унија потпишаа договор за техничките услови за намалувањето на давачките за роаминг на телекомуникациските оператори, а тој беше изгласан на седници на Советот на Европа и на Европарламентот. Според новиот договор, цената на мобилниот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...