fbpx
Таг: министерство за надворешни работи

таг: министерство за надворешни работи

МНР ги отфрла наводите за нови обврски со Бугарија надвор од Протоколот

Министерството за надворешни работи, во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, информира дека со внимание го следи процесот на формирање на бугарската службена влада и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што наведува дека охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на...

Русија коментира за донираните тенкови на Украина од земјава, МНР и Министерството за одбрана реагираат

Русија смета дека донацијата на Македонија на тенковите „Т-72“ на Украина е „голема грешка што само ќе помогне во криминалните дејствија на режимот во Киев“. Ова го изјавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, а го пренесуваат руските медиуми. „И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното...

Грчко учество на „Скопско лето 2022“ под слоганот „Вложуваме во културата која нѐ спојува“

За првпат после многу години на фестивалот „Скопско лето“ 2022 ќе има и грчко учество под покровителство на Генералниот секретаријат за грчка дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни работи и со поддршка од Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Во среда, 6 јули 2022, во 21:00 часот, јавноста ќе има можност да...

Бујар Османи на средба со Габриел Ескобар, разговарале за европската перспектива на земјава

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на Преспа форумот за дијалог во Охрид, се сретна со заменикот-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На средбата присуствувале и амбасадорот Мајкл Карпентер, постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери...

Опожарен бугарскиот Културен центар во Битола, обвинителството издаде наредба за истрага

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, извршија увид во објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, каде во раните утрински часови се случи пожар. „Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење....

[Видео] Досега во земјава пристигнале 51 украински државјанин, организиран настан за хуманитарна помош за Украина

Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија денеска на хуманитарен настан за собирање помош за Украина кој се одржа во Логистичкиот центар на Црвениот Крст во Момин Поток потпишаа Меморандум за соработка за поефикасна координација. Министерот за надворешни работи Бујар Османи се заблагодари на Црвениот крст, како и на стопанските комори кои почнаа со своите активности...

Контраспин: Наспроти изјавите на Бујар Османи, МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, на 7 март при гостување во ТВ21 се согласи со својот украински колега дека „руската нафта е крвта на  Украина“, додавајќи дека „купувањето руски гас ја финансира руската армија“. Сепак, иако бил информиран за точниот ден на руската инвазија на Украина, министерството со кое раководи тој, само еден ден...

МНР потсетува: Учеството во било која странска војска е кривично дело

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ги потсетува граѓаните дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело. Ова се случува откако Украинската амбасада во Скопје го објави повикот на Министерството за надворешни работи на Украина, но и на претседателот на Украина Володимир Зеленски за доброволно учество во...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува дека МНР не прави ништо за да ги извлече македонските граѓани од Украина

Досега се извлечени 50 македонски граѓани откако почна руската инвазија врз Украина, од вкупно 100 колку што живеат на оваа територија. На 24 февруари, кога и официјално почнаа руските напади, министерот Бујар Османи упати апел до сите македонски граѓани да се обратат за помош во амбасадата, а потоа започна и нивната евакуација, наспроти тврдењата на Стефан Андоновски, секретар за...

МНР: Обезбеден транспорт на наши државјани во Одеса

Од Министерството за надворешни работи информираат дека во соработка со партнерски земји обезбедиле транспорт за евакуација на нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Одеса, Украина. „Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273...

МНР: Ги следиме состојбите и ќе делуваме во најдобар интерес за заштита на нашите државјани во Украина

На сите државјани на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои се наоѓаат во кризни региони во Украина и кои ќе побараат привремена заштита и сместување, а немаат свое сместување во Северна Македонија, Министерството за надворешни работи во координација со Министерството за труд и социјална политика ќе овозможи привремено сместување во капацитети кои ќе ги обезбеди државата,...

Обединетото Кралство и Франција со нови ковид-протоколи за влез на македонски државјани

Министерството за надворешни работи информира дека со новите ковид-протоколи во Обединетото Кралство (ОК) на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во Обединетото Кралство. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници. „ОК го прифаќа нашиот...

Средба Османи – Пич: Обединетото Кралство е посветено на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, кој е во прва работна посета на нашата земја, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). „Соговорниците разменија мислења за актуелните внатрешно - политички состојби во земјава, но и во регионот, како и...

Османи утре во Лондон на состанок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи од Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на состанокот како специјални гости...

Во пресрет на утрешниот Ден на Европа, младите со порака до ЕУ: Вам ви е редот!

Во пресрет на 9 мај, Денот на Европа, Министерството за надворешни работи денеска организираше платформа на која им беше дадено на младите од земјава да испратат пораки до Европа поврзани со европските интеграции на Република Северна Македонија. Во своите обраќања, младите на сопствен начин го потенцираа незадоволството од предолгото стоење во чекалната на ЕУ, упатувајќи емотивни пораки за нивните европски...

Османи: Земјава има значајно место во франкофонското семејство, францускиот јазик е неминовна иднина во ЕУ

Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа изложба на фотографии „50 години Франкофонија - поглед од Северна Македонија” по повод прославувањето 51 година од основањето на Франкофонијата. На настанот се обрати министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој посочи дека фотографиите го покажуваат патот на Северна Македонија кон Франкофонијата и ја преведуваат и пренесуваат вложеноста во...

Бугарско МНР: Нашата позиција за Северна Македонија нема да се промени

Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Северна Македонија во следните месеци, вели бугарското министерство за надворешни работи (МНР) за бугарскиот весник „Труд“. Во одговорот се вели и дека ниту една бугарска влада не може да ги предаде 88 540 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарски пасоши. „Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на...

Борисов: Историјата да биде мост на пријателство, а не скршен мост по кој Македонија не може да премине

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Борисов порача дека од Бугарија сме имале и ќе имаме најголема поддршка и треба да направиме така, историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не...

Бугарија протера двајца руски дипломати поради шпионажа на нејзината армија

Бугарското министерство за надворешни работи протера двајца руски дипломати за кои обвинителите се сомневаат дека биле вмешани во шпионирање, давајќи им 72 часа да ја напуштат земјата. Двајцата дипломати барале класифицирани информации за плановите за модернизација на армијата и за одржување на воената опрема од 2016 година и имале за цел информациите да ги пренесат на странска држава или странска...

Македонија и Бугарија во следниот период ќе го интензивираат политичкиот дијалог на повеќе нивоа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, информираат од МНР. „Двајцата министри се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа во претстојниот период. Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна Бугарија, од заемен интерес за...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...