fbpx
Таг: МНТ

таг: МНТ

Поетско-музичкиот електронски акт „Поетроника“ утре во МНТ

Утревечер, по втор пат во живо во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведен поетско-музичкиот проект „Поетроника“ на двајцата современи уметници Оливер Митковски и Андреја Салпе. Настанот ќе се случува на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот. Публиката ќе има можност да проследи речиси двочасовен перформанс на Митковски и Салпе, во кој на динамичен начин успеваат да ја...

Почина актерката Катина Иванова

Почина актерката Катина Иванова. Веста за смртта ја објави Македонскиот народен театар (МНТ) на својот профил на Фејсбук. Иванова повеќе од четири децении беше дел од МНТ. „Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“, напишаа...

Почина актерот Трајче Ѓоргиев

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека починал актерот Трајче Ѓоргиев (роден 1967 година). Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1991 година. Дел е од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989), преку вработувањето во 1998 година, до големиот...

Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка на ФКТ „Ристо Шишков“ – Струмица

Дарја Ризова за улогата Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ ја доби наградата за најдобра актерка на 30. издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ - Струмица кој се одржа во периодот од 8 до 13 септември. Од Македонскиот народен театар во чија копродукција е претставата информираат дека ова е четврта награда за актерска игра за...

Унковски се враќа во МНТ со „Сите сме птици“

По пауза од 9 години, славниот театарски режисер Слободан Унковски повторно режира претстава во МНТ. Станува збор за претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад. Премиерата се очекува со почетокот на новата театарска сезона. „Најновиот проект и соработка со Унковски сите го очекувавме веќе подолг период, кој по девет години од последната негова претстава, повторно режира во...

„Нема да биде крај на светот“ доби награда за најдобра претстава на фествал во БиХ

Претставата „Нема да биде крај на светот“ е прогласена за најдобра претстава од страна на новинарското жири на фестивалот „БиХ драма Зеница“ во Босна и Херцеговина. Копродукцискиот проект помеѓу Македонскиот народен театар (МНТ) и Сараевски ратни театар (САРТР) е на авторот Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. „Претставата „Нема да биде крај на светот“ е една од трите...

Пиесата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ на втори март пристигнува во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар за прв пат премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер. Премиерата е закажана за втори март со почеток во 20:00 часот и истата е во режија на Ивица Димитријевиќ. Се работи за контроверзна драма сочинета од женска романса каде Фасбиндер отворено ги опишува љубовните односи...

„Торонто експрес“ го отвара театарскиот репертоар на МНТ за 2022 година

Репертоарот на Македонскиот народен театар во 2022 година започнува со претставата „Торонто експрес“ чија успешна премиера за прв пат се случи во декември кон крајот на минатата година. Маестралната изведба на актерот Александар Микиќ е закажана за утре, вторник во 20:00 часот на Малата сцена во МНТ и среда со почеток во исто време. „Торонто експрес“ или како што уште е...

Декември е месец на „Торонто експрес“ – нова урнебесна комедија во МНТ

„Торонто експрес“ е новата театарска претстава на Јордан Симонов која месецов за прв пат ќе ја има својата премиера, а веќе до крајот на годинава ќе има уште две свои прикажувања на сцената на Македонскиот Народен Театар. Вчера на малата сцена во МНТ се одржа најава за премиерата што ќе биде на 15-ти декември што беше проследена со прес-конференција на...

Почина македонскиот актер Славиша Кајевски

Почина македонскиот театарски и филмски актер Славиша Кајевски. На 39 години трагично го загуби својот живот, објави неговата матична куќа МНТ. „Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш...

Dead Can Dance ќе одржат два концерти во Скопје на 23 и 24 мај

Во рамките на Таксират фестивалот, Dead Can Dance за првпат ќе одржат концерт во земјава. Планирано е на 23 и 24 мај 2022 година дуото Лиза Жерар и Брендан Бери со нивните фантастични гласови да настапат во Македонскиот народен театар. Нивното врвно музичко творештво е актуелно меѓу планетарната јавност повеќе од четири децении. Dead Can Dance досега имаат издадено осум...

Медиа Плус: Проблематична идентификацијата со „театар од Кадрифаково“ врз основа на ФБ статуси на двајца актери

Рецензираме текст под наслов „Директорката да не го спушта нивото на МНТ на ниво на драмска секција од Кадрифаково: Актерите против програмата на театарот“. Со овој наслов се заведува читателот пренесувајќи два статуси од социјални мрежи на двајца актери, со што се добива впечаток дека се работи за незадоволство од програмата на театарот од сите 50 актери во МНТ,...

МНТ од утре ќе емитува претстави на нивниот Јутјуб канал

Македонски народен театар ќе емитува неколку претстави од нивниот репертоар на нивниот Јутјуб канал од утре со почеток од 20 часот. Преставите се со следниот редослед „Сомнително лице“ (18 март), „Изгубени Германци“ (19 март),  „Парите се отепувачка“ (20 март), „Да тргнеме Сењор“ (23 март) и „Мајсторот и Маргарита“ (24 март). „Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ...

МНТ со „Магбет“ ќе го отвори фестивалот „Војдан Чернодрински“

Со претставата „Магбет“ од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Македонскиот народен театар (МНТ) – Скопје, вечерва во Прилеп на сцената од центарот за култура „Марко Цепенков“ се крева завесата на годинешното 54. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Во официјална конкуренција, покрај „Магбет“, ќе бидат изведени уште седум други претстави. Според уметничката директорка на...

Почина актерката Љупка Џундева

Почина познатата театарска, филмска и телевизиска актерка Љупка Арсова - Џундева, на 84-годишна возраст, соопшти Македонскиот народен театар. „Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е...

МВР врши истрага за директорувањето на Дејан Пројковски во МНТ

Одделението за борба против организиран криминал од МВР по налог на Јавното обвинителство од минатата седмица вршат истрага во Македонски народен театар (МНТ), поради сомнение за злоупотреби направени во периодот од 2015 до 2017 година, кога директор бил Дејан Пројковски. Минатата седмица инспекторите одзеле документи од правната служба. Според информациите, Пројковски се товари за злоупотреба на службената положба со сомнителна набавка...

Симона Угриновска назначена за в.д директор на МНТ

Министерството за култира ја назначи Симона Угриновска за в.д. директор на МНТ, соопшти денеска министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. -По оставката на Драган Спасов-Дац, за да може институцијата да работи непречено, за вршител на должност, според Законот дека лицето мора да доаѓа од редот на вработените, ја назначивме Симона Угриновска. Таа ќе ја извршува оваа функција сѐ додека не биде...

МНТ и Археолошкиот музеј се поплавија, Алаѓозовски најави тужби за изведувачите

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, рече дека новите објекти на Македонскиот народен театар и на Археолошкиот музеј ги имаат истите проблеми како и објектите изградени пред 60 години. Тој додаде дека поради врнежливото време, покривот на МНТ протекува. - Поради силниот ветер, се откина дел од лимениот покрив на Центарот за култура во Штип. Ситуацијата дополнително се комплицира затоа што е...

„Скопски џез-фестивал“ ќе се одржи од 13 до 16 октомври

Пијанистот Бојан Зулфикарпашиќ ќе го отвори 35. „Скопски џез-фестивал“ на 13 октомври во МНТ. Директорот, Оливер Белопета, денеска на прес-конференција соопшти дека нивна основна заложба е фестивалот програмски да го сочува исклучително високото квалитетно ниво и репутацијата што ја има во светот. Фестивалот ќе трае до 16 октомври, ќе се одржува сите четири дена во Македонскиот народен театар (МНТ), каде ќе има...

Познатиот режисер Томаж Пандур почина на проба на сцената во МНТ

Познатиот словенечки режисер Томаж Пандур (52) денеска почина ненадејно за време на проба во Македонскиот народен театар. Тој на сцената на МНТ од вчера ги почна пробите за претставата „Крал Лир“ од Шекспир. Пандур, кој од Марибор се пресели во Мадрид, е признат европски режисер, а негови најпознати претстави се „Шехерезада“, „Тесла електрик компани“, „Хазарски речник“, „Хамлет“, „Медеја“.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...