Г.г Стефан: Не бараме ништо повеќе од она што го заслужува нашиот православен народ


Скопје, 5 април, 2018 - 9:59 (META) 

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во посланието по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден истакнуваат дека животот на сите вистински следбеници на Христа е исполнет со искушенија, со духовни падови и подеми – со крст, но и со воскресение.

„Нашиот народ и нашата Охридска и Македонска црква се сведоци за тоа низ сета своја историја. За жал, еве и по 60 години, црковно оправданата постапка на македонскиот православен народ е дочекана со неодобрување, преку селективното и пристрасно разбирање на каноните, кои се толкуваат и применуваат по нечија дневна потреба – се вели во посланието.

Во него се вели дека Црквата и народот не губат надеж и веруваат дека ќе ни се врати местото во сеправославното семејство.

„Затоа, трпеливо молиме, бараме и чукаме на портите од срцата и совеста на нашите православни браќа. А што бараме? Бараме да нè препознаат дека сме тоа што сме биле, чеда на своја вековна Црква, во која исповедаме и живееме „според верата на апостолите и на отците, верата православна – верата што ја утврди вселената“. Не бараме ништо повеќе од тоа што го имал, од тоа што го заслужува, и што му припаѓа на нашиот православен народ. Зашто, со нашата полна црковна самостојност, ќе се збогати и ќе се умножи Црквата Христова. Со тоа и православните браќа и Помесните цркви ќе ја избегнат можноста да паднат во негативните расположби и постапки на своето историско минато“ стои во посланието.


Заев: Не сакаме во НАТО за да напаѓаме, туку заради мир во светот


Скопје, 30 март, 2018 - 15:21 (META) 

Премиерот Зоран Заев по вчерашните силни предупредувања од амбасадорот на Русија, Олег Шчербак кон Македонија за нејзината намера да стане членка на НАТО, денеска порача дека земјава сака во НАТО заради мирот во светот и почитувањето на човековите права.

Заев на денешната прес конференција изрази надеж дека двете земји ќе бидат фокусирани на градење пријателство, а не на кавги.

– Постапивме согласно законите и Виенската конвенција. Македонија има стратешки цели, а тоа се членството во НАТО и ЕУ. Не бараме членство во Алијансата за некого да напаѓаме, туку за мир во светот и почитување на човековите права – рече Заев, нагласувајќи дека власта останува на длабоката определба да ги унапреди односите со Русија.


Талибанците повикуваат на директни разговори со САД за Авганистан


Кабул, 27 февруари, 2018 - 14:25 (META) 

Талибанците повикаа на директни преговори со Соединетите Американски Држави за пронаоѓање на мирно решение за судирите во Авганистан, што претставува пресврт во политиката по неколкумесечните крвави напади, јавуваат светските агенции.

Бројот на цивилни жртви се зголеми во последните неколку месеци, по низата крвопролевања што ги предизвикаа талибанците и милитантите на Исламска држава при нападите на урбани подрачја и на припадниците на безбедносните сили, како одговор на новата воена политика на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во соопштението, издадено синоќа, талибанците ги повикуваат американските официјални претставници на директни преговори за мирно решение во Авганистан.

Засега нема одговор од амерканската страна, која претходно инсистираше дека во било какви разговори мора да биде вклучена и авганистанската влада во Кабул.

Трамп во јануари, годинава отфрли одржување на разговори со талибанците, по низата напади во Кабул, кои што беа изврпени во хотелот „Интерконтинентал“, на улица во авганистанската престолнина и на воена единица, во кои загинаа повеќе од 130 лица.

Авганистанскиот претседател Ашрав Гани изјави дека авганистанските власти ќе претстават соепфатен план за мир со талибанците и Пакистан за време на конференцијата во Кабул.


Брнабиќ: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важнa за иднината на регионот


Давос, 25 јануари, 2018 - 10:35 (META) 

Европската интеграција на земјите од Западен Балкан е важен фактор за иднината на регионот, изјави претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ на состанокот на групата „Нови лидери за Европа“, на Светскиот економски форум во Давос.

Таа истакнала дека Србија длабоко и искрено е посветена на европските интеграции затоа што како што рече „ги делат европските вредности и идеи за долгорочен мир, просперитет и стабилност“.

Брнабиќ додадал дека, минатогодишните избори во Германија, Франција и Холандија покажале дека најголем дел од граѓаните се посветени на европските вредности како и на економски и внатрешен развој на Унијата.

Српската премиерка се надева дека и покрај сите предизвици за оваа година, Европската Унија ќе биде посилна и поконкурентна.


Вучиќ на Косово: Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот


Бањска, 20 јануари, 2018 - 12:59 (META) 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите живеалишта на Косово, а дека за тоа ќе има понатамошна и поголема помош од државата.

– Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метохија. Не смееме да бидеме помалку на земјата на која од секогаш сме живееле. Затоа како држава ќе се бориме на сите начини, мора да го обезбедиме нивниот економски напредок, да ја обезбедиме нивната сигурност и да се пресметаме со криминалот и корупцијата – порача Вучи.

Осврнувајќи се на атентатот на Оливер Ивановиќ, Вучиќ рече дека Србија, иако била подготвена да учествува во истрагата, што не било прифатено од албанската страна, ќе разменува информации со косовските институции, и дека ќе ги почека конечните резултати.

– Ќе видиме дали истрагата ќе доведе до извршителите на ова гнасно злосторство. Ако тоа не се случи, многу работи ќе бидат јасни, како што реков првиот ден – рече тој.

На Србите на Косово им се заблагодари на цврстината, постојаноста, храброста и желбата да ја чуваат својата земја, а на Албанците им порача дека, без оглед на различните интереси, Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот и да ги реши несогласувањата.

– Дојдов да им порачам на Албанците, без оглед што неретко Србите ги доживуваат како, не би рекол непријатели, туку како противници, и неретко имаме различни интереси, дека Србија не само што сака мир, туку ќе даде се од себе тој мир да го зачуваме. Ќе направиме се со цел да ги решиме повеќедецениските и повеќевековните несогласувања, да обезбедиме трајност на тој мир, и безбедност за секое албанско и српско семејство – додаде Вучиќ.


Г.г Стефан: Овде и меѓу иселениците нека завладеат мирот и добрата волја


Скопје, 5 јануари, 2018 - 10:12 (META) 

Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан испрати божикна порака по повод претстојниот празник Рождество Христово – Божик.

„Претстојното лето Господово нека биде исполнето со надеж дека и во Македонија, и помеѓу иселените нашинци и насекаде по светот ќе завладеат мирот и добрата волја. Ние како народ – тоа најдобро ќе го постигнеме ако живееме според верата и преданието на светата Црква. Треба да опстоиме во борбата за нашето право, достоинство и наследство, мудро чувајќи ја и вреднувајќи ја жртвата на нашите доблесни предци“, се вели во пораката на г.г Стефан.

Во неа исто така се додава дека „новородениот Богомладенец постојано не повикува преку верата и добрите дела да се спасуваме од суетите и минливоста, не повикува да не ги заборавиме оние коишто страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и утеха.“


Младите на ДР-ДПА на симболичен начин потсетија на инцидентите во Собранието


Тетово, 10 мај, 2017 - 14:04 (META) 

„Стоп на насилството – стоп на омразата“ е мотото на денешниот настан што младите на ДР-ДПА го организираа на градскиот плоштад во Тетово.

Тие беа облечени со кратки маички со ликот на Зијадин Села и во воздух пуштија 27 балони, за, како што рекоа, на симбличен начин да потсетат на крвавите настани што се случија во Собранието на 27 април.

– Тука сме за да побараме одговорност и да апелираме до надлежните органи, во најкраток можен рок да преземат конкретни чекори и мерки за пронаоѓање и за казнување на сите лица што се вклучени во овој срамен чин, а каков што се нема случено во историјата на политиката на Европа – рече Ардонит Исмаили од младите на ДР- ДПА.

Тие истакнаа дека денешниот настан, исто така, има цел да испрати порака дека правдата, мирот и интеграцијата се европски модели што ќе ја осветлуваат политичката иднина на државата.


Вучиќ загрижен за ситуацијата во Македонија, за утре свика седница за безбедност


Белград, 27 април, 2017 - 23:15 (META) 

Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва изјавил дека е многу загрижен за случувањата во Македонија и дека тоа што се случува не е само македонски проблем туку „проблем на сите што живеат тука“, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Вучиќ апелирал граѓаните на Македонија сите проблеми да ги решаваат на мирен начин.

„Ги замолувам сите во Македонија оваа порака да ја разберат како добронамерна и повторно да завладеат мирот и стабилноста во Македонија, а во Србија секогаш ќе имаат посветен и искрен пријател“, изјавил Вучиќ за „Танјуг“.

Според пишувањата на српскиот портал „Блиц“, Вучиќ за утре во 14 часот закажал итна седница на Бирото за координација на службата за безбедност, по повод ситуацијата во Македонија.


Заев – Иваниќ: Стабилноста и мирот се приоритет за Македонија и за земјите од регионот


Скопје, 19 април, 2017 - 19:55 (META) 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, и од генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретнал со делегација на Босна и Херцеговина, предводена од претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за унапредување на долгогодишната соработка и пријателство помеѓу девете земји, како и за итноста и за важноста од деболкада на демократските процеси во земјата што е интерес и на Македонија и на регионот.

Заеднички било констатирано дека стабилноста и мирот во земјата се врвен приоритет за граѓаните на Македонија, а исто така се важни и за земјите од регионот.

Затоа, било истакнато, институциите на системот мора да овозможат продолжување на демократските процеси во земјава.


Иванов им го честиташе празникот Пасха на припадниците на еврејската заедница


Скопје, 10 април, 2017 - 9:49 (META) 

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до претседателката на еврејската заедница во Македонија, Берта Романо-Николиќ, по повод големиот еврејски празник, Пaсха.

„Честитајќи ви го празникот Пасха, сакам да порачам дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности, создавајќи вредности за идните генерации. Примете ги моите искрени желби за мир, меѓусебна доверба и за пријателство“, се вели, меѓу другото, во честитката на Иванов.