fbpx
Таг: министерство за правда

таг: министерство за правда

Советот за реформи во правосудството ја потврди методологијата за филтрација на судии и обвинители

На денешната седница на Советот за реформи во правосудството со која претседаваше министерот за правда Бојан Маричиќ, беше претставен и потврден Интерниот план на Судскиот совет за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за 2021 година, информираат од Министерството за правда. Дополнително биле потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на...

Државата најави ригорозни казни, ЗНМ бара за напади врз новинари да се постапува по службена должност

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе побара од Министерството за правда во новите измени и дополнувања на Кривичниот законик во делот за казни за напади врз новинари и медиумски работници, најавени од министерот за правда, Бојан Маричиќ, да се вклучи и проширување на надлежностите на обвинителството да постапува во овие случаи, пишува „Порталб.мк“. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски за...

Реформата на законодавството за клевета тргна од мртва точка

Реформата на законодавството за клевета и навреда, која е една од реформските приоритети во сферата на медиумите, тргна од мртва точка. По најавата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, на почеток на месецот, дека ќе се направи ревизија на законодавството што се однесува на поголема заштита на  новинарите, Работната група за ревизија на Законот за граѓанската одговорност за клевета и...

Порталб: Судиите и обвинителите ќе ги „чисти“ државата, но под надзор на ЕУ

Методологијата за чистење на судството се очекува да биде објавена на крајот на првите 100 дена од мандатот на министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во процесот се вклучени сите релевантни институции, под надзор на претставниците на Европската унија, пишува „Порталб.мк“. Министерството за правда работи на методологијата за чистење или филтрирање на судии и обвинители, бидејќи Европската унија не даде дозвола...

Судските такси од денеска намалени за осум пати

Денеска на сила стапува Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите, информираше на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ. „Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000 денари....

Октомври помина, состаноците за измените во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета не се одржаа

Иако од Министерството за правда беа планирани за октомври, состаноците на Работната група што ќе работи на измените и дополнувањата на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета не се одржаа месецов. Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) за „Мета.мк“ велат дека состаноците во рамките на оваа работна група не се одржани, иако им било најавено дека...

ВМРО-ДПМНЕ бара консултации за пописот, во спротивно нема да го поддржат неговото одржување

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека власта ја нема консултирано опозицијата за спроведување на пописот, предупредувајќи дека нема да го поддржат одржувањето на најавениот попис во април 2021 година. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат пописот да биде статистичка, а не политичка операција, и да се спроведе со почитување на европските критериуми за попис пропишани од ЕУРОСТАТ, која е институција за вакви...

Средба на министерот Маричиќ со британската амбасадорка Галовеј

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј. Како што стои во соопштението на Министерството за правда, на средбата, министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Обединетото Кралство во досегашните напори на Северна Македонија да изгради силни, транспарентни и ефикасни правосудни органи базирани на принципот на владеењето...

Маричиќ: До Нова година да се донесе законот, за во април догодина да се спроведе попис

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска најави дека до крајот на годинава ќе се донесе Законот за попис за да се создадат услови за одржување на попис во земјава во текот на април 2021 година. Маричиќ тврди дека има мали измени во предложениот закон, во однос на минатогодишната верзија, со која опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше. - Постои цврста определба...

Маричиќ најави реформи во судството и отворени советнички листи на локалните избори

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска одржа прес-конференција по повод добиеното мандатно писмо од страна на премиерот Зоран Заев. Во мандатното писмо на Маричиќ се наведени обврските и реформите кои треба да ги спроведе, а се однесуваат на судството и обвинителството, евроинтеграциите, Изборниот законик и подобрување на услугите кон граѓаните. Маричиќ смета дека независноста и ефикасноста на судската власт се клучни...

„Скапа струја, сиромашен народ“ е пораката од протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата (галерија)

Со транспарент „Скапа струја, сиромашен народ“ попладнево се одржа протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата кој во понеделникот го најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Протестниот марш, на кој присуствуваа неколку стотици граѓани, започна пред Министерството за правда, а заврши пред Регулаторната комисија за енергетика, каде и Мицкоски имаше говор. „Добредојдовте на овој прв од серијата протести кои што...

До крајот на годинава би бил готов нацрт-нов Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Ангажираниот експерт од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) месецов ќе ја предаде првичната верзија на анализата за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за правда. Во изминатиов период биле реализирани интервјуа со судии од Основниот граѓански суд во Скопје и Основниот суд во Велес, со Здружението на...

Цоневска: Министерството за правда внимателно да го утврди моделот за деполитизација на судството

Бојан Маричиќ, вчера ја презеде функцијата министер за правда и најави, како што рече, големи реформи во судството, како еден од најважните ресори во преговорите со Европската унија. Истражувачот на Институтот за европска политика (ИЕП), Ива Цоневска, оценува дека најавата на министерот е позитивна, но треба да се внимава на утврдување на моделот за чистење на судството, пишува „Порталб.мк“. Министерот...

ЗНМ предупредува за загрозување на добрата судска пракса за клевета

Основниот граѓански суд во Скопје од 1 септември годинава ќе ја смени досегашната добра практика за постапување по предметите поврзани со слободата на изразување, односно за тужбите за клевета и навреда против новинари. Досега тужбите за клевета против новинари беа судени од тројца обучени судии, кои од 2012 година, кога беше донесен Законот за граѓанската одговорност за клевета и...

Казните за навреда и клевета кон новинари треба да се минимални, но и да се работи на проверка на фактите

Министерството за правда е во процес на изработка на измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (ЗГОНК), а Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска организираше вебинар со експерти и новинари во функција на нивно консултирање за изработка на подобро идно законско решение. На вебинарот „Нови трендови во локален и регионален контекст во законодавството за клевета и...

Корона кризата ја одложи до септември изработката на новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Наместо до крајот на мај како што беше претходно предвидено, Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) ја одложила до крајот на септември изработката на анализата за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за правда. - Тоа е согласно методологијата за работа на експертот, кој при изработка на анализата планираше...

Тешките кривични дела во иднина ќе можат да се судат и во новата судница во затворот „Идризово“

Со поддршка на Европската Унија во рамките на ИПА акциската програма „Поддршка на Секторот Правда“, изградена е најголемата судница во државата во склоп на скопскиот затвор „Идризово“. Новиот дел од затворот се простира на 1.000 метри квадратни и има капацитет за вкупно околу 120 лица, информираат од Министерството за правда. Во посета на новата судница во „Идризово“ беа министерката за...

ЗНМ: Што поскоро да почне изработката на новиот предлог-Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) велат дека процесот на донесување на измени и дополнувања на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета треба да почне што поскоро, бидејќи нашата земја си зеде обврска да ги усвои уште во 2018 година. Министерството за правда формално го контактирало ЗНМ на оваа тема во јуни 2019 година, при што на...

До мај ќе се анализира примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Експерт ангажиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) до крајот на мај треба да изготви анализа за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со посебен акцент на релевантните меѓународни документи и анализа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, информираат од Министерството за правда. Во изработената анализа ќе...

Нова средба за Законот за ЈО за надминување на разликите помеѓу партиите

Работните групи на политичките партии денеска повторно ќе се сретнат за да се обидат да ги надминат разликите околу Законот за Јавно обвинителство. Во саботата до 12 часот беше рокот партиите да достават амандмани, при што некои од пратенички групи доставиле, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со дијалогот „Жан Моне“....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...