fbpx
Таг: министерство за труд и социјална политика

таг: министерство за труд и социјална политика

Финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе биде исплатена на 12 јануари

Паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 12 јануари, информираше Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Списоците на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат објавени утре. На интернет-страницата на МТСП ќе биде објавен списокот со корисници на правото на социјална сигурност на стари...

Зачестените пријавувања на булинг во училиштата – мотив за државата да почне да го менува системот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на Центарот за справување со булинг „Лука Риз“ во Загреб. Центарот е отворен од 2017 година и обезбедува на сеопфатна и систематска грижа за децата и младите во ризик. Во нивната работа се вклучени сите кои се дел од воспитно образовниот систем или се дел од секојдневието на...

Полошкиот регион конечно го доби Центарот за жени-жртви на семејно насилство

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека официјално е воспоставен Центарот за жени-жртви на семејно насилство во Полошкиот регион. Центарот за жени-жртви на семејно насилство е организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар. „Во пресрет на 16 дена активизам, Министерството како институција заедно со своите вработени е дел од бројните активности за подигање на свеста...

Тренчевска: Предизвикот со родово-базираното насилство врз жените е длабоко социјален, културолошки и општествен

Предизвикот со родово-базираното насилство врз жените не е само личен, ниту пак релациски предизвик. Тој е длабоко социјален, културолошки и општествен и затоа бара комплексни решенија, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање на завршната конференција „Грижи се машки – од свесност до вклученост“ во организација на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА. Тренчевска...

Тренчевска: Со владините мерки, за неполни две години се вработиле 3.370 жени

Согласно Оперативниот план за активни програми и мерки, за неполни две години се вработиле 3.370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6.035 жени. Ова го истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на средбата со претставнички на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Билјана Радончич-Кер-Линдзи, помошник директор во...

Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, денеска го посети специјализираниот центар за дневен престој на деца со попреченост, лоциран во населеното место Оризаре. По приближно една година од добивањето на дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, во овој специјализиран Дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца,...

Жените од Полошкиот регион, единствени во земјава без прифатилиште за жртви на насилство

Жените - жртви на семејно и родово базирано насилство во Полошкиот регион немаат прифатилиште за засолнување. Ова е единствениот од осумте плански региони во Северна Македонија каде што такво засолниште нема. Недостигаат и други специјализирани служби. Институциите, и централните и локалните, досега не направиле доволно на овој план. Експертите од оваа област предупредуваат дека прифатилиште треба да се отвори...

Тренчевска: Жените во политиката не се поштедени од насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионалната конференција за борба против насилство врз жените во политиката, во организација на НДИ Северна Македонија во соработка со регионалната програма на НДИ за интегритет на политичките партии, a со поддршка на Европската мрежа на политички фондации, Меѓународниот центар Олоф Палем и Европскиот едукативен центар. Таа во своето обраќање ја...

Реактор ја промовираше родовата анализа на тема: „Родова статистика и вклучување на родовата перспектива во статистичкиот систем на Северна Македонија“

Неезависната истражувачка организација Реактор - Истражување во акција ја промовираше родовата анализа на тема: „Родова статистика и вклучување на родовата перспектива во статистичкиот систем на Северна Македонија“ во која се обработени две клучни прашања, односно: Како да се вклучи родот во националниот статистички систем и Кои се приоритетните области на кои им недостасува родова статистика. Документот се обидува да даде...

МТСП изработи кампања за подигање на свеста за родово базираното насилство

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) подготви кампања за подигање на свеста за сите форми на родово засновано насилство, насловена „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“. Оваа кампања е дел од спроведувањето на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција). Станува збор за шест изработени видеа, кои...

Тренчевска: Згрижувачиките семејства се од исклучителна важност за едно општество

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална...

Вистиномер: Центрите за социјална работа активно работат, документацијата за давање помош е намалена

Центрите за социјална работа функционираат согласно измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита од мај 2019 година. Принципот на менаџирање на случаи се имплементира, менаџерите на случаи ги водат истите според територијален принцип семејствата кои остваруваат права од областа на социјалната заштита и заштитата на децата, но исто така и услуги согласно законот, велат од Министерството за труд...

Порталб: Центрите за социјална работа активно работат, документацијата за давање помош е намалена

Центрите за социјална работа функционираат согласно измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита од мај 2019 година. Принципот на менаџирање на случаи се имплементира, менаџерите ги водат случаите според територијален принцип за семејствата кои остваруваат права од областа на социјалната заштита и заштитата на децата, но исто така и услуги согласно законот, велат од Министерството за труд и...

Штрајкувачите ќе добијат само пари за придонеси, штрајкот продолжува и утре

Mинистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска изјави дека на оние кои штрајкуваат во училиштата и во градинките, ќе им бидат исплатени само придонеси. Таа кажа дека тоа не значи дека врз вработените се прави притисок да го прекинат штрајкот, туку, според неа, тоа е само почитување на законите и колективниот договор. Согласно последната одлука на Советот...

Учениците и денеска немаат настава, штрајкувачите одбија зголемување на платата за 2.500 денари

Синдикатот за образование, наука и култура одлучи да го продолжи штрајкот во дејноста образование и детска заштита откако не ја прифатија понудата на Владата да им се зголемат платите на наставниците и воспитувачите за 10 отсто. Мнозинството ученици во државата, шести ден по ред не се на настава, а по последната одлука за продолжување на штрајкот реагираа од Владата,...

Тренчевска: Жените и мажите треба да имаат еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот​

Концептот на еднакви можности е еден од клучните приоритети на Владата на Република Северна Македонија, што значи дека жените и мажите треба да имаат еднакви права и  еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во обраќањето на 66-тата седница на Комисијата за статусот на жените во ОН во Њујорк. Како што...

Шахпаска: Со Стратегијата за родова еднаквост до 2026 ќе овозможиме еднаква видливост на жените и мажите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на јавната дебата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите посочи дека целта на Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 е да обезбеди потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на...

Шахпаска: Со инклузија на лицата со попреченост создаваме општество во кое различностите се почитуваат

Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. Ја изработивме и апликацијата Аудио – читач, за слепите и лицата со оштетен. Градиме инклузивни градинки, ги вклучуваме сите деца во предучилишното образование. За роднините што се грижат за лица со попреченост државата ја надополнува втората половина од...

Воспоставени 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени-жртви на насилство

Во функција за поголема поддршка на жените-жртви на насилство, во изминатиов период Министерството за труд и социјална политика работеше на воспоставување на 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство во 6 плански региони. „Факт е дека пред нас имаме уште работа, пред се во унапредувањето на услугите, мултисекторскиот пристап, раната детекција, како и...

МТСП: Пензиите за јули ќе бидат зголемени за 1,2 отсто

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека, пензионерите со јулската пензија ќе добијат зголемување по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кое во првото полугодие од 2021 година (јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (јули-декември) изнесува 1,2 отсто. „Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...