fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

Mеџити: Идната недела лекот „Трикафта“ ќе го добијат 12 пациенти

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска информираше дека следната недела лекот „Трикафта“ ќе биде доделен на 12 пациенти кои боледуваат од цистична фиброза. „До април месец за овие 12 пациенти ќе има терапија. Другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на Детска клиника. Ова што го зборувавме е реалност. Со одлука...

„Да не си играме со здравјето!“ – почнува нова кампања за имунизација

Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка на УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“, под мотото „Да не си играме со здравјето!“, со цел на граѓаните и понатаму да им се обезбедат точни и навремени информации за вакцините и имунизацијата. Како што соопштија од УНИЦЕФ, комуникациската кампања е дел од серијата активности...

Министерот Меџити го демантира Министерството за здравство за раскинувањето на договорот за кичевската болница

Министерот за здравство, Фатмир Меџити завчера даде контрадикторна изјава во врска со постапката за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на Општата болница во Кичево. Од Министерството за здравство на 4 декември за Порталб.мк изјавија дека е покрената постапката за раскинување на договорот, но министерот за здравство завчера изјави дека договорот е раскинат пред...

Eкономските и медицинските директори ќе се укинат после изборите, најави Меџити

Новиот Клинички центар, кој треба да биде готов до јуни в година, ќе биде реорганизиран, односно секоја клиника нема да има посебен менаџмент, најави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој информира дека е започнат е процесот за укинување на организациските и медицинските директори, кој ќе заврши после изборите, односно во јуни. „Прв мој приоритет ми беше спојување на Клиничкот...

Почна постапка за фирмата што не ја изгради новата болница во Кичево

Почната е постапка за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на болницата во Кичево, јави Порталб.мк Од Министерството за здравство за Порталб.мк соопштија дека е покрената постапка за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на општата болница во Кичево. Порталб.мк ги обезбеди и договорите, едниот од 2014 година...

Обединетото Кралство ќе ја финансира изградбата на нов Клинички центар, најави Меџити

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство се сретнал со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност да го поддржат финансиски проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар. „На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја...

Повеќе од 950 деца примиле вакцина во своите домови

Од Министерството за здравство информираат дека повеќе од 950 деца досега се вакцинирале во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација со пропуштени рутински вакцини. Освен тоа, оттаму додаваат и дека се поделени повеќе од 1.400 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена...

Здравствените установи утре и задутре ќе работат континуирано за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, не важи за вработените во здравствените установи. „Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста...

Досега над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација. Во центрите за јавно здравје и здравствените домови, велат од Министерството, континуирано се врши имунизација против сезонски грип, а со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени...

Речиси 14 милиони евра ќе издвои Владата за лекот „Трикафта“

Владата на денешната седница донела одлука за набавка на лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари, односно безмалку 14 милиони евра, соопштија денеска оттаму. Во земјава со оваа болест живеат околу 130 лица. Како што прогресира болеста низ годините, така расте и смртноста. Лек има од новата генерација на т.н. модуларна терапија, која...

Вакцината е најефикасна заштита од сезонски грип, годинава се вакцинирале 43.964 лица

Заклучно со 46 недела од 2023 година, се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 46-та недела од минатата сезона, е зголемен за 82,9 отсто, наведено е во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. „Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 351. Најголем...

Вакцинацијата не е мисија наменета против граѓаните над 65 години и против децата

Објавата изобилува со манипулативни антивакцинални наративи, со цел да се исплашат граѓаните да не се вакцинираат. Вакцините не се оружје против возрасните граѓани над 65 години и децата, туку најголема медицинска придобивка на современата медицина, а овие две категории граѓани се ранливи групи и затоа фокусот на Министерството за здравство е на нив. Вакцините се безбедни и во државата...

За да ги заштити младите, хрватскиот министер за здравство ќе ги ограничи снус и „Прајм“

По средбите со Хрватскиот институт за јавно здравје и Државниот инспекторат на Република Хрватска, во врска со ограничувањето на потрошувачката на енергетскиот пијалок „Прајм“ и никотинските кесички, министерот за здравство на Република Хрватска Вили Берош рече дека ќе направи се за да ги ограничи ваквите производи, пренесе Јутарњи. Реакцијата на хрватските власти следува откако Словенија го забрани пијалокот „Прајм“...

Против сезонски грип досега вакцинирани над 29.000 граѓани

Над 29.000 граѓани досега биле вакцинирани против сезонски грип, информира Министерството за здравство. За бесплатна вакцинација против сезонски грип досега се пријавиле 58.012 граѓани. Вакцинацијата непречено се одвива во центрите за јавно здравје и во здравствените домови низ земјава. „Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени,...

Децата со дијабетес тип 1 конечно добија бесплатни сензори за мерење гликемија

Универзитетската клиника за детски болести од денеска има бесплатни сензори за мерење гликемија во крвта кај најмладите пациенти. Набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабетес тип 1, како и за бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица, а останатите сензори ќе бидат доделени на Универзитетската клиника за ендокринологија. Ова се...

За една недела вакцина против сезонски грип примиле над 10.000 граѓани

Вакцинацијата против сезонски грип одлично се одвива, а за една недела се имунизирани над 10.000 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Министерот за здравство денеска го посети вакциналниот пункт во Поликлиниката „Бит-пазар“, со цел лично да се запознае како тече процесот на вакцинација против сезонски грип. Меџити изрази задоволство од досегашниот одзив на граѓаните, потенцирајќи дека тоа покажува дека тие се...

Започна втората кампања за промовирање на вакцинацијата „од врата до врата“

Од денеска започна втората широка кампања за промовирање на имунизацијата што Министерството за здравство ја реализира заедно со Светската здравствена организација (СЗО) и со финансиска поддршка на ЕУ, информираа од ова министерство. Од таму велат дека 30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во здравствените домови во државата ќе одат „од врата до врата“, односно ќе ги посетуваат...

За вакцини против сезонски грип досега се пријавиле повеќе од 47.000 граѓани

За бесплатна вакцинација против сезонски грип, согласно податоците од системот „МојТермин“, досега се пријавиле повеќе од 47.000 граѓани, информираат за Мета.мк во Министерството за здравство. Електронското пријавување на веб-страницата vakcinacija.mk започна на 9 октомври. „Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население - возрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од...

Меџити се вакцинираше против грип, апел до граѓаните да го сторат истото

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. Секој граѓанин може да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе...

Повеќе од 30.000 граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат против сезонски грип

Од денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип, информира денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски. Тој кажа дека процесот досега се одвива во најдобар ред. „Ги следиме препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот со што би се приближиле до препораката од...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...