fbpx
Таг: млечни производи

таг: млечни производи

Намалени цените на тестенините и млечните производи, се чека одлука за шеќерот, оризот и за јајцата

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски беа во посета на маркети за да видат дали се почитува одлуката за намалување на цените на тестенините и на млечните производи, кажа дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки и за цените на шеќерот, јајцата...

Од утре тестенините и млечните производи со намалени цени, инспекторатот најавува контроли и казни

Одлуката на Владата за намалување на цените на тестенините и на млечните производи се донесоа пред речиси една недела, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила. Во маркетите граѓаните ќе можат да купат за 15 отсто поевтини тестенини и за 10 отсто поевтини млечни производи. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најавува дека од утре инспекторите ќе бидат на терен...

Битиќи: Трговците сè уште не ги намалиле цените на тестенините и на млечните производи, имаат рок уште два дена

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања денеска изјави дека според информациите со кои располага, трговците сè уште не ги намалиле цените на тестенините и на млечните производи. Инаку, намалувањето треба да стапи во сила на 16 март, но дотогаш им беше оставен простор на трговците да се подготват и дел од нив, доколку се во можност, предвреме да ги намалат...

Од 800 до 10.000 евра казна ако не се почитува одлуката за цената на тестенините и на млечните производи

Казните за непочитување на владината одлука за намалување на цените на тестенините и на млечните производи ќе изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од видот и големината на економскиот оператор, соопшти Државниот пазарен инспекторат. Инаку, цената на тестенините ќе се намали за 8-9 денари, односно минимум за 15 отсто, а намалување на цените од најмалку 10 отсто ќе...

Се намалуваат цените на тестенините и на млечните производи

Цената на тестенините ќе се намали за 8-9 денари, односно минимум за 15 отсто, а намалување на цените од најмалку 10 отсто ќе има и за млечните производи, соопштија на заедничката прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши. Цената на шпагетите и макароните ќе се намали од 13 март и ќе биде на сила до 31 мај,...

Цените на тестенините од утре ќе се замрзнат, најавува Бектеши

По замрзнувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари од почетокот на март, министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека од утре ќе се замрзнат цените на тестенините, при што тој очекува во маркетите овие производи да се продаваат по цени пониски за над 10 отсто. Бектеши денеска најави дека се во постојана комуникација со производителите на...

Граѓани пријавуваат расипана храна поради исклучени фрижидери во маркети

Млечни производи, месо, но и спанаќ и грашок. Ова се само дел од продуктите кои граѓани ги купиле расипани, иако не им би поминат рокот на употреба. Тие периодов ги пријавуваат овие случаи во Организацијата на потрошувачи (ОПМ), од каде што за Мета.мк појаснуваат дека тоа е така затоа што во маркетите се икслучуваат фрижидерите од струја за да...

СКМ: За подобар пазар со млечни производи потребна е и постојана едукација на сите чинители

Унапредувањето на пазарот на млечни производи во земјата не подразбира исклучиво инвестиции во агроиндустрискиот комплекс, туку и континуирана едукација на сите засегнати страни во комплексниот процес на млекопроизводството, почнувајќи од фармерите и самите млеко-преработувачи, преку дистрибутерите и трговците, па сè до крајните потрошувачи. Ова беше истакнато на денешната прес конференција во Стопанската комора на Северна Македонија (СКМ): „Значењето на...

УСАИД годинава одбележува 25 години од работата во Македонија

Американската агенција за меѓународен развој во Македонија, УСАИД, годинава одбележува 25 години од работата во Македонија. Во партнерство со граѓаните, институциите, компаниите, здруженијата и организациите, УСАИД поддржа различни проекти, за да го подобри квалитетот на животот на граѓаните. Меѓу првите проекти на УСАИД, беше проектот „Од земјоделец на земјоделец” во 1993 година. „Целта на овој проект беше поддршка на растот на економијата, имајќи го предвид...

Пад на грчкиот извоз и на малопродажбата

Грчкиот извоз се намалил за 8,1 отсто во првата половина од 2016 година. Годинешниот извоз се смета дека е на најниско ниво од 2012 година досега. Ако лани истиот период профитот од извезувањето грчки производи бил 12,8 милијарди евра, годинава тој е 11,9 милијарди евра. Од Грчката конфедерација на извозници коментираат дека драстичниот пад од една милијарда евра во грчкиот извоз е...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...