fbpx
Таг: Мицкоски

таг: Мицкоски

Оливер Андонов објави фракција во ВМРО-ДПМНЕ и побара оставка од Мицкоски

Поранешниот министер за внатрешни работи за еден ден, Оливер Андонов, со група приврзаници, објавија фракција за демoкратизација и реорганизација на ВМРО-ДПМНЕ и побараа оставка од партискиот претседател Христијан Мицкоски, јави Радио Слободна Европа. На прес-конференцијата пред централата на ВМРО-ДПМНЕ, Андонов побара Мицкоски да си поднесе оставка и така да го отвори патот за „демократски промени“ во партијата. „Основните политички цели кои...

Владата го повика Мицкоски да престане да шири клевети и навреди врз институциите

Владата реагира дека опозицијата преку претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, врши притисок врз институциите при што организираните активности за враќање на македонските граѓани во нашата земја и за нивно сместување во државни карантини ги нарекува „уништување на државата”. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа со директни пораки преку апликацијата Телеграм упати неосновани обвинувања и притисоци врз генералниот секретар на владата Драги Рашковски,...

Контраспин: Не се прави изборна кампања врз корона вирусот

Една од границите во етичка смисла, во изборната кампања е воздржување од хушкачки говор кој може да предизвика паника и ширење на дезинформации за сериозни состојби кога станува збор за јавното здравје или за природни непогоди или катастрофи. Со други зборови, преку болештини, изборна кампања не се тера, а токму тоа, со спин и дезинформација, вчера на два пати...

Недела на неизвесности, предизборни блефови и проѕирни закани

Неизвесноста околу распишувањето на изборите изминатава недела повторно ја поткрена атмосферата во македонската политичка јавност. Експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев,  деновиве  најави дека е можно одложување на распишувањето на вонредните парламентарни избори договорени за 12 април, а најголемата опозициска партија возврати со иницијатива за распуштање на Собранието. Можноста за одложување на датумот за распуштање на парламентот (официјалното распишување...

Контраспин: Што ако Мицкоски бил германски стипендист – и Орбан бил стипендист на Сорос, па го избрка од Унгарија

На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, која се случи во рамките на Конгресот на Европската народната партија (ЕПП) во Загреб, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето на Борисов за ставот во однос на евроатланските интеграции, ја даде следната изјава „Вистиономер.мк“ ја оцени како спин: Тука не треба да има дилеми. Јас сум човек кој бил стипендист на...

Контраспин: Од 2008 година единствен услов за НАТО беше договор со Грција за името

Со неверојатна леснотија многу често се скокаат фактите во политичката борба за освојување на власта, па така, деновиве бевме сведоци дека за Христијан Мицкоски договорот со Грција за промена на името не бил услов за влез во НАТО, пишува Теофил Блажевски, во рубриката „Контраспин“ во „Вистиномер.мк“. Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле го изрече следниот спин: Спин: Го обезбедија членството...

„Македонизмот“ на Мицкоски е спротивно на „Македонија, пристојно место за живеење“

Македонскиот идентитет никој не го укинал за Мицкоски да го враќа, а македонизмот како систем на вредности е сосема спротивно од разбирањето на Македонија како „пристојно место за живеење“, пишува Теофил Блажевски во рубриката “Контраспин“ на „Вистиномер.мк“. Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи на средба со граѓани во Крушево, го изрече следниот спин: Зборувам секаде ајде доста...

„Вистиномер.мк“: Аргументите на Мицкоски за „погрешниот“ попис се спин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Телма од 10 јуни оваа гоидна изрече став, кој „Вистиномер.мк“ го оцени како извртена вистина, т.е. спин: - Денеска според оваа методологија која што е избрана и која што се обидуваме да ја протуркаме на брза трака во рамките на Собранието, се попишуваат сите оние кои имаат матичен број во Република...

Неделна анализа: Притвори, тепачки, тероризам и политика

Во период од неполни три дена во земјава се случија редица настани поврзани со последните месеци од владеењето и одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да замине од власт. За да остане на власт оваа партија пред две години реши да се стави над Уставот и да продолжи да владее со помош на насилство маскирано со упад на „народот“ во Собранието, а...

Армадило + армада = армадила, си измисли математички прецизниот Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 05.12.2018 на протестот пред Владата, упатувајќи критики кон власта го кажа и следното: Ќе сретнете армадила на гласноговорници кои што се скапо платени со жолтици народни пари. Кои што ќе ве убедуваат дека црното не било црно туку било бело… „Вистиномер.мк“ пишува дека овој збор, којшто Мицковски го употребува многу често во своите настапи, не...

Контраспин: Петте струмички студенти, петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Барањето за амнестија може да биде поставено, но само откако сите ќе дознаеме што навистина се случи на 27 април 2017 година. А, да се споредуваат тие настани, петте обвинети пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и петте стрелани струмички студенти во 1951 г. е неумесно, невкусно и калкулантски, пишува „Вистиномер.мк“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од говорот на протестниот марш на неговата партија во...

Мицкоски: Договорот на Заев е капитулација, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи

Ако постигнатиот таканаречен договор на Зоран Заев е прифаќање на промена на уставот, и внатрешна и надворешна употреба на новото име, тогаш тоа е договор на Зоран Заев за капитулација, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференцијата веднаш по обраќањето на премиерот на која ја соопшти веста за постигнатиот договор за името. - Зоран Заев покажа нестабилност, недостоинственост,...

„Вистиномер“: Мицковски спинува со долгорочните ветувања на СДСМ

Манипулација е и спинување ако ветувања на една политичка партија дадени за до крајот на мандатот, друга политичка партија и ги предочува како неисполнети во рок од една година од преземањето на власта. А, Мицкоски го прави токму тоа, се вели во анализата што ја објавува „Вистиномер“ за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која ја оценува како...

Мицкоски побара предвремени избори догодина, Анѓушев вели дека тоа не е добро за економијата

На протестот пред Владата, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара предвремени парламентарни избори кои би се одржале догодина заедно со престедателските. - Избори мора да има! Предвремени парламентарни избори заедно со претседателските мора да има. Ајде да подготвиме чист и еднаков терен за сите политички партии. Ајде да избереме Претседател на ДИК на предлог од опозицијата. Ајде да формираме техничка...

Заев побара поддршка од сите за името Република Илинденска Македонија

Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси, ги информирав претседателот на државата, претседателот на Собранието и претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за сите детали од преговорите и известив дека владите на Република Македонија и Република Грција разговараа за опција и решение кое може да биде прифатливо за двете страни, рече во обраќањето по лидерската средба премиерот Зоран...

Лидерска средба за името денеска во 13 часот

Премиерот Зоран Заев за денеска во 13 часот во Клубот на пратеници во Скопје најави дека ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање. На средбата во Клубот на пратениците...

Заев – Меј: Опцијата за името која би можела да биде прифатлива, е комплетно решение

Тереза Меј, првата премиерка од Обединетото Кралство што доаѓа во Македонија по скоро 2 децении, рече дека Македонија е интегрален дел од Европа и вети подршка за македонските евроинтеграции. Меј која со сите почести беше пречекана во Владата, во врска со спорот со името порача дека е значајно тоа што Македонија пружала рака кон својот сосед, но дека за решение ќе треба...

Лидерска средба за името ќе има, но во термин кој на сите им одговара

Лидерска средба ќе се одржи во термин кој им одговара на сите политички субјекти кои се дел од овој вид средби. Додека се утврди термин кој одговара за сите, лидерот на опозицијата може да побара средба со премиерот, велат за МИА од Владата во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за итна лидерска средба за преговорите за името. - Владата на...

Утре прва расправа и гласање за (не)доверба за владата на Зоран Заев

Собранието на својата веб-страница го објави барањето на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на доверба на Владата, а собранискиот спикер, Талат Џафери, потврди дека расправата ќе се одржи утре. „Единствени проекти коишто ги спроведе Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам“, пишува...

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...