fbpx
Таг: Митко Чавков

таг: Митко Чавков

Андонов: Да сакаше, Чавков ќе направеше државен удар додека протестираа „шарените“

Тука сме да ѝ порачаме на антимакедонската партија СДС, дека знаеме оти сето она што го прават последниве денови не се базира на докази и на аргументи, туку на лажни обвинувања кон нашата партија и нашите пратеници, рече Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, во своето обраќање на вечерашниот протест на партијата пред Кривичниот суд во Скопје. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ трет ден одржува...

Чавков, Дурловски, Илиевски добија притвор од 30 дена, шест лица добија куќен притвор

Основниот суд Скопје 1 денеска преку соопштение информираше дека за насилствата во Собранието на 27 април годинава, по барање на ОЈО за организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на 13 лица им определил притвор во траење од 30 дена, додека на шест лица им е определен куќен притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи...

И Чавков доби 30-дневен притвор, спроведен е во затворот во Шуто Оризари

Кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, по што е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Иста мерка е одредена и за полицискиот службеник Мунир Пепиќ и за оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од организаторите на...

Чавков и 35 лица се товарат за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ја завршило предистражната постапка за насилствата во Собранието од 27 април оваа година и отворило истрага против вкупно 36 лица. „По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36 лица поради основано сомневање за сторено...

Утрово приведени Чавков, Мукоски и актерот Јовановски

По налог на јавен обвинител, рано утрово приведен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, дознава „Мета“ од извори на истрагата. Приведувањето е во рамките на истрагата за насилствата од 27 април годинава во Собранието. Во тој момент, Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите „За...

ОЈО Скопје почна истрага за тепањето на студентите на ланските студентски избори

Основното јавно обвинителство Скопје по 16 месеци почна постапка за расветлување на упадот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР во просториите на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по минатогодишните студентски избори. Обвинителството постапува по кривичната пријава што тогаш ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права против поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко...

Тони Јакимовски обвинет во „Тврдина“ разрешен од позицијата директор на СЕЛЕК

Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и обвинет во случајот „Тврдина“ на СЈО, денеска бил разрешен од позицијата директор на СЕЛЕК - организација за борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа, со седиште во Букурешт. Јакимовски бил разрешен на барање на македонското министерство за внатрешни работи. На тајното гласање,...

Горан Николовски – шеф на УБК, Лазо Велковски – на БЈБ, Владата донесе предлог за смена на Зврлевски

На седницата што се одржува попладнево, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, и ги избра новите  директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, односно деловите на МВР кои се задолжени за полициските сили и за тајната полиција и за контраразузнавањето. Горан Николовски...

Спасовски уште се консултира, новите шефови на УБК и на БЈБ ќе бидат познати утре или задутре

Премиерот Зоран Заев денеска изјави оти очекува дека в четврток или петок Владата ќе ги разреши старите и ќе ги избере новите директори на Управата за безбедност и за контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Како што рече Заев, сè уште траеле консултациите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кандидатите за директори на најважните организации...

Владата денеска треба да ги разреши Чавков и Атанасовски и да именува нови директори на УБК и на БЈБ

Новата Влада денеска треба да одржи седница на која, според најавите, на дневен ред ќе биде разрешувањето на актуелните директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Владимир Атанасовски и Митко Чавков. Ќе се расправа и за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето на фондовите од ЕУ, како и за...

Спасовски сè уште размислува кои да ги предложи за директори на УБК и на БЈБ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, сè уште не донел одлука кого ќе предложи за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а кого за Бирото за јавна безбедност. - Сум размислувал и ќе размислувам за ова прашање и во наредните денови, а кога ќе донесам одлука, ќе ѝ ја соопштам на јавноста - рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање...

Нухиу: Што поскоро полицијата да се стави во служба на сите граѓани и на државата

Министерството за внатрешни работи денеска во кругот на објектот на МВР со пригодна свеченост го одбележа 7 Мај, Денот на македонската полиција. На свеченоста присуствуваа министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, Митко Чавков и Владмир Атанасовски, и други високи функционери на МВР, како и роднини на загинатите...

Нухиу поднел барање до Владата да се разреши Митко Чавков од БЈБ

Враќање назад нема, работите мора да се расчистат докрај и секој ќе одговора за своите постапки, порача министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на денешната прес-конференција во МВР, на која соопшти дека до Владата поднел барање да се разреши Митко Чавков од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност, и порача дека формирал оперативен штаб што ќе ја испитува одговорноста...

СДСМ: Чавков ќе одговара за служењето на Груевски

СДСМ вечерва порача дека директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, ќе одговара што не ги вршел функциите, туку, како што велат од партијата, му служел на Груевски. „Митко Чавков како раководител на оперативен штаб во МВР бил достапен за Никола Груевски во моменитите на насилното крваво сценарио во Собранието, а не бил достапен за никој друг...

Димитриев: Не се согласувам со Нухиу, Чавков ја има мојата доверба и почит

Го осудувам насилството од секој облик, физичкото насилство врз пратениците, насилството кое го доживееја и граѓаните и насилството врз процедурите, деловникот, законот и Уставот, изјави техничкиот премиер Емил Димитриев, кој апелираше на смиреност и на разумност кај сите политички партии и граѓани. - Би сакал повредените што побргу да оздрават и враќање на состојбата во нормала. Го осудувам интонирањето на...

СДСМ: Никој, па ни Чавков, нема да избегне одговорност

СДСМ со соопштение реагираше на денешната прес-конференција на Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност, кој порача дека полицијата реагирала соодветно, откако биле потребни мерки од нејзината страна. Партијата порача дека и Чавков е извршител на вчерашното дивеење, заедно со Никола Груевски, Ѓорге Иванов и со Трајко Вељаноски. „Никој нема да ја избегне одговорноста за своите постапки. Непрофесионализмот и негрижата...

Чавков се правда: Никој не ми кажа дека ќе се избира претседател на Собранието

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност, попладнево одржа прес-конференција на која даде свое видување на вчерашните настани во Собранието. Тој се пожали дека не бил известен дека ќе се прогласи нов претседател на Собранието и вели дека полицијата немала сознанија и најави за можни инциденти. Тој нагласи дека требало време да се процени зошто било избран моментот...

Нухиу: МВР и Чавков се одговорни за нередите во Собранието, јас се повлекувам

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, ги осуди настаните што се случија во Собранието и рече дека дел од структурите на Министерството не си ја завршиле работата за што ќе мора да одговараат. Тој вели дека како министер инсистирал да се формира оперативен штаб уште кога почнале протестите, а во него биле вклучени раководни лица од МВР. „Оперативниот штаб имаше подготвено планови...

МВР: До 20.43 часот евакуиравме 30 пратеници

Министерството за внатрешни работи информира дека до 20:43 часот се евакуирани 30 пратеници, како и дека се преземаат мерки за средување на состојбата во Собранието. МВР со соопштение извести дека во седиштето функционира оперативен штаб, во кој се присутни министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и неговиот заменик, Бесир Деари, како и...

Митко Чавков на „Фејсбук“ се пофали дека присуствувал на обука на специјалците

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, на својата официјална фејсбук-страница денеска и вчера се пофали дека бил на вежбата на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и објави фотографии, а денеска и седумминутна видеоснимка со многу пукање. ЕБР на полигонот Пенуш, близу Штип, во рамки на редовните обуки за специјалните полициски единици во МВР, имала обука за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...