fbpx
Таг: млади

таг: млади

Во ек на енергетската криза, Струга ги повикува младите да возат велосипеди [фото]

Во време кога Северна Македонија се соочува со енергетската криза, младите во Струга се активираа за промоција на еколошки решенија за намалување на енергетската зависност. Тие вчера беа дел од акција за подигање на свеста која ги мотивира младите што повеќе да го употребуваат велосипедот како еден идеален начин кон еколошка иднина. Оваа акција исто така имаше и информативна цел...

Тренчевска: Во закон се воведува работа од дома и на далечина, значајна новина за младите

Во предлог-законот за работни односи се воведува работа од дома и работа и далечина, нешто што е посебно значајно за младите, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на денешната дискусија „Родовата еднаквост - клуч за економскиот раст на државата“, организирана од Европската бизнис асоцијација. Панелистките дискутираа за родовата еднаквост во нашето општество и за работните места, во...

Студентски лидери: Младите треба да добијат шанса да ги менуваат институциите – решенија за „билетот во еден правец“

Институциите целосно да се отворат за младите и нивните барања и идеи, а студентите со конкретни активности за подобрување на јавните услуги да покажат дека навистина има што да понудат за позитивна промена во општеството – беше заклучено на дебатата насловена „Билет во еден правец - Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“. На јавниот настан кој беше...

Нов CtrlZ предизвик – видео конкурс: Образованието во фокус, крени глас за проблемите на час

Фондацијата Метаморфозис објавува #CTRLZпредизвик за млади: Образованието во фокус, крени глас за проблемите на час – конкурс за најдобро видео на тема „образование“. Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 14 до 29 години.  Учесниците на конкурсот треба да создадат кратко видео на тема „образование“ во кое ќе претстават одреден проблем од основното, средното или високото образование.  Како...

Гир: Над 2 милиони ученици заминале од Украина без можност да го завршат образованието

Со руските ракети се оштетени над 2.700 училишта во Украина, комплетно се срамнети со земја над 100 образовни институции, а над два милиони украински ученици заминале од земјата без можност соодветно да го завршат образованието. Ова на денешната панел дискусија по повод годишнината од руската инвазија во Украина, го посочи евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, зборувајќи за штетите од војната...

Националниот совет за евроинтеграции ги усвои препораките за поквалитетни работни услови за младите

Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) на својата деветта седница ја разгледа анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и ги усвои препораките од истата, соопшти ИДУЕП. Препораките содржани во документот вклучуваат квалитетни работни места за младите, соодветни плати, законско регулирање на работата од дома,...

Над 80.000 лица од земјава се вклучија во програмите за вработување преку „Гаранција за млади“

Северна Македонија е предводник меѓу државите од Западен Балкан во спроведувањето на рамката на политики „Гаранција за млади“, која им овозможува на младите лица до 29 години кои не се вработени, да се вклучат во некоја од активните програми за вработување. Ова беше истакнато на конференцијата посветена на гаранциите за млади во земјите од Западен Балкан што се одржа...

Познати соговорниците на дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“

Дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“ ќе се одржи на 22 февруари (среда), со почеток од 18 часот, во Јавна соба во Скопје. Настанот е од отворен тип, а на него ќе говорат Тамара Димитрова - предавач на Brainster Next College, Петар Фидановски - советник за ИТ стандардизација во Министерството за информатичко општество и администрација, Нино Карас...

Има ли разбирачка со чет-ботови – дознајте на дебатата за млади

Чет-ботовите се компјутерски програми дизајнирани да симулираат разговор со друг човек на Интернет. Како такви, можат  да бидат интегрирани на вебсајтови, платформи за пораки и мобилни апликации и да обезбедат брзи и автоматизирани услуги за клиентите, да извршуваат рутински задачи или едноставно да нудат информации и препораки. Последните неколку години, а особено по лансирањето на „ChatGPT“, чет-ботовите станаа една од...

Одржана тридневна обука „Новинарство засновано на податоци и визуелизации“

Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists - ICFJ) од 8 до 10 февруари ја спроведоа тридневната обука на англиски јазик „Новинарство засновано на податоци и визуелизации“. Во обуката што се одржа во Скопје учествуваа 13 млади лица, првенствено студенти и млади новинари од Скопскиот и од Полошкиот регион. Обуката ја реализираа тројца новинари,...

Успешно одржан хакатонот #РешиПроблем на „Младите можат“

Пет тимови составени од млади луѓе од целата држава имаа за задача да оформат решение со коешто ќе решат проблем од нивната заедница во рамки на хакатонот #РешиПроблем 2023 што го организира Здружението на граѓани „Младите можат“. Од сите решенија биле одбрани две, што добија поддршка од по 60.000 денари за имплементација на решенијата, но и менторска поддршка за целосниот...

Нема докази за поврзаност меѓу мозочните удари кај младите и ковид вакцината

Постот што го рецензираме е со пропуштен контекст. Мозочните удари кај младата популација не се поврзани со вакцинацијата против ковид-19. Всушност, во прилогот кој е даден како поткрепа за ова неаргументирано тврдење за поврзаност меѓу вакцините и мозочните удари, воопшто не се спомнуваат вакцините и нема информации дали и колку пациенти биле вакцинирани против ковид-19.  За тоа дека постоел...

Во тек е повикот на НМСМ за обуки за млади невработени лица или ангажирани во социјални претпријатија

Во тек е повикот наменет за млади лица за учество на обуки кои Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ги спроведува во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“. Преку проектот ќе се одржат вкупно 12 обуки наменети за млади вработени во социјални претпријатија и невработени млади лица од ранливи групи, со цел да се намалат и неутрализираат предизвиците...

Дебата: Какви вештини им се неопходни на младите за да бидат конкурентни на пазарот на труд?

Што им е неопходно на младите за да бидат конкурентни на пазарот, што прави државата на ова поле и какви податоци од терен носат невладините организации и граѓанскиот сектор, беа дел од прашањата што се најдоа во фокус на дебатата „Способностите на младите луѓе и потребите на пазарот: Какви вештини се неопходни?“ што се одржа во Europe House Скопје,...

Во 2023 година, сè уште зборуваме за нефункционални училишни тоалети, реагира МОФ

Македонскиот образовен систем е нефункционален, со години наназад властите – минати и сегашни постојано нѐ уверуваат дека образованието е иднината и дека образованието е клучниот рецепт за успех на една држава. Сепак, тоа за жал е само декларативно, а рецептот е очигледно неуспешен. Ова е ставот на Младинскиот образовен форум (МОФ) по повод денешниот Меѓународен ден на образованието. „Второто полугодие...

Националниот младински совет со повик за кариерно советување за млади

Поддршка на млади лица кои се во дилема за изборот на кариера, факултет, професија, но и за млади кои веќе имаат успешна кариера, а сакаат промена, ќе биде обезбедена преку програмата за кариерно советување во рамки на проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста на младите“ на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Првата група која ќе биде опфатена преку оваа...

Телефони на преклопување – новата „винтиџ“ опсесија на Генерација Зед

По камерита за еднократна употреба и фармерките со низок струк, најновата „винтиџ“ опсесија на младите од Генерација Зед станаа телефоните на преклопување чија популарност доминираше кон средината на 1990-тите години, пишува Си-ен-ен. Денес, овие мали и лесни уреди, некои достапни и за само 20 американски долари кај продавачите на Амазон и Волмарт, се појавуваат во видеа на млади луѓе на...

Анкета: Половина од вработените од Генерацијата Зед се чувствуваат исцрпено барем еднаш неделно

Загрижувачки ментални и физички потешкотии чувствуваат редовно младите работници од Генерацијата Зед. Анкетно истражување за менталното и емоционалното здравје што вклучило над 1.000 млади професионалци покажува дека околу 53 отсто од нив рекле дека се чувствуваат исцрпено на работа барем еднаш неделно, пишува The Hill. И додека половина од младите испитаници пријавуваат ментални и емоционални тешкотии на работното место, повеќето...

Младите со огромен интерес да создаваат развој во општините каде живеат

Еколошкото здружение „Гоу Грин“ и годинава успеа да го привлече интересот на над 400 млади луѓе кои ги дадоа своите идеи и прелози за зелени општини. Младите имаат интерес да се вклучат во развојот на општините каде што живеат, а локалните самоуправи се должни да им обезбедат простор да се искажат и финансии за да се реализираат младинските барања,...

ДЕБАТА: Политичарите разговараа со младите за како да се подобри нивниот стандард

Корупцијата како главна причина за иселување на младите од земјава, состојбата со студентскиот и ученичкиот стандард, мерките што државата ги презема за подобрување на состојбата на младите, беа дел од темите што се најдоа во фокус на настанот „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“ во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата...