fbpx
Таг: министерство за труд и социјална политика

таг: министерство за труд и социјална политика

Минималната плата ќе изнесува 22.567 денари

Минималната плата која досега изнесуваше 20.175 денари, отсега ќе изнесува 22.567 денари во нето износ, односно 33.352 денари во бруто износ, информираше денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС). Со новото усогласување, минималната плата за 2024 година бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ. Зголемувањето на...

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Од денеска започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2024 година, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од...

Стратегија за ментално здравје за младите: Најмногу се плашат од осаменост, отфрлање и изолација од пријателите

Осаменост
Дигитално ментално здравје, рана интервенција на менталните нарушувања и превенција на насилството и злоупотребата на супстанции – ова се дел од целите во новата Национална стратегија за ментално здравје за млади што ја донесе државата, а ја подготви Националниот младински совет на Македонија на предлог од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Стратегијата е донесена за период од...

МТСП: Кампањата „Сложувалка“ има за цел да ги поддржи жените кои се жртви на насилство

Започна кампањата „Сложувалка“ во пресрет на 16 денови активизам за борба против насилството врз жените. Кампањата е предводена од Министерството за труд и социјална политика заедно со канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршката на Британската Амбасада. Според министерството, целта на кампањата е да ги охрабрува, поддржува и поттикнува жените да го пријават насилството. Вицепремиерот Фатмир Битиќи на...

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен за сите граѓани

Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика. Од ова министерство информираат дека прославата на Денот на македонската револуционерна борба е во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07).

Пензионерите протестираа, па се сретнаа со Тренчевска

Пензионери од повеќе градови низ земјава денеска повторно протестираа пред зградата на Владата. Оттаму побараа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, а не за 6,8 отсто како што беше најавено. Ова е втор ваков протест на македонските пензионери, од каде тие порачаа дека за да можат да живеат „нормално“, минималната пензија требало да биде 45 отсто од просечната плата. За...

Пензиите ќе се исплатуваат на први во месецот, како што беше пред пандемијата

Министерство за труд и социјална политика известува дека се враќа редовниот начин на исплата на пензијата за месец август. Ова значи дека наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот, таа ќе се исплатува секој први во месецот. „За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните...

Тренчевска: Неправедно е да се изедначат пензиите на луѓето кои имаат 15 и оние со 40 години стаж

До крајот на годината да се најде соодветно решение за усогласување на висината на пензиите, очекува министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа денеска изјави дека на средбите со Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија и со Сојузот на здруженијата на пензионерите (СЗПМ), било договорено прашањето за минимална пензија да се решава преку работна група. „Состанокот и со...

Тренчевска тврди дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека зад организацијата на протестите на пензионерите има политичка позадина, односно дека тие не се воопшто спонтана реакција, туку зад нив стои опозицијата односно партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ова тврдење таа го искажа во денешното гостување во утринската програма на Македонската телевизија. Тренчевска изјави дека вратите на министерството се отворени за секој граѓанин,...

Пензионерите протестираа во Скопје, бараат покачување на пензиите за 3.500 денари

Пензионери од целата земја денеска дојдоа на протест во центарот на Скопје, со барање за покачување на пензиите за 3.500 денари на месечно ниво, или 40.000 денари на годишно ниво. Протестот го одржаа пред седиштето на Сојузот на здруженијата на пензионери и пред Министерството за труд и социјална политика. Барањата на пензионерите се минималната пензија во земјава да биде 18.000...

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток

Во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2022/2023 година, информира Министерството за труд социјална политика. Со оваа исплата се опфатени 30.999 корисници на образовен додаток на ниво на држава. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во...

Инспекторите на терен: И покрај забраната, работници над 60 години асфалтираат улица во Кисела Вода

Ненајавена посета на две градилишта во општина Кисела Вода денеска имале министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, заедно со тим инспектори. Целта на нивното излегување на терен за време на забраната за работа на отворено била да увидат дали се почитуваат мерките поради портокаловата фаза. Како што информираа од...

Тренчевска: Елиминирање на говорот на омраза и дискриминацијата се клучни

Неинформираноста и неприфаќањето на различностите се дел од клучните причини за постоење на стереотипи и предрасуди за жените и мажите во општеството. Секој стереотип и предрасуда води кон дискриминација, нееднаков третман и непочитување на луѓето, а тоа води кон кршење на човековите права и општествените вредности, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која учествува на меѓународната...

Свежо овошје од домашно производство и годинава за децата од градинките

Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и јаболка во текот на пет месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на посетата на детската градинка „13 ноември“ во скопската општина...

Министерството за труд и социјала и УНИЦЕФ со кампања за зголемување на бројот на згрижувачки семејства

Нова кампања насочена кон мобилизирање на нови згрижувачки семејства, со фокус на семејства кои можат да обезбедат специјализирана грижа за деца под специфичен ризик промовираа денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНИЦЕФ. Министерката Јованка Тренчевска рече дека во последниве неколку години во земјава интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма. Таа...

МТСП: Работниците на Коридорите 8 и 10д ќе потпишуваат изјава ако сакаат да работат прекувремено

Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, а доколку не сака, нема да биде принуден со сила, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а во врска со ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д. „Согласно законот, работниците ќе имаат и слободен ден. Законите постојат за да ги штитат граѓаните....

МТСП: Од март пензиите се зголемуваат за 8,4 отсто, просечната пензија ќе изнесува 19.150 денари

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата, од март 2022 година пензиите ќе се зголемат. Усогласувањето на мартовската пензија ќе се зголеми за 8,4 отсто (пораст на плати од 6,1 проценти и пораст на трошоци за живот од 10.6 проценти), со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари. „Со Законот за изменување...

Од март минималната плата во земјава ќе порасне на 20.175 денари

Граѓаните кои земаат минималец, почнувајќи од мартовската плата, ќе имаат повисоки примања за над 2.000 денари месечно, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика. Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. „Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија,...

ААВМУ ја претстави новата специјализирана веб страница за родот и медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (ААВМУ) денеска ја промовираше новата специјализирана веб-страница „Родот и медиумите“. На прес-конференцијата се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски. „Моќта на медиумите и нивната способност за професионално известување на јавноста, подигање на свеста како и креирањето на мислењето...

Законот за социјална заштита и понатаму ги спречува дипломираните семејнолози да се вработат во државни институции

Дипломираните студенти семејнолози на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје и понатаму не можат да се вработат во јавните установи за социјална заштита. За разлика од нивните колеги – психолози, педагози, логопеди и воспитувачи, профилот семејнолог отсуствува во Законот за социјална заштита каде што се предвидени категориите на работни места на вработените во државните институции. Факултетот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...