fbpx
Таг: мјанмар

таг: мјанмар

Соборената лидерка на Мјанмар осудена на четири години затвор од воениот режим

Аунг Сун Су Чи, добитничка на Нобеловата награда за мир и поранешна премиерка на Мјанмар која беше соборена од војската, осудена е на четири години затвор, јавуваат светските медиуми. Су Чи беше симната од власт со воениот пуч што се случи во февруари годинава во Мјанмар. Војската тогаш ја презеде власта, уапси над 10.600 лица, додека најмалку 1.303 лица беа...

Мјанмар го блокираше Фејсбук поради повици за граѓанска непослушност

Поради објавување повик за граѓанска непослушност, новата воена влада во Мјанмар го блокираше пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, неколку дена откако ја соборија демократската влада и ја преземаа власта. Граѓанската непослушност доаѓа по пучот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Ќи. Мобилниот оператор Теленор Мјанмар кој е дел од норвешката група Теленор потврди дека мобилните оператори...

Гутереш: Раселувањето на Рохинџа-муслиманите е етничко чистење

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, денеска ги повика властите во Мјанмар да ги прекинат воените операции и да стават крај на насилството кон муслиманите Рохинџа, нагласувајќи дека целата ситуација го дестабилизира регионот. Гутереш истакна дека раселувањето на речиси една третина од вкупната популација на муслиманскиот народ Рохинџа во Мјанмар може да се нарече етничко чистење. Околу 370.000 муслимани Рохинџа...

ОН: 87.000 лица од Мјанмар побегнaле во Бангладеш

Од 25 август, кога почнаа судирите во Мјанмар, во Бангладеш стигнале вкупно 87.000 бегалци, претежно припадници на муслиманскиот народ Рохинџа, соопштија Обединетите нации. Светските агенции наведуваат дека преполни се камповите во Бангладеш со Рохинџа-муслимани. Во текот на претходната недела, повеќе од 2.600 куќи се запалени на северозападот на Мјанмар, во областа каде живеат Рохинџа-муслимани, соопшти претставник на УНХЦР. Властите на Мјанмар за...

Нападната полицијата и војската во Мјанмар

Муслимански екстремисти, вооружени со пушки и мачети ги нападнаа силите за безбедност на Мјанмар на неколку полициски и гранични пунктови. Убиени се 71 лице. Локалната полиција наведела дека истовремено се нападнати 26 пунктови. Убиени се 12 граничари, но, и 59 напаѓачи, а полицијата наведува дека сè уште им пристигаат податоци за жртви. Нападите се случиле во текот на ноќта во...

Сто илјади лица се раселени во Мјанмар поради поплавите

Најмалку две лица загинаа во поплавите во Мјанмар, а повеќе од 100.000 се раселени поради надојдената вода, која со себе однела и еден будистички храм, јавуваат медиумите, повикувајќи се на изјави на очевидци. Нивото на водата се зголеми откако на почетокот на јули почнаа монсумските дождови. Локалните власти и хуманитарните служби соопштија дека дел од населението се повлекло во повисоките подрачја или...

Исчезна воен авион со 116 лица во Мјанмар

Воен авион исчезна од радарот на Мјанмар, соопшти шефот на војската на таа земја, а аеродромски извори наведуваат дека во авионот имало 116 лица, односно 105 патници и 11 членови на екипажот. Комуникацијата со леталото ненадејно прекинала околу 13.35 часот (9.05 часот по централноевропско време), рече генерал Мин Аунг Хлаинг. Контактот со авионот е прекинат додека ја надлетувал областа Давеиј, на...

Силен земјотрес регистриран во Централен Мјанмар

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Мјанмар. Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на околу 25 километри западно од градот Чаук, на длабочина од 84 километри. Засега нема информации за причинета штета, а земјотресот се почувствувал и во главниот град на Тајланд, Бангкок.

Мјанмар: 90 загинати во одрон кај рудик

Најмалку 90 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во близина на рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека починатите пред несреќата го пребарувале ридот од отпад што го направиле багерите што ги користи рударската компанија. - Досега се пронајдени 90 тела. Пронаоѓаме само трупови, а никој не знае колку луѓе имало на ова место - изјави...

Во поплавите во Индија загинале повеќе од 100 луѓе

Во монсунските дождови во Индија, изминатата недела животите ги загубиле повеќе од 100 луѓе, а десетици илјади побарале засолниште во некој од прифатните кампови, соопшти денеска индиското министерство за внатрешни работи. Во циклонот што ја зафатил државата Западен Бенгал, загинале 48 лица, а повеќе од 200.000 се наоѓаат во камповите за помош. Индија редовно страда од поплави за време на сезоната на монсуни. Во...

Мјанмар прогласи вонредна состојба поради големите поплави

Претседателот на Мјанмар прогласи вонредна состојба во четири региони во државата поради поплавите во кои животите ги загубија 27 луѓе, јавуваат светските медиуми. Монсунските дождови кои врнат веќе неколку недели го поплавија поголемиот дел од Мјанмар, земја која, исто така, е позната под името Бурма. Според медиумските извештаи, илјадници луѓе побарале засолниште во будистичките манастири во земјата. Според некои информации, припадници...

Мјанмар ослободи близу 7.000 затвореници во пресрет на изборите

Властите на Мјанмар помилувале и ослободиле околу 7.000 затвореници, меѓу нив и 210 странци, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на официјални информации од владата. Амнестијата, која, според министерството за информации, била иницирана од претседателот од „хуманитарни причини“, доаѓа пред изборте во Мјанмар, кои се закажни за ноември. Сепак, пренесува „Би-Би-Си“, сè уште не се знае дали меѓу помилуваните се бурманските политички затвореници. Од...

Во Мјанмар почна самитот на АСЕАН

Лидерите на земјите од Југоисточна Азија денеска се собраа во Мјанмар на Самитот на Сојузот на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), кој ќе биде насочен на зајакнување на регионалната соработка и на решавањето на територијалните спорови во регионот. Самитот на групата, која ја сочинуваат Брунеи, Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур, Тајланд, Виетнам, Лаос и Мјанмар, го отвори мјанмарскиот претседател Тиен Сеин,...

Самитот на АСЕАН во Мјанмар ќе го обезбедуваат 20.000 полицајци

Шефот на мјанмарската полиција денеска најави дека ќе биде зајакната и контролата на аеродоромите и на сите гранични премини
Повеќе од 20.000 полицајци ќе го обезбедуваат претстојниот самит на шефови на држави или влади на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), што ќе се одржи од 12 до 15 ноември, во престолнината на Мјанмар, Јангун. Шефот на мјанмарската полиција денеска најави дека ќе биде зајакната и контролата на аеродоромите и на сите гранични премини. Покрај шефовите на држави или влади...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...