fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

За момчињата и девојчињата од следниот месец ќе биде достапна деветовалентна вакцина против ХПВ

Деветовалентна вакцина против хуманпапилома вирусот (ХПВ), кој предизвикува карцином, од идниот месец ќе биде достапна во државата. На располагање ќе има 70.000 дози вакцини, а препораките на познавачите, се дека младите треба да се вакцинираат уште пред да бидат сексуално активни, односно, пред да бидат изложени на ХПВ ризикот. Проф. д-р Александра Грозданова, националната координаторка за имунизација, денеска на прес-конференција...

Приватните специјализанти бараат писмена гаранција дека ќе добијат регулиран работен однос

Приватните специјализанти од денеска нема да одат на работа додека не добијат гаранција дека ќе бидат исполнети нивнте барања за повисоки плати и регулирање на работниот однос. Тие денеска започнаа со штрајк, за кој најавија дека ќе продолжи ако не добијаат писмени гаранции дека барањата ќе им бидат исполнети. Специјализантите штрајкуваа и пред две недели пред Министерството за здравство, но...

„Не сакаме да си одиме, вие нè бркате“, специјализантите на протест побараа повисоки плати и регулиран работен однос

„Наша борба, ваше здравје“, „Плати скромни, трошоци огромни“, „Ние не сакаме да си одиме, вие нè бркате“. Ова се само некои од транспарентите со кои денеска, неколку стотици лекари специјализанти, побараа повисоки плати и регулиран работен однос. Тие незадоволството од третманот кон нив го искажаа пред зградата на Министерството за здравство. „Бараме покачување на платата на приватните специјализанти согласно просечна...

Младите лекари добија зелено светло – почнуваат со платената пракса што ја чекаа со месеци

По три месеци поминати во исчекување и бирократски одложувања, околу 100 млади лекари од оваа недела започнуваат со платена пракса. И покрај тоа што ги завршија студиите, а државниот испит го положија во декември, овие млади доктори со месеци не беа викнати во ниту една здравствена установа во земјава на задолжителната пракса што мора да ја поминат ако сакаат...

Донесена одлука за прием во градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина

Согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан вчера, министерот за здравство Илир Демири донел одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза од примовакциналната серија. Од Министерството...

Еден донор спаси четири животи – извршена трансплантација на срце, бубрези и црн дроб

Во текот на вчерашниот ден направена е уште една трансплантација на органи во која еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, соопшти Министерството за здравство. Министерот за здравство Илир Демири се заблагодари на семејството на донорот...

Дури 80 отсто од лекарите во земјава биле изложени на насилство на работното место

Податоците на Лекарската комора говорат дека 78 отсто од докторите, пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а 80 отсто биле изложени на вербално насилство. Ова го истакна денеска министерот за здравство д-р Илир Демири, по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, 12 Март. „Насилство врз здравствен работник...

Праксата им следува со закон, но нема каде да почнат – младите лекари бараат решение за проблемот

После шест години редовни студии и шест месеци поминат стаж за полагање на државен испит, оставени сме во агонија и загриженост за нашата иднина. Ова е коментарот што денеска го дадоа претставници на десетици млади лекари кои државата ги остави без практична работа по завршување на студиите и полагањето на државен испит. Тие три месеци чекаат да бидат викнати на...

За еден месец против голема кашлица се вакцинирале повеќе од 22.000 деца

Од почетокот на епидемијата на голема кашлица во Скопје досега се вакцинирани повеќе од 22.000 деца, соопшти министерот за здравство Илир Демири. Тој потсетува дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имунизираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот. „Во однос на функционирањето на здравствениот систем, има потреба...

Демири: Досега се евидентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат децата

Во државата досега се евдентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат своите деца, апелираше денеска новиот министер за здравство, Илир Демири. Тој кажа дека Центарот за јавно здравје веќе прогласил епидемија на ниво на град Скопје, по предлогот на Комисијата за заразни болести од пред речиси две недели. Демири потсети дека вакцинацијата е најголемото достигнување на здравствениот...

Дијабетичарите тврдат дека недостига инсулин, надлежните велат – има доволно

Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗДМ) преку соопштение денеска реагира дека повторно има недостиг на инсулин. Оттаму велат дека за oва прашање, од Министерството за здравство добиле одговор дека заради ревидирање на количините на лекот „Ryzodeg“ се делеле само останати количини по бројка, а сите други пациенти требало да се консултираат со своите специјалисти - еднокринолози/дијабетолози и заеднички да...

Меџити: Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, за „Онкологија“ да одговара секој кој се огрешил

Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да одговара секој кој се огрешил, рече министерот за здравство Фатмир Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Тој кажа дека точно се знаеле прописите како работела една јавно-здравствена институција и како работело Министерството за здравство. „За сѐ...

Тетовската болница никако да се опреми со нови лифтови, одново ќе има тендер

Тетовската болница никако да се опреми со пет нови лифтови за кои досега се зборуваше толку многу. Овие лифтови нема да се инсталираат уште неколку месеци, бидејќи Министерството за здравство вчера распиша нов тендер, пренесува Порталб.мк. Повикот за новите лифтови на тетовската болница според огласот за јавна набавка ќе трае до 04.03.2024 година, по што ќе следат други административни процедури. Во...

Нема одговор од Меџити зошто ја смени директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ

Милена Стевановиќ, по 7 години директор на Инфективната клиника во Скопје, повеќе не е на функцијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на нејзината досегашна  позиција - медицински директор, го постави д-р Фадил Цана. Во јавноста има голем број реакции околу смената на Стевановиќ, дотолку повеќе што таа раководеше со клиниката во еден од најтешките периоди за здравството, за време на...

Обвинителството бара притвор за таткото што си ја претепа до смрт двегодишната ќерка

Основното јавно обвинителство Кичево донело наредба за спрoведување истражна постапка против Ф.Д (29), за кривично дело – убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека на 18 декември крвнички ја претепал својата двегодишна ќерка, која по 21 ден борба за живот, починала...

Прославувајте одговорно – здравствените установи ќе бидат дежурни за новогодишната ноќ

Министерство за здравство соопшти дека за време на новогодишната ноќ сите јавно-здравствени установи во државата ќе бидат подготвени со дежурни екипи. Дополнително, со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, од министерството апелираат да се прославува мирно и одговорно, особено во однос на консумирањето алкохолни пијалаци и прекумерното внесување храна. Исто така апелираат да не се користат...

Меџити: Не можеме да ја тужиме градежната фирма на кичевската болница, по вина на Министерството украдени се 500.000 евра

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вчера на брифинг со новинарите во врска со изградбата на новата болница во Кичево изјави дека во процесот на градење на објектот имало пропусти од страна на Министерството за здравство и се украдени материјали за работа во вредност од 500 илјади евра, а во меѓувреме додаде и дека во тек е процесот на преземање...

Медицинска сестра суспендирана од работа, ненамерно пресекла дел од прст на бебе

Немил настан се случил на одделот за новородени деца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК). За време на испис на новороденче, акушерка ненамерно му пресекла мал дел од палецот на бебето. Ова го соопштија денеска од Министерството за здравство, како што велат, по добиениот одговор од ГАК. Дежурниот педијатар, додаваат од таму, постапил максимално професионално и одговорно и веднаш...

Стаса лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, стручна комисија одлучува кој ќе го прими

Новите количини на лекот „Трикафта“ се веќе на Универзитетската клиника за детски болести. Лекот, како што беше најавено пред шест дена, ќе го добијат 12 пациенти. Кои ќе бидат тие, ќе одлучува стручна комисија од клиниката која претходно ќе направи медицински прегледи на пациентите. Денеска министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за оваа намена, биле потрошени 100 милиони денари,...

Mинистерството за здравство ќе набави 22 нови амбулантни возила

Министерството за здравство ќе набави 22 нови амбулантни возила, информираат денеска оттаму. Надлежните велат дека утврдиле потреба за набавка на нови амбулантни возила за јавните здравствени установи во државата. „Најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани. Министерството изготви и до Владата достави информација за давање...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...