fbpx
Таг: министерство за транспорт и врски

таг: министерство за транспорт и врски

Македонија во 2023: Ако сакаш да патуваш, мора да одиш до станица за да си купиш билет

Скопје, тмурно саботно утро во февруари. Тројца пријатели испланирале дневно патување до Штип и се упатуваат на меѓуградската автобуска станица. На билетара дознаваат дека автобускиот превозник одлучил дента да пушти комбе наместо автобус, па наместо 50-тина, може да продаваат само 15 автобуски билети. Пријателите купуваат карта за нив, а позади остануваат граѓани кои не можат да купат билет, бидејќи...

Објавен нов повик за субвенции за авиолинии

Откако Комисијата за евалуација на понудите го поништи претходниот тендер, бидејќи констатирала дека авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ не ја доставиле пропишаната комплетна документација, Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период од 2023 до 2025 година. „Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се...

Објавен повик за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии, ќе се избираат повеќе компании

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 – 2025 година. На прес-конференцијата на која беа презентирани критериумите наведени во повикот, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека овој јавен повик е различен од сите преходни и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании, а повикот е во...

Производството на струја од сонцето не смее да нè остави без храна

Изградбата на соларни полиња и користењето на сончевата енергија за производство на струја е еден од најефикасните начини земјава да ја намали зависноста од увоз на струја. Енергертската криза која нè очекува уште еднаш нè потсети колку земјата заостанува во искористувањето и инвестициите во алтернативните извори на енергија, особено сонцето кое го имаме во изобилие. Најновите олеснувања на постапката...

Град Скопје одби да гради брз автобуски транспорт, со ребалансот повлечени парите за нов јавен превоз

Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ) во Скопје оти градските власти одбиваат да го реализираат проектот вреден 70 милиони евра, за кој веќе се обезбедени средства преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Инаку, претходното градско раководство во октомври лани го распиша меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија од Ново Лисиче до...

Со потпросечни патишта нема да привлечеме странски инвестиции

Висината на инвестициите и заинтересираноста на странски компании да работат во земјава директно зависат од развојот на патната и железничката инфраструктура. С. Македонија заостанува зад земјите од регионот по вложувањата, но и според состојбата на патиштата кои ги има. Стратешката позиција на земјава, во срцето на Балканскиот полуостров, каде се спојуваат патните правци кон Егејското море на југ, но...

Заеднички железнички граничен премин со Србија ќе се гради во Табановце, решение за арсенот нема

Полициските, царинските и фитосанитарните погранични контроли на патничките и товарните возови меѓу Македонија и Србија во иднина ќе треба да се вршат на заеднички железнички граничен премин, којшто е планирано да се гради до железничката станица Табановце. Објектот со површина од 2.500 метри квадратни треба допрва да се гради во земјава, а во него ќе бидат сместени полицајците, цариниците,...

ЗНМ и ССНМ реагираа за случувањата на скопскиот аеродром, Министерство за транспорт и врски се извини

ЗНМ и ССНМ се огласија со реакција, откако група на новинари, фоторепортери и сниматели од земјава утрово од страна на службите за обезбедување биле попречени да известуваат од слетувањето на првиот лет од Софија за Скопје на скопскиот аеродром. По нивната реакција, стигна и извинување од Министерството за транспорт и врски. Додека се одвивала промоцијата на авионската линија Скопје –...

Јавна расправа за измените на Законот за урбанистичко планирање бараат 35 организации

Министерството за транспорт и врски да организира јавна расправа за предложените измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, бидејќи дел од предложеното може да предизвика долгорочни штетни последици врз природата и животната средина. Ова е барањето на 35 невладини организации, граѓански иницијативи, академски и научни институции од земјава, кое е испратено во дописот до надлежното министерство. Повикувајќи се на...

Се озаконува градењето во селата во заштитени подрачја, реагираат екологистите

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ реагира на најновите измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање кои се предложени од Министерството за транспорт и врски, а за кои ова министерство не организирало јавна расправа. Пред два дена истече рокот за коментари по Предлог-законот прикачен на ЕНЕР, а од „Фронт 21/42“ имаат неколку забелешки. Меѓу нив, еколозите реагираат дека предложените...

Министерството за транспорт ја одзеде лиценцата на превозникот „Бога Транс“

По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе Решение за одземање на лиценцата за работа на  превозникот „Бога Транс“ од Скопје. „Министерството за транспорт и врски донесе Решение со кое привремено му се забранува вршење на дејност на превозникот, со што му се одземаат лиценците за внатрешен и за меѓународен превоз на патници, како и...

МТВ: Од давањето лиценца во јули 2018 година, „Беса транс“ не побарала да се впише ново возило

Министерството за транспорт и врски (МТВ) соопшти дека од превозникот „Беса транс“ БТБ од Скопје, чиј автобус изгоре ноќеска на автопатот близу Перник, Бугарија, при што загинаа 45 патници, од издавањето лиценца во јули 2018 година за меѓународен превоз на патници досега не добиле барање за впишување ново набавено возило во лиценцата, односно дека од тој период „Беса Транс“...

Бочварски: Над 91 процент од средствата во Буџетот за 2022 се предвидени за капитални проекти

Предлог Буџетот на Министерството за транспорт и врски за следната година е проектиран на 11,8 милијарди денари, од кои за капитални проекти се предвидени над 91 процент, односно 10,8 милијарди денари, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на презентацијата на предлог Буџетот на Министерството за 2022 година. Со Буџетот се предвидува да се оствари високо ниво на реализација...

Порталб: Ганиу не го исполни ветувањето за катни гаражи

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, го завршува својот прв мандат без да го реши проблемот со паркирањето, каде како решение понуди изградба на четири катни гаражи во општината. Но, иако остануваат помалку од два месеци до крајот на неговиот мандат, Ганиу не го исполни ова ветување. Порталб.мк упати прашања до Општина Чаир и Министерството за транспорт и врски во врска...

Во Европската година на железницата, со месеци не сообраќаат возовите за Кичево, Кочани и Приштина

Европската Унија ја прославува 2021 како Европска година на железницата, додека во Македонија се укинати или привремено не сообраќаат и малкуте патнички возови на пругите. Тековново лето нема експресни возови од Скопје кон Белград и Солун, а веќе неколку месеци не сообраќа ниту брзиот воз на релација Скопје-Приштина-Скопје. Бројот на возови за превоз на патниците е редуциран и во внатрешниот...

Ковид-19 пандемијата се стиши, бесплатните билети за воз за студенти и ученици останаа укинати

Бесплатните железнички билети за млади до 27 години, студенти и средношколци остануваат укинати. Поради ковид-19 пандемијата и наголемувачкиот број на заболени лица, Владата на РСМ лани одлучи од 19 март 2020 година времено да ги стави во мирување поволностите за бесплатно патување со воз за младите лица, во насока на спречување на ширењето на корона вирусот во земјава. По повеќе...

Во ноември ќе се потпише договорот со компанијата што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка

Постапката за избор на градежна фирма што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка на железничкиот Коридор 8 треба да се заврши до ноември годинава. Претквалификациската фаза заврши изминатава пролет, а во наредниот период тендерската документација ќе им биде доставена на претселектираните фирми, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Компаниите ќе имаат рок од 90 дена за...

Министерството за транспорт ги собра доставените предлози, се подготвува новиот закон за дивоградби

Министерството за транспорт и врски ги собра предлозите доставени од засегнатите страни во врска со законот за легализација на бесправно изградени објекти и легализацијата сега е во фаза на изготвување на нов закон. Од ова министерство за Порталб.мк потврдија дека по изготвување на законот, тој повторно ќе биде испратен до заинтересираните страни, за да достават дополнителни забелешки доколку имаат. „Ги...

Министерството за транспорт и врски подготвува целосно нов Закон за легализација на дивоградби

По одбивањето на претседателот Стево Пендаровски да го потпише указот за Законот за утврдување на правниот статус на нелегалните објекти и бројните реакции во јавноста, минатата недела Владата го повлече законот од Собрание. Но, Министерството за транспорт и врски подготвува целосно нов закон за легализација на бесправно изградените објекти. Ова за „Порталб.мк“ го потврдија од ова министерство, од каде...

Се вжештуваат реакциите на спротивставените страни за висококатниците кај Холидеј Ин

Секоја од спротивставените страни во однос на изградбата на висококатници на просторот спроти Холидеј Ин денеска излезе со пожестоки ставови во однос на темата. Жителите од Ново Маало, кои го поддржуваат инвеститорот МГ Фешн за изградба на трите висококатници, денеска до Владата на РСМ и Општина Центар доставија петиција со преку 330 потписи од жители на Ново Маало и...

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...