fbpx
Таг: министерство за транспорт и врски

таг: министерство за транспорт и врски

За локацијата спроти „Холидеј Ин“, Асоцијација на архитекти бара да се почитува ГУП-от и јавниот интерес

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти како дел од Асоцијацијата, се произнесоа во врска со парцелите спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје, на кој треба да се градат висококатници. Тие укажуваат дека просторот е необновлив ресурс и треба со него да се ракува внимателно и со почит. „ААМ е за доследно почитување на целите,...

Не секоја дивоградба ќе може да се легализира, особено во старите заштитени зони на градовите, вели Бочварски

Министерството за транспорт и врски се понуди да го изработи урбанистичкиот план за целото крајбрежје на Охридскиот регион, како и да ги усогласи ДУП-овите на општините со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што е предвиден од УНЕСКО. За ова на денешната прес-конференција информираше министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Во однос на новите...

Со кредитот од Светска банка, со вториот повик ќе се реконструираат 35 улици и локални патишта низ општините

Во 21 општина низ земјава и Градот Скопје ќе се реконструираат 35 улици и локални патишта, информираше министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на денешната прес-конференција. Станува збор за вториот повик до општините за изведба на градежни работи за подобрување на инфраструктурата, со кој вкупно ќе се реконструираат 35,5 километри патишта и улици во вредност од 7 милиони...

Порталб.мк: Општина Чаир за три години не успеа да ја започне изградбата на ветените катни гаражи

Висар Ганиу
Останаа уште неколку месеци до локалните избори и до крајот на мандатот на градоначалниците, а градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, сè уште не исполни едно од своите главни ветувања - решавање на проблемот со недостиг на паркинзи, пишува Порталб.мк. Повеќе од три години оваа општина, раководена од Ганиу, не успеа навремено да ги подготви урбанистичките планови за реализација на...

Со долговите што ги има, Железницата може да ни ја „приватизираат“ преку присилна наплата

Долговите што ги има натрупано најголемиот државен загубар во земјава, Железници на РСМ-Транспорт се високи како Монт Еверест. Доколку државните власти, под итно не преземат конкретни мерки за нивна санација, железницата нема да има потреба да се приватизира или да се склучува јавно-приватно партнерство за нејзина трансформација, бидејќи преку присилна наплата на долговите би можело да се реши прашањето...

Железница работи на идејно решение за пругата што ќе се гради до Меѓународниот аеродром Скопје

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во моментов изработува идејно решение за изградба на нов железнички крак од постојната пруга Скопје-Куманово до Меѓународниот аеродром Скопје, информираше директорот на ова претпријатие Хари Локвенец во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. Директорот на Железници-Инфраструктура очекува дека изградбата на овој железнички крак може да се заокружи во 2023 година. Во...

Воведување на градска железница во Скопје – ветување старо четири децении за кое ништо не е направено [видео]

Скопје, 1982 година. Поради недоволните количества на нафтени деривати на пазарот, југословенските власти воведуваат ограничување на употребата на возилата и задолжително користење на бонови за набавка на гориво, така што на секој сопственик на моторно возило му следувале по 40 литри гориво месечно. Нафтената криза во Југославија како никогаш претходно довела граѓаните масовно да го користат јавниот превоз во...

Готова пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево и најдолгиот тунел на Балканот

Ангажираните консултанти минатиот месец до Министерството за транспорт и врски го доставија целиот сет од пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево на Коридорот 8 во финална верзија која е одобрена од сите инволвирани страни. Станува збор за првиот документ од низата што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување на безбедноста на оваа железничка делница во согласност...

Објавен новиот тендер за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) деновиве го објави тендерот за избор на најповолен изведувач за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка. Двете претходни фази на изведба (Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка) се споени во еден тендер, а од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ веќе информираа дека целокупната постапка за избор на изведувач би требало да...

Експресниот пат Градско-Прилеп на Коридор-10 ќе продолжи да се гради, надминат е застојот

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Прилеп најави дека се надминати проблемите со изведувачите на новиот експресен пат Градско-Прилеп. Тој рече дека проблемите се решени и со почетокот на претстојната градежна сезона ќе започне силно темпо на изградба на овој експресен пат што се наоѓа на кракот Д од Коридорот-10. „Сакам да информирам дека...

Седум години се врши ремонт на пругата Ногаевци-Неготино на Коридорот 10

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе седум години врши ремонт на железничката пруга Ногаевци-Неготино. Оваа делница од Коридорот 10 е долга 31 километар, а изведбените активности се одолговлекуваат во време кога соседните земји Бугарија, Грција и Србија градат брзи пруги на главните паневропски коридори што минуваат низ нивните територии. Ремонтот на пругата започна во декември 2013 година,...

Догодина 6,5 милиони евра за патничкиот превоз, нема чаре за расипаните кинески возови

Во недела, 13 декември стапува на сила новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто не носи значајни измени кај бројот на возови во патничкиот железнички сообраќај во земјава. Бројот на возови догодина останува идентичен како и изминатава година, со исклучок на укинувањето на меѓународниот воз за Белград и Солун во летните месеци. Нема новини ниту во...

Бочварски најави построга контрола на реализацијата на капиталните инвестиции

Многу бројки и ветувања, но кај дел од инфраструктурните проекти има доцнења во изведбата и пролонгирање на крајните рокови за изградба. Поради ова, државата на централно ниво догодина ќе формира единица за надгледување и реализација на капиталните проекти со цел да се испорача високо ниво на реализација. Ова го спомена министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната...

Ковид-19 за неколку месеци успеа да го сруши деценискиот раст на авиосообраќајот во земјава [фото+инфографик]

Како гром од ведро небо, пандемијата на ковид-19 удри врз авиосообраќајот во меѓународни рамки и за само неколку месеци успеа да го сруши бројот на превезени патници во воздушниот сообраќај на нивото кое беше пред четири и пол децении. И во Македонија бројот на превезени патници со авион за првпат во изминатава деценија ќе забележи намалување, а разочарувачките податоци...

Поништен тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка, ќе се распишува нов

Владата се одлучи да го поништи тендерот за избор на изведувач за изградба на втората фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија. За изградба на пругата долга 34 километри меѓу Бељаковце и Крива Паланка од Коридорот 8 ќе се распишува трет по ред тендер за пронаоѓање на најповолен понудувач, но овој пат ќе се бара...

Владата ќе продолжи да го субвенционира „Визер“ по реактивирање на авио линиите

Владата на РСМ ќе продолжи со исплата на средствата за финансиска поддршка на „Визер“ за воведувањето нови летови од двата македонски аеродрома откако нискобуџетната авиокомпанија ќе ги реактивира авио линиите согласно уредбите и условите предвидени во Договорот склучен за периодот од 2019 до 2022 година, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. „Сакаме да потенцираме дека Министерството за...

Европската комисија не гледа напредок во реформите во транспортот, железницата со најмногу критики

Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година на Европската комисија (ЕК) е преполн со критики во областа на транспортот. И покрај тоа што е наведено дека Северна Македонија е „умерено подготвена во оваа област“, веднаш потоа во Извештајот се наведува дека потребна е зголемена политичка посветеност за да се испорачаат неопходните секторски реформи во транспортот и да...

Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром

Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. Ваквиот потег следува откако воведувањето на аеродромскиот воз влезе како проект...

Автобускиот превоз сардисан од проблеми, корона кризата дојде како капак на сè [мултимедија]

Празна чекална со по некој граѓанин што набрзина ќе го купи својот автобуски билет на билетарата и веднаш ќе се упати кон пероните. Ваква е сликата на главната автобуска станица во Скопје. Ги нема вообичаените гужви на патници, а поради празните перони граѓаните речиси е невозможно да го промашат автобусот за патување кон својата дестинација. Службените лица на влезот...

Се реконструира автопатот Петровец-Катланово, граѓаните бараат да се работи навечер

Јавното претпријатие за државни патишта ја започна реконструкцијата на автопатската делница Петровец-Катланово на патниот Коридор 10. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи на проектот вреден 7,2 милиони евра. Градежните екипи работат на рехабилитација на коловозот во вкупна должина од 10 километри во двата...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...