fbpx
Таг: мисија

таг: мисија

Физичкиот интегритет на нуклеарната електрана во Запорижја е нарушен, велат од мисијата на ОН

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси по првиот ден од работењето на мисијата во нуклеарната електрана во Запорижја изјави дека физичкиот интегритет на овој енергетски капацитет е нарушен, пишува Гардијан. Мисијата на тимот од МААЕ извршија обиколка на нуклеарната електрана, но неколку членови на тимот ќе останат и наредните денови за детално да ја проучат...

Ракетирањата продолжуваат, мисијата на ОН пристигна во нуклеарната електрана во Запорижја

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при ОН денеска пристигна во окупираниот град Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната електрана Запорижја (Запорожје), јавува Укринформ. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси денеска изјави дека нивната мисија ќе трае неколку дена, иако руските власти кои ја имаат окупирано електраната, претходно рекоа дека мисијата ќе трае само еден ден, пишува...

Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии. „Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, вклучувајќи го и Херсонскиот регион“,...

Шекеринска најави дека поголем дел од македонските војници ќе се повлечат од Авганистан до јули

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека поголем дел од македонските војници кои се дел од НАТО-мисијата во Авганистан ќе се вратат назад во земјава до јули. „На претходниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, земјите-членки дискутиравме за најдолгата НАТО-мисија, тоа е мисијата во Авганистан во која и ние како држава учествуваме веќе 20 години. Беше донесена со...

ММФ: Инфлацијата и натаму ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори

Монетарната политика е соодветна и треба уште да биде олабавена. Скорешното зголемување на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата. Иако веројатно ќе има некои преносни ефекти, се очекува дека инфлацијата ќе се намали во втората половина од годината. Се очекува...

Роверот „Персеверанс“ успеа да произведе пет грама кислород на Марс

По успешниот лет на хелихоптерот на Марс, овој пат роверот „Персеверанс“ успеа да произведе кислород од јаглероден диоксид од атмосферата на Марс. Инструментот со големина на тостер наречен „мокси“ произвел пет грама кислород, колку што на астронаут би му било доволно да дише околу десет минути на Марс. „Oва е прв и клучен чекор од претворање на јаглероден диоксид во кислород...

Роверот „Истрајност“ слета на Марс во потрага по знаци на живот на оваа планета

По 7 месеци патување од Земјината топка, научниот ровер „Истрајност“ вчера вечер успешно слета на планетата Марс. НАСА во живо ја пренесуваше целата операција, а милиони гледачи ширум светот ги следеа историските моменти од почетокот на истражувачкиот процес со кој треба да се утврди дали некогаш постоел живот на оваа планета. https://twitter.com/NASA/status/1362507074807205909 Роверот „Истрајност“ е возило со шест тркала, најнапредно досега,...

Од утре припадници на АРМ ќе бидат распоредени во командата на КФОР на Косово

Контингент од 44 припадници на АРМ, штабни офицери и вод за обезбедување, ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата КФОР на Косово и во командата „Запад“, соопшти Генералштабот на Армијата. Контингентот утре ќе биде свечено испратен од касарната „Илинден“ во Скопје, со церемонија на која ќе присуствува државниот и воениот врв. - Армијата на Република Северна Македонија како 30та...

Со еден вод и штабен персонал ќе учествуваме во мисијата на НАТО во Косово

Владата на 78. седница ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР, информираат од владината прес-служба. „Владата го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и...

Шекеринска: Посетата на Столтенберг е порака сама по себе

Посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија, Јенс Столтенберг е порака сама по себе, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод посетата на Столтенберг на Македонија в среда и четврток. - Тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вратиме назад на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести, кои во континуитет...

Шефот на УБК до вработените: Нè чекаат големи реформи во кои ќе нема простор за компромиси

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Николовски, денеска преку писмо до вработените во УБК, ја презентираше мисијата и визијата за Управата, кои, како што вели, ќе бидат водилка на патот кон „создавање нова служба во согласност со европските стандарди“. Николовски на почетокот на писмото забележува дека на позицијата директор доаѓа во време кога сликата за УБК е...

САД: Да одговараат тие што ги извршиле, организирале и ги нарачале насилствата

САД ги повикуваат надлежните во Македонија да преземат чекори за да ја осигурат безбедноста на сите членови на парламентот, да ги истражат нападите темелно и да ги повикаат на одговорност тие што ги извршиле, ги организирале и ги нарачале насилствата, рече Кејт Брнс, претставничка на Мисијата на САД во ОБСЕ, при нејзиното обраќање на постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. - САД...

ОБСЕ повика насилството да престане, а полицијата да ја осигури безбедноста

Шефицата на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, преку својот твитер-профил повика да престане насилството во Собранието, а полицијата да ја осигури безбедноста на пратениците. „Напната ситуација во Скопје. Насилството треба да престане, полицијата треба да ја осигури безбедноста на Собранието и на пратениците“, напиша Суомалаинен на својот твитер-профил. https://twitter.com/ninasuomalainen/status/857658079453818880

Советот за безбедност ја продолжи мисијата на ОН во Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа едногласно ја донесе резолуцијата со која се продолжува мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА) до март 2018 година. Во неа, како што пренесуваат светските медиуми, се изразува сериозна загриженост поради присуството и потенцијалното зајакнување на разгранокот на Исламска држава, што претставува сериозна закана за безбедноста на Авганистан и на земјите во регионот. Советот за...

Арсовска-Томовска до ОБСЕ/ОДИХР: Опозицијата користи државни ресурси за партиски цели

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, упати отворено писмо до Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во кое ја критикува опозицијата дека ги користи институционалните ресурси за партиски активности. „Преку дел од медиумите се врши политичко етикетирање на вработените, истите се нарекувани со погрдни зборови („крлежи“, „штетници“, „корумпирана стока“), а институциите „штали“. Ова говори за фактот дека на вработените се гледа...

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи изборите со повеќе од 300 набљудувачи

Канцеларијата на мисијата на ОБСЕ за демократски институции и за човекови права (ОДИХР) денеска официјално ја почна набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Мисијата се состои од главен тим на 14 експерти и од 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја во тимови по двајца, почнувајќи од 9 ноември. ОДИХР ќе побара...

Јанева: Нема да нè обесхрабрат да ја исполниме мисијата што ни е доверена

И покрај секојдневните предизвици со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство, нема да дозволиме да нè обесхрабрат во одлучноста и во посветеноста да ја исполниме мисијата која ни е доверена, водејќи се од принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и пред законите. Ова го кажала специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во Брисел, на работилница на тема „Зајакнување...

Обама одобри зајакнато ангажирање на војската на САД во Авганистан

Претседателот на САД, Барак Обама, одобри закајнато ангажирање на американските трупи во поддршка на авганистанската војска во конфликтот со талибанците. Официјални лица од САД велат дека американските војници нема само да ги обучуваат и да ги советуваат авганистанските трупи, туку дека ќе ги следат и во операциите на терен. Со ова е проширена постоечката мисија на војската на САД, која не...

Ахмети: Одлуката на т.н. претседател Иванов мора да се повлече без одложување

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не се согласува со избрзаната одлука на, според партијата, таканаречениот претседател Ѓорге Иванов и бара итно повлекување. Ова го посочил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со шефот на мисијата на ОДИХР во Македонија за вонредните избори, Јан Петерсен, која се одржала во седиштето на партијата во Тетово. „Оваа оспорена и неправдна одлука...

ОБСЕ/ОДИХР ја започна набљудувачката мисија за изборите на 5 јуни

ОБСЕ/ОДИХР денес официјално ја започнa набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. Мисијата е предводена од амбасадорот Јан Петерсен и се состои од главен тим од 12 експерти, со седиште во Скопје, и 24 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја, во тимови по двајца, започнувајќи од 13 април. Дополнително, ОДИХР ќе побара земјите-членки на ОБСЕ/ОДИХР...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...