fbpx
Таг: Мирослав Богдановски

таг: Мирослав Богдановски

Диви собирачи на отпад на Вардариште претепале комунални редари на Град Скопје, едниот завршил во шок-соба

Двајца градски комунални редари денес околу пладне биле нападнати на некогашната скопска депонија Вардариште од засега непознати лица кои таму незаконски депонирале отпад, а еден од редарите се здобил со тешки телесни повреди и бил итно префрлен во Градската општа болница „Св Наум Охридски“. „Вработени на Градскиот Инспекторат денеска на Вардариште беа брутално нападнати од лица кои беа затекнати како...

Со нов правилник за гранични емисии, инспекторите полесно ќе ги казнуваат загадувачите

Министерството за животна средина и просторно планирање ги усвои измените на правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови со кои се одредуваат ограничувањата на емитувањето загадувачки супстанци во воздухот од оџаците на стопанските објекти во државата. Тие деновиве стапија на сила откако беа објавени во Службен весник. Според овој правилник,...

Мирослав Богдановски: Подгответе се, зимава ќе има високи казни за загадувачите на воздухот

Првиот човек на Инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски, е на чело на сектор кој има 11 инспекции, а најчесто е во фокусот на јавноста кога таа бара акција против оние кои палат огнови на отворени површини и загадуваат. Мета разговараше со Богдановски на тема: Колку може да стори градската инспекција да се намали загадувањето на воздухот во Скопје? Деновиве...

Скопскиот инспекторат во контрола на градски автобуси

Инспекторатот на Град Скопје денеска вршел контроли на автобусите од градскиот јавен превоз, јави „Порталб“. Мета на градските инспектори биле и ЈСП Скопје и претпријатијата на приватните автобуски превозници  - Слобода Превоз и Макекспрес, потврдил Главниот градски инспектор Мирослав Богдановски. - Имавме поплаки од граѓаните и сега се вршат инспекции на сите автобуси, и од ЈСП и од приватните превозници. Преку...

Богдановски: Ќе ги ловиме дивите откупувачи на суровини, заради нив се палат кабли и отпад

Шест месеци откако директно од Државниот инспекторат за животна средина дојде на чело на Градскиот инспекторат, се чувствува раздвижување посебно кога се работи за инспекции на помалите загадувачи. Со првиот човек на Градскиот инспекторат, Мирослав Богдановски, зборуваме за предизвиците, за алатките во борба против загадувачите, за социјалната димензија на загадувањето. Инициравте промена на Правилникот за граничните вредности на загадувачите по...

Граѓаните да пријават дотур на стока во центарот на Скопје од 7.30 до 18 часот

Градот Скопје упати апел до стопанските субјекти да ја почитуваат одлуката на Советот за запирање на возилата за доставување на стока во централното градско подрачје во периодот од 7.30 до 18 часот. - Се надеваме дека апелот ќе вроди со плод, но подготвени сме да казнуваме доколку се крши одлуката на Градот - вели Мирослав Богдановски, директор на Инспекторатот на...

Поставувањето на цевки за гасоводот во Вардар го отежнува движењето на карпошани

Жители на Општина Карпош на социјалните медиуми се жалат на буката која што ја предизвикува механизацијата за работа во реката Вардар, помеѓу населбите Карпош 4 и Влае, каде што се поставуваат цевки за изградбата на гасоводот. Но, уште повеќе им пречи што делот каде што се врши ископувањето, не е соодветно обезбеден, односно е небезбеден за движење на пешаците...

Од големите загадувачи, инспекторите утврдиле проблеми и ја казниле само „Дрисла“

Инцинераторот, односно направата во која гори медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ е единствениот од 15-те големи капацитети контролирани од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), за кој во последниов период се изречена казнени мерки. „Дрисла“ доби казна од 8.500 евра и обврска до средината на февруари да вгради соодветни филтри. Директорот на инспекторатот, Мирослав Богдановски денеска, презентирајќи ги програмата за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...