fbpx
Таг: ММФ

таг: ММФ

Гувернерката и министерката за финансии на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светскатa банка (СБ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да се сретне со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на...

Бугарката Кристалина Георгиева назначена за директор на ММФ

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја назначи Кристалина Георгиева за директор на таа институција, откако на сослушувањето таа ги убеди членовите дека е соодветна за позицијата. Кристалина Георгиева ќе стапи на функцијата на 1 октомври, а како 12. директор на финансиската институција, која е формирана во 1944 година, таа истовремено е и втората жена на чело на оваа...

Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференција за предизвиците на пазарот на трудот

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на тркалезна маса со Тао Жанг, заменикот на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, којашто се одржа во неделата, во Дубровник, Хрватска. Настанот беше организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа“. Во...

Тројца потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје

Трoојца потпретседатели на групацијата на Светска банка ќе присуствуваат на Конституенцата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ќе се одржи од 21 - 22 јуни во Скопје. Станува збор за потпретседателот на Светска банка за Европа и Централа Азија Сирил Милер, потпретседателот за човечки развој на Светска банка Анет Дискон и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација...

Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и на Светската банка ќе се одржи во Скопје

Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на Светската банка (СБ) ќе се одржи од 21 до 23 јуни во Скопје. Организатори на ова издание на состанокот се Народната банка и Министерството за финансии. Во Холандско-белгиската конституенца, покрај Холандија, Белгија и нашава земја, којашто годинава е домаќин на овој значаен меѓународен настан, членуваат и Босна и Херцеговина,...

ММФ: Владата да се фокусира на слабостите на јавната администрација, пазарот на трудот и правосудството

Структурните политики да се фокусираат на долготрајните слабости на пазарот на трудот, правосудството и јавната администрација за да се зголеми продуктивноста, препорачува Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за Македонија. „Повеќе од дванаесет години откако го доби кандидатскиот статус, прв пат аспирациите на Македонија за отварање преговори за членство во Европската Унија изгледаат надежно. Крајот на политичката криза ги заживеа...

Растот на животниот стандард најбавен во Македонија и во Србија

Во изминатите пет години, вклучувајќи ја и оваа 2018, во Југоисточна и во Централна Европа најбавен раст на стандардот на граѓаните е забележан во Македонија и во Србија, пишува српскиот весник „Данас“. Според податоците од октомврискиот Светски економски преглед на ММФ, во тој период Бруто домашниот производ (БДП) по жител измерен преку паритетот на куповната моќ, во Македонија пораснал за...

ММФ: Исправни се мерките за оддржливоста на пензиите и социјалната еднаквост

Во Министерството за финансии се одржа завршниот состанок со тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој престојуваше во земјата со цел спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија. На состанокот присуствуваше тим на Министерството за финансии, предводен од министерот Драган Тевдовски, како и гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска. Во соопштението на ММФ се наведува дека исправно е што предлог-буџетот за...

ММФ ја поздрави пензиската реформа и препорачува зголемување на продуктивноста

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, Џесмин Рахман која што предводеше делегација на ММФ како дел од редовните годишни консултации што ММФ ги реализира. „Оценките на ММФ во однос на економските перформанси на земјата се дека фискалната политика се движи во добар правец, обезбедена е макроекономска стабилност со добри перспективи...

ММФ на консултација со бизнис-секторот: Структурни реформи за економски развој

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска оствари редовна средба со шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Џесмин Рахман која е во посета на нашата земја од 8 до 16 ноември, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија. На средбата се дискутирало за предизвиците на приватниот сектор и деловниот амбиент во земјата. Арсовска ја...

Гувернерката на НБРМ ќе учествува на Регионален економски преглед на ММФ

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ќе учествува на јавното претставување на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што ќе се одржи во Копенхаген, Данска. Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, Пер Калесен преку одделни излагања ќе ги изнесат своите видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот. ММФ...

Мисијата на ММФ од утре ќе го врши редовниот годишен преглед на македонската економија

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман од утре до 16 ноември, ќе престојува во Македонија со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија. – Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта. На крајот од мисијата,...

Тевдовски: Преку инвестирање во подобри јавни услуги, ќе постигнеме одржлив развој

Македонија е прва земја во регионот која ќе воведе гарантиран минимален приход, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во своето обраќање на Годишните средби на ММФ и Светска банка. Министерот обраќајќи се на панел од високо ниво, посочи дека одржлив раст може да се постигне само преку вложување во подобар живот за граѓаните, односно преку подобар систем на социјална заштита,...

Тевдовски со Гутереш и Гурија панелисти на годишните средби на ММФ и Светска банка

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска ќе има обраќање на настан од високо ниво во рамки на Годишните средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. На панелот, на кој ќе се обрати Тевдовски, ќе говори и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој...

ММФ го намали предвидениот раст за македонската економија од 2,8 на 1,6 отсто

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“ предвидува дека економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 проценти, што е намалување во однос на претходната проценка од 2,8 отсто. ММФ за наредната година прогнозира дека домашниот бруто-производ (БДП) на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година ќе биде со годишен пораст од 3,4 отсто. Од земјите во регионот...

ММФ го надгледува спроведувањето на реформи во Србија

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска почна разговори во Белград во склоп на првото надгледување на спроведувањето на новата програма за реформи со поддршка од Инструментот за координација на политики. Делегацијата на ММФ, која во Белград ќе престојува до 4 октомври, ја предводи Џејмс Руф, а делегацијата на Србија гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ. Теми на...

Грција официјално излегува од европската програма за помош

Грција денеска официјално ќе го одбележи завршувањето на програмата за европска помош, со што излезе од една од најголемите кризи во својата историја, која исто така силно се закануваше на еврозоната. Сепак, земјата ја очекуваат уште многу потешкотии за одржување на нејзината економска одржливост. Првиот пакет за помош Грција, како членка на еврозоната, го доби во мај 2010 година, а...

Гувернерката Ангеловска – Бежоска учествува на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска - Бежоска, денеска и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми кои што го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво, информираат од НБРМ. „Денеска,...

Делегација предводена од Тевдовски и Богов на Пролетни средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Делегација предводена од министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов од денеска учествува на редовните Пролетни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка, Централната банка на Европа и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во рамки на...

Тевдовски – Соса: ММФ ќе помогне во спроведувањето на реформите

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска се сретна со новоназначениот резидентен претставник на Меѓународниот монетарен фонд ММФ во Македонија, Себастијан Соса. На состанокот било истакнато дека Македонија нема потреба од аранжман со ММФ, но Фондот ќе понуди експертска и техничка помош, со цел помагање на реформите кои се во тек и се планираат, како среднорочното буџетирање, фискалниот совет и правила...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...