fbpx
Таг: министерство за одбрана

таг: министерство за одбрана

Изложба на воздухоплови в недела на аеродромот „Стенковец“, над Скопје ќе летаат борбени авиони

Граѓаните на Скопје и на Северна Македонија в недела ќе имаат уникатна можност одблиску да видат дел од воздухопловите кои се користат на вежбата „Swift Response 22“, која се реализира на армискиот полигон „Криволак“. Како што информираат од Министерството за одбрана, дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите AH-64 Apache, UH-60 Black Hawk, CH-47 Chinook, HH-60, Mi-17, Bell...

Синдикатот и Министерството за одбрана постигнаа договор, од мај стартува исплатата на додатоците

Договорот меѓу Синдикатот на одбраната и Министерството за одбрана за исплата на додатоците за прекувремена работа е финализиран. Исплатата на прекувремената работа која се однесува на сработеното во март ќе започне со априлската плата, која се исплаќа на почетокот на мај, пишува Порталб.мк. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Синдикатот имаат редовни и непосредни состаноци. Во рамките на овие средби,...

Пендаровски по повод 30 години АРМ: Сите сме свесни каква опасност се дезинформациите и пропагандата

Во споредба со почетоците, денес, имаме бројно помала, но борбено далеку поефикасна професионална Армија, која е многу подобро опремена и подготвена да се справува и со новите асиметрични и хибридни закани на 21 век, рече претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски на денешната трибина со која започнува одбележувањето на големиот јубилеј – 30 години од...

Порталб: На повидок решение за проблемот со платите на војниците, министерката Петровска и синдикатот постигнаа договор

Министерката за одбрана Славјанка Петровска даде зелено светло за решавање на проблемот за плаќање на надоместоците и прекувремената работа, за што стотици војници ја тужеа АРМ, тврдејќи дека во минатото не биле платени. Од синдикатот велат дека се задоволни од договорот, но истакнуваат дека треба да се види како ќе се реализира на дело, известува Порталб.мк. „На средбата што се...

Петровска: Нема одлука и нема да има одлука за испраќање војници во Украина

Имаме одлука за испраќање на помош во опрема и вооружување за Украина согласно нивни побарувања, но земјава нема донесено одлука за испраќање војници, таква одлука нема ни да има, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на одбележувањето на денот на баталјонот на специјални сили на Армијата, додавајќи дека одлуките се носат во НАТО и тие се почитуваат...

Министерката Петровска ќе се сретне со синдикатите во однос на барањата на војниците

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во текот на неделава ќе го покани на средба најрепрезентативниот синдикат во одбраната, а потоа ќе се сретне и со претставници на останатите синдикати, пишува Порталб.мк. „Ставот на министерката е дека правата на вработените мора да бидат заштитени и испочитувани. Во тој правец, меѓу другото, министерката ќе понуди решение за исплата на додатоците и прекувремената...

Средба Петровска-Пич: Со членството на Северна Македонија во НАТО, Балканот е постабилен и побезбеден

„Членството на Северна Македонија во НАТО ја зацврсти стабилноста и безбедноста на Балканот, а особено на Западниот Балкан. Со учеството на над 60 припадници на Армијата во НАТО мисијата на Косово, КФОР, придонесуваме во регионалната безбедност и цврсто сме посветени на вредностите на Алијансата како кредибилен сојузник“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со Стјуарт Пич,...

НАТО авионот за воздушно патролирање прелета над Скопје (Галерија)

Македонското небо од денес и официјално е дел од системот на НАТО алијансата за воздушно патролирање. Авионот АВАКС и борбените воздухоплови Ф-16 на НАТО денес прелетаа над главниот град со цел да демонстрираат како се изведува мисијата на Алијансата за воздушно патролирање над С. Македонија. АВАКСОТ слета на скопскиот аеродром, додека два авиона Ф-16 предвидено е да слетаат околу 15...

Стотици војници ја тужат државата, од МО се сомневаат дека мотивот е политички

Стотици вработени во Армијата на Северна Македонија, вклучително и професионални војници, ја тужат државата бидејќи, како што тврдат, не им се плаќа ноќниот труд. Притоа се повикуваат на Законот за работни односи. Од друга страна, Министерството за одбрана (МО) тврди дека надоместоците за ноќен труд се плаќаат по основ на Законот за одбрана, Служење во Армијата на РСМ и...

Целосното воено интегрирање на земјава во НАТО ќе се оствари следната седмица

Со потпишувањето на Заедничката декларација за интеграција на Северна Македонија во НАТО, следната седмица ќе се реализира целосната воена интеграција на земјава во Северноатлантската алијанса, информира Министерството за одбрана. „Процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО започна по потпишувањето на Протоколот за пристапување на нашата земја во Алијансата. Процесот на воена интеграција го следеше, координираше и имплементираше работна...

Министрите за одбрана на НАТО ги усвоија целите на способности за Северна Македонија

Министрите за одбрана на 30-те земји – членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности за Северна Македонија, за прв пат по членството на нашата земја во Алијансата, информираат од Министерство за одбрана. „Целите на способности го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите на НАТО-армиите. Тие се дел...

Десетина активни пожари низ земјава, Романија испраќа голем авион за гаснење пожари

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава информираат дека во моментов најлоша е состојбата со пожарите во Малешевијата, односно кај местото викано Света вода помегу селата Тработивиште и Разловци. Алармантна е и ситуацијата околу селата Будинарци и селото Мачево. Покрај помошта од Србија, Бугарија, Словенија и Австрија, најавено е дека Романија ќе испрати голем авион за гаснење пожари,...

Бугарија и Словенија испраќаат помош во земјава за гаснење на пожарите

Откако Србија во текот на вчерашниот ден се одлучи да испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите во земјава, најавено е дека помош денеска ќе пристигне од Бугарија и Словенија. По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите во Северна Македонија. Словенија испраќа...

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две децении долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан. По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во касарната „Илинден“ се одржа свечена церемонија на која...

Анализите покажаа дека вежбата Одлучен удар 21 на Криволак не предизвикала загадување на околината

Активностите во рамките на вежбата Одлучен удар 21, која што се одржа во втората половина од мај на полигонот Криволак, не предизвикале загадување на животната средина, покажа анализата на универзитетската лабораторија АМБИКОН, со која Министерството за одбрана воспостави редовна соработка за мониторирање на влијанието на вежбовните активности на Криволак, во делот на животната средина. Со цел да се анализира квалитетот...

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 100 професионални војници

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на 100 нови професионални војници во Армијата на РСМ, информираат од ова министерство. Рокот за пријавување на заинтересираните лица е 15 дена, а критериумите за пријавување на кандидатите се: да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат завршено средно образование, да не се постари од 25 години од денот на...

Порталб: Со членството во НАТО, буџетот на Министерството за одбрана бележи пораст [инфографик]

Буџетот на Министерството за одбрана, една година по членството на земјата во НАТО е зголемен за 0,2 отсто од БДП. Порталб.мк направи детална анализа за тоа колку се зголемени буџетските средства од 2020 година за секоја област во ова министерство. Буџетот за 2021 година е зголемен за 964 милиони денари, во споредба со претходната година, што претставува зголемување од 0,2...

Буџетот за одбрана е за една третина повисок во однос на 2014 година [инфографик]

Македонскиот буџет за одбрана во 2020 година бил за 30 отсто повисок од оној во 2014 година, покажуваат споредбените податоци на НАТО. Скокот, всушност, се случил во 2019 година, кога буџетот за одбрана бил 130 милиони долари, за 29 милиони повеќе од претходната година. Во тој период, одбраната имала најнизок буџет во 2017 година, кога изнесувал околу 94 милиони долари...

Американскиот секретар за одбрана Остин до Шекеринска: Северна Македонија е наш ценет пријател и сојузник

Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави Лојд Остин испрати писмо до министерката за одбрана Радмила Шекеринска во кое се заблагодарува на честитката за неговото именување на функцијата секретар за одбрана и ни ја честита претстојната годишнина од членството во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. „Северна Македонија е ценет пријател и сојузник и очекувам да ја продлабочиме нашата соработка...

Одбраната си ги реконструира објектите – реновирана зградата на Ренџерите

Зградата од 4.000 квадратни метри во која се сместени Ренџерите на АРМ е целосно реконструирана, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, која го посети ренџерскиот павилјон во скопската касарна Илинден. Со реконструкцијата, вредна 45,5 милиони денари, е поставена нова електрична и инсталација за греење, хидроизолација и целосна термичка изолација, обнова на санитарните јазли, нов под... - Откако го...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...