fbpx
Таг: министерство за земјоделство

таг: министерство за земјоделство

Донесени програмите за финансирање земјоделски производители на храна и за микроземјоделски производители на вино

Владата вчера ја донесе Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2024 година и Програма за финансирање микроземјоделски производители на вино за 2024 година. Со овие програми, велат од Владата, се обезбедува грант поддршка до 10.000 евра за малите производители на храна и за малите винарии, како и поддршка за набавка на опрема за производство. Од Владата информираат дека...

Околу 1,2 милиони садници се предвидени за пошумување до март наредната година

Еден милион и двеста илјади садници се предвидени за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Акцијата која започнува од овој месец и ќе трае до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб,...

Владата подготвува фонд од 30 милиони денари за заштита на шумите

Од идната година во програмата за рурален развој се внесува сосема нов фонд од половина милион евра за заштита на шумите. Ова денеска од Штип го најави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како дел од мерките во борба против пожарите. -Креиравме посебна мерка, која се однесува на заштита на шумскиот фонд, таа мерка до сега не постоеше....

Министерството за земјоделство издвоило средства за порибување на Охридското езеро

Иако веќе четири месеци Охридското езеро е без концесионер, нема рибочуварска служба, а нема ни целосна контрола врз изловувањето на рибниот фонд, сепак, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство издвоило средства за порибување на езерото со личинки на Охридска пастрмка. На прашањето за тоа колкави финансиски средства се издвоени за порибувањето со охридска пастрмка на Охридското езеро за 2019...

„Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годината

Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Тоа е заклучено на денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков.  Средбата беше организирана од...

Запленет тутун „вирџинија“ забранет за производство

СВР Битола и Државниот инспекторат за земјоделство во координација со Министерството за земјоделство пронашле насади и обработка на тутун од типот „вирџинија“, кои не се пријавени и немаат договор со регистрираните откупувачи, а согласно Законот за тутун не смеат да се произведуваат. Биле извршени претреси кај пет физички лица и едно правно лице од село Могила и биле одземени 24.826...

Николовски: Ќе реагираме на поскапувањето на контролите за увоз на храна во Хрватска

Со новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук што Хрватска го донесе на 15 јули, значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на производите. Оттука, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна владина седница за обесштетување на овоштарите

„Министерот на СДС, Љупчо Николовски, со денови се крие и ги одбегнува овоштарите кои се соочуваат со реални проблеми. Николовски го нема да се појави во Росоман каде што состојбата со производството на праски е алармантна, исто како и со речиси целокупното овоштарство во Македонија“, обвини денеска Ромео Тренов на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - Владата на СДС покажа...

Албанија го забрани увозот на живина од ЕУ поради птичји грип

Албанија привремено го забрани увозот на живина од земјите на Европска Унија кои пријавиле случаи на птичји грип. Министерството за земјоделство на Албанија денеска забрани увоз на пилешко месо од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија и од Швајцарија, односно од земјите кои пријавиле слуачи на птици заразени со вирусот птичји грип. Албанија, но и други европски земји, имаа епидемија...

Николовски: Во Платежната агенција недостига софтвер од 778.000 евра

Ревизорскиот извештај открива дека софтвер од 778.000 евра, за потребите на Платежната агенција, не е сметководствено евидентиран! Ова значи дека на повидок е нов скандал со одлевање стотици илјади евра народни пари за софтвери во Министерството за земјоделство и во Агенцијата за земјоделство и рурален развој, обвини денеска на прес-конференција Љупчо Николовски од СДСМ. - Граѓаните слушнаа од ревизорскиот извештај...

МЗШВ: Николовски шири клевети, манипулации и дезинформации

Со вчерашната изјава, Љупчо Николовски од СДСМ уште еднаш покажа дека нема никакви конструктивни идеи, туку воден од желбата постојано да биде присутен во медиумите, само шири клевети, манипулации и дезинформации, надевајќи се притоа на политички поени, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на вчерашната прес-конференција на Николовски. „Уште еднаш ќе потсетиме дека покрај...

Николовски: Груевски бега од фер избори за да ја спаси сопствената кожа

Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство во оставка, денеска на прес-конференција рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обид да ја спаси сопствената кожа бега од фер и демократски избори и постојано го прекршува Договорот од Пржино. Николовски вели дека криминалот на Груевски преку злоупотреби во државните институции е целосно потврден. - Злоупотреби...

Оризопроизводителите од Кочанско денеска повторно на протест

Производителите на ориз од Кочанско денеска повторно ќе протестираат, незадоволни од откупната цената на оризот. Тие еден час, односно од 11 до 12 часот ќе ја блокираат едната коловозна лента на патот Штип - Кочани, кај селото Облешево. Производителите на ориз, незадоволни од понудената, бараат цена од 50 денари за бел ориз и 25 денари за оризова арпа, како што...

Николовски: Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќарувале земјоделски субвенции

Илија Србиновски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола, скандалозно ја злоупотребува државната функција, обвини Љупчо Николовски, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, назначен од редовите на СДСМ. - Семјството Србиновски буквално го има „освоено“ министерството. Таткото Илија, синот и снаата се вработени во оваа институција, а...

Владина комисија ќе ја решава кризата со огревно дрво

Владина комисија интервентно ќе ја решава кризата со огревно дрво, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, при денешната посета на Свети Николе. За таа цел, како што најави Цветков, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе вработи дополнителен број дрвосечачи за да постигне со нарачките за дрва, а дополнителни мерки се предвидени и за сопствениците на приватни шуми. - Во...

Повеќе од 30 компании заинтересирани да станат нови сопственици на „Џумајлија“

Повеќе од 30 домашни и странски компании се заинтересирани за закуп на земјиштето што му беше дадено на контроверзниот индискиот бизнисмен Субрата Рој во Лозово, потврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, кој денеска беше во посета на Свети Николе и на Овчеполието. Со распишаниот меѓународен тендер за закуп, се прави нов обид да се најде концесионер за некогашното...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...