fbpx
Таг: младински политики

таг: младински политики

Османи на Младински форум: Решителноста на младите може да поттикне промени

Резултатите, идеите и препораките на младите ќе бидат дел од дневниот ред и на Министерскиот совет, највисокото тело за одлучување, кој ќе се одржи на крајот на овој месец во Скопје, им рече денеска на младите претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи кој во присуство на младински претставници од земјите-учеснички во ОБСЕ ја отвори Конференцијата...

10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, останува предизвикот младите да се вклучени во сите процеси

Создаден во 2013 година како можно решение на многуте предизвици со кои тогаш се соочуваа младите во земјава, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изминативе години остана доследен на целта на своето постоење. Оттогаш до денес се променија многу нешта, а младите имаа можност да бидат консултирани во делот на политиките, се донесе закон за младинско учество, се имплементираше...

Националниот совет за евроинтеграции ги усвои препораките за поквалитетни работни услови за младите

Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) на својата деветта седница ја разгледа анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и ги усвои препораките од истата, соопшти ИДУЕП. Препораките содржани во документот вклучуваат квалитетни работни места за младите, соодветни плати, законско регулирање на работата од дома,...

Дебата на ИДУЕП: Се подготвува законска можност за работа од далечина

Во последниот период сè погласно се говори за нов Закон за работни односи, од кој, со воведувањето на можноста за работа од дома и работа од далечина, токму младите со стекнати дигитални вештини и знаења ќе го имаат најголемиот бенефит, истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на втората јавна дебата посветена на подигање на јавната свест...

Претседателот Пендаровски со Мартин Шулц разговарал за образовните и младинските политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Мартин Шулц, претседател на фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот Парламент, кој престојува во Скопје заради учеството на вториот Социо-еколошки форум. На средбата се разговарало за севкупните активности на фондацијата во регионот и во Република Северна Македонија, како и за актуелните случувања во поширокиот регион, вклучувајќи ја руската инвазија врз Украина...

Младите се засегнати од палењето депонии и кучиња скитници исто колку и за општинските инвестиции во културата

Потребна е поблиска соработка помеѓу младинските службеници на општините и младите. Воедно треба да ја оставиме застарената пракса да ги „врзуваме“ младите исклучиво за младински проблеми. Младите се хетерогена група која подеднакво е засегната со проблемот со палење на депонии, кучиња скитници, колку што е засегната со колку општината инвестира во култура, спорт забава и слично, изјави Јоана Тренеска...

Младинските организации се сретнаа со градоначалникот Шилегов

На иницијатива на Град Скопје, Националниот младински совет на Македонија денеска одржа консултатитвна средба за приоритетите и потребите на младите од главниот град. На средбата во канцелариите на „МладиХаб“ присуствуваа претставници од неколку младински организации кои пред градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ги истакнаа своите мислења за градските младински политики, но и укажаа каде градот може и треба да...

Вестминстер: Политичките партии ги сметаат младите за реципиенти на политики, наместо актери на нивно креирање

Во програмите на партиите и коалициите за парламентарните избори 2020 постои тенденција на младите да се гледа примарно како на реципиенти на политики, а многу помалку како актери во нивното создавање и имплементација. Со други зборови, на младите им се придава пасивна улога, што е евидентно не само според начинот на артикулација на самите политики, туку и според самата...

Анкета на „Младите можат“: Загадувањето најголем проблем за младите од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

Скоро половината од младите испитаници на анкетата која ја спроведе граѓанската организација „Младите можат“ одговориле дека се делумно задоволни од животот во општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров. Од 2 до 11 проценти се изјасниле дека воопшто не се задоволни. Истражувањето било спроведено во ноември и декември 2020 година, со лица од 15 до 29 години, во трите општини. „Генерално,...

Младинските организации бараат државата активно да ги вклучи во градењето младински политики

Меѓународниот ден на младите, 12 август е ден кој е посветен на подигнување на свеста за младите. Обединетите нации овој ден го прогласува за ден на младите, препознавајќи ја нивната улога во подобрување на човековите права и слободи. По повод денот на младите, Мета.мк разговараше со неколку од младинските организации во државата. Тие се согласни дека пандемијата несомнено влијаеше врз...

Владата на САД обезбеди 16 милиони долари за анти-корупција, иницијативи за млади и економска конкурентност

Претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски и министерката за финансии Нина Ангеловска го потпишаа договорот, со кој владата на Соединетите Американски Држави (САД) обезбеди 16 милиони американски долари наменети за намалување на корупцијата, подобро интегрирање на младите во општеството и зголемување на економската конкурентност во земјава, се наведува во соопштението на УСАИД. Со договорот ќе се поддржат активности на...

Донесен Законот за младинско учество и политики за поголема вклученост на младите во носењето одлуки

Со консензус од партиите на власт и опозицијата, во Собранието се изгласа Законот за младинско учество и младински политики кој треба да донесе поголема вклученост на младите во носењето одлуки преку Национално собрание на млади, локални младински совети и собранија и повеќе сервиси за младите. Целта на законот е да обезбеди креирање и спроведување на политика на млади на сите...

Реактор ја промовираше веб-страницата за млади „Млади низ бројки“

Невладината Реактор - истражување во акција организираше настан под мотото „Да зборуваме за млади – Што е планот?“ на кој беа присутните беа дел од пет различни дискусии на теми и прашања кои ги засегаат младите, како што се образование, невработеност и социјални политики, граѓанско учество, здравје и релевантни алатки за младинско застапување. Во рамките на дискусиите, Блажен Малески од...

Гасификацијата и законот за оружје денеска на владина седница

Владата денеска ќе ја одржи 60. редовна седница која ќе почне во 15 часот, по завршување на 59. тематска седница посветена на младинските политики, информираат од таму. На денешната владина седница ќе биде разгледана и информација за рокот и проблемите при реализација на сите проекти од примарната гасификација, како и за секундарното гасифицирање во државата. На предлог на Министерството за внатрешни...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...