fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

Ханс Клуге: С. Македонија успешно го унапреди примарното здравство

С. Македонија вложи многу труд да го подобри третманот на незаразните болести и овозможи матичните лекари да ја препишуваат хроничната терапија. Вашата држава е успешен пример кога станува збор за унапредувањето на примарната здравствена заштита. Ова денеска го изјави д-р Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа, на сесијата на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, кој се одржува од...

Неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип

Оваа недела ќе започне вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати вкупно 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс-порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање. „Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени возрасните лица (над...

Се инсталира нов акцелератор на Клиниката за онкологија

Започна инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Министерството за здравство информира дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот. Ќе следува физичка инсталација на новиот систем, по која ќе следат мерења, калибрации и моделирања на системот до конечно пуштање во употреба. Се...

Реновирани одделите за гинекологија и неонатологија во тетовската болница

По 20 години конечно се реновирани и опремени двата оддела за гинекологија и неонатологија во Клиничката болница во Тетово, соопшти Министерството за здравство. „Ова се значајни инвестиции со кои на пациентите им овозможуваме услови кои наликуваат на големите медицински центри низ Европа”, вели министерот за здравство Фатмир Меџити, кој вчера ја посети болницата. Тој рече дека по 20 години Клиничката болница...

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи на население, информираше Министерството за здравство. Пријавувањето се врши на страницата vakcinacija.mk, а вакцинирањето се планира да почне да се спроведува од втората половина на месецов. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени следните ризични групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, децата...

Дијабетичарите не добија ленти и глукомери, спасот го бараат кај народниот правобранител

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија, кој ги обединува локалните здруженија на лицата со дијагноза Дијабетес тип1 и тип2, поднесе Преставка и Барање за итно постапување на Народниот правобранител на Република Македонија. И по сите ветувања од Министерството за здравство од изминатиов период, дијабетичарите не добија ленти и глукомери кои мораат сами да си ги купуваат од...

За една недела матичните лекари препишале 5.400 рецепти за хронична терапија

За една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија. Ова е дел од новините во примарната здравствена заштита, со која се овозможува терапијата која досега ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари. „Станува збор за суштинска новина со која се...

Претходниот и актуелниот министер за здравство со препукувања за модуларните болници

Поранешниот министер за здравство Беким Сали побара одговорност за виновниците кои ги амнестираат одговорните за пожарот што се случи во тетовската модуларна болница, во која животот го загубија 14 лица. Тој ја потврди информацијата во документарецот на ИРЛ „Убиство во Тетово“, каде што се објаснува за прекинот на исплата и раскинување на договорот со „Брако“ по направената ревизија од Министерството. Сали...

Реакции по документарецот на ИРЛ за пожарот во тетовската модуларна болница

Откако ИРЛ објави документарен филм со нови документи добиени од „свиркачи" за пожарот во тетовската модуларна болница, не стивнуваат реакциите за објавените сознанија. Истражувањето покажа нови сознанија, при што во документарецот се тврди дека модуларните болници се граделе без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, без надзор на изградбата и имало низа други законски пропусти. Документарецот открива...

Министерството ретроактивно склучи договори за инсулински ленти, дијабетичарите ќе бараат обештетување

Комплетен хаос настана со набавката на потребните помагала и терапии за лицата со дијабет, откако Министерството за здравство со задоцнување од речиси осум месеци го потпиша договорот за набавка на инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот јанури 2023 – декември 2024 година за потребите...

Ќе се ажурира позитивната листа со лекови, но министерот Меџити не кажува кога

Уште една најава за ажурирање на позитивната листа до лекови стаса денеска од министерот за здравство Фатмир Меџити, но сепак неизвесно останува кога точно тоа ќе се случи. И покрај тоа, тој на прес-конференција денеска најави дека за луѓето во здравството, за сите пациенти и граѓани денеска бил голем ден, оти дефинитивно ќе се ставело крај на проблемот со...

Меџити: Лани биле евидентирани 83 нови случаи на хепатитис, најзастапен е хепатитис Б

Статистиките покажуваат дека лани во земјата биле евидентирани 83 нови случаи на хепатитис, од кои најзастапен е хепатитис Б со 43 случаи, кажа денеска министерот Фатмир Меџити на одбележувањето на Светскиот ден за борба со хепатитисот. Тој истакна дека тежнее кон тоа да ги исполни целите на Светската здравствена организација која имплементира глобална стратегија за елиминација на хепатитисот до...

Нема термини за мамографија, Mинистерството ветува промени од септември

Раната дијагностика значи успешно лекување за многу болести. Барем така апелираат сите доктори, препорачувајќи да се прават редовни годишни прегледи, особено кога станува збор за оние за кои има голема веројатност да се излечат, доколку рано се дијагностираат, како што е ракот на дојка. Сепак, за огромен број жени невозможно е да се стигне до термин за мамографија или ехо,...

Пресадено срце од утрово почна да чука во градите на 40 годишен пациент

Од рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Во Државната кардиохирургија синоќа беше изведена деветта по ред трансплантација на срце во македонското здравство. Како што информираат во Министерството за здравство, нова шанса за живот добил и пациент на кој му бил пресаден црн дроб, а кој претходно имал хронична црнодробна болест....

Хронично болните нема да бидат ослободени од работа поради топлотниот бран, можат да земат боледување

Засега Министерството за здравство нема да предложи хронично болните лица да бидат ослободени од работните обврски, поради топлотниот бран што ја зафати Европа, но и светот. Од Министерството за здравство за Мета.мк велат дека на последната владина седница, завчера, биле усвоени сетот препораки за заштита на граѓаните од енормно високите температури и портокаловата фаза во која се наоѓа земјава, но...

Раскинат договорот за болницата во Штип, ќе се активира банкарската гаранција

Еднострано е раскинат договорот за изградба на болницата во Штип, открива министерот за здравство, Фатмир Меџити, во интервју за „Макфакс“. Тој посочува дека ќе ја активира и банкарската гаранција бидејќи болницата се гради 16 години, требало да биде готова во 2018 година, а не е завршена ниту во 2023 година.

За да се влезе во гаражата на Поликлиниката „Бит Пазар“ мора да се бара дозвола од узурпаторите

Сè додека не реагираат институциите, приватните лица ќе продолжат незаконски да собираат пари од граѓаните на дивиот паркинг зад Поликлиниката „Бит Пазар“, објави „Порталб“. Од Министерството за здравство (МЗ) не кажуваат дали ќе преземат мерки против одговорните лица на Поликлиниката, кои не реагирале во врска со узурпирањето на просторот зад нивниот објект, кој оваа институција го користела за свои...

Дигитализација во здравството – дали и колку се заштитени здравствените податоци на граѓаните?

„Мое здравје“, „Телемедицина“, „Е-рецепти“, се само дел од дигиталните услуги кои ги нуди Министерството за здравство, а министерот Фатмир Меџити сè повеќе ги промовира и најавува новите дигитални услуги преку кои граѓаните ќе имаат опција што е можно повеќе да ги избегнуваат непотребните редови и чекања пред болничките шалтери. Последна од низата дигитални услуги е апликацијата „Мое здравје“, која нуди...

Наградно прашање е колку пораки и повици се потребни за министерот Меџити да одговори на прашања од јавен интерес

За да се добие било каков одговор од Министерството за здравство за теми од јавен интерес од кои се засегнати граѓаните, мора во чекор да се прати агендата на министерот за здравство Фатмир Меџити, па во периодот додека е на некој настан, во посета на некоја болница или пушта во употреба нов апарат, да се искористи по некоја минута...

Марјан Шокаровски е нов директор на државната кардиохирургија

За нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен доктор Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање, соопшти денеска Министерството за здравство. Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блог и...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...