fbpx
Таг: министерство за култура

таг: министерство за култура

Министерството за култура ги објави резултатите од конкурсите за финансирање на проекти

Министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска денеска одржа прес-конференција за објавување на резултатите од „Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година“. Таа го истакна трудот на членовите на комисиите одговорни за избирањето на добитничките апликации, кои како што нагласи, го задржале високото ниво на професионалност и етичност. „При селекцијата...

Порталб: Случајот „Плагијати“ не добива епилог, сите патишта водат кон Универзитетот во Тетово, таму молчат

Поминаа повеќе од седум месеци откако магазинот „Веритас“ го објави случајот со плагијати на професори од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово (УТ), но овој случај сè уште не добива епилог. Просветниот инспекторат, Министерството за образование и наука и Министерството за култура велат дека не се надлежни да утврдуваат дали професорите имаат извршено плагијати на научни трудови. Случајот требало...

Започна првата фаза од конзервацијата и реставрацијата на скопскиот Аквадукт

Еден од главните симболи на македонскиот главен град - Скопскиот аквадукт од денеска влезе во процес на конзервација и реставрација. Министерката за култура Ирена Стефоска, придружувана од директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов и директорот на Конзерваторскиот центар - Скопје Коле Чапкановски, денеска ја презентираа реализацијата на првата фаза од овој проект, информираат од Министерството...

Ќе се дигитализираат над 5 милиони записи на Институтот за македонски јазик

Министерството за култура на Република Северна Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) почнаа процес за забрзано дигитализирање на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, заради заштита, категоризација и ревалоризација на културното наследство на македонскиот јазик. Предизвикот е наменет за претпријатија кои можат да понудат иновативно решение – сами или во соработка со установа која врши...

По пауза од една година, манифестацијата „Галичка свадба“ ќе се одржи на 17 јули во Галичник

По пауза од една година поради ковид пандемијата, претстојниов викенд продолжува традицијата на одржување на прочуената културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. На годинешното 47. издание, судбоносното „да“ во Галичник ќе го кажат Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник. „Ние сме многу среќни што се создадоа услови оваа година да продолжиме со оваа вековна традиција на Мијаците,...

Промотивни настани на тема „Креативна Европа Дома“, на 8, 9 и 15 јуни

Министерството за култура (МК) соопштува дека на 8, 9 и 15 јуни 2021 година во НУ Музеј на современата уметност – Скопје и во ЈУ Младински културен центар (МКЦ), организира промотивни настани на тема „Креативна Европа Дома“. Тие се посветени на искуствата во спроведувањето на програмата Креативна Европа – Култура на ЕУ и на нејзината рефлексија на национално и...

Потпишан Меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и постивизантиски споменици

Во Солун денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура на Северна Македонија (МК) и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици. Меморандумот го потпишаа министерката за култура, Ирена Стефоска и претседателката на Управниот одбор на овој Центар, Наталиа Пулу. „Денеска го направивме првиот формален чекор од она што се нарекува ново поглавје во културната соработка меѓу нашите...

Министерство за култура: Договорот за Оф фест е навремено доставен, организаторите не го потпишаа

По објавата на организаторите на фестивалот Оф фест дека настанот се одложува единствено поради тоа што Министерството за култура не им е исплатило аванс, а договорот доцнел, од ова министерство реагираат со соопштение. Оттаму велат дека договорот е навремено доставен, но организаторите не го потпишале а поднеле и забелешки. Од Министерството за култура соопштија дека имаат разбирање за сите потешкотии...

Струмица е организатор на „Град на културата“ за оваа година

Општината Струмица оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот Конкурс на Министерството за култура. На Конкурсот беа пријавени општините Струмица, Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар. Стручната комисија од ова министерство оцени дека сите пријави имаат солидно конципирана програмска содржина и внимателно дефиниран буџет и предложи, со богатата и разновидна програма и со буџетот...

Владата го прогласи Аквадуктот во Скопје за споменик со највисок степен на заштита

Владата на Република Северна Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години бил закочен во надлежнитe...

Порталб: Здружението „СОС ВИТА“ бара од Министерството за култура да им се исплатат пари за проект кој го добиле лани

Здружението на лицата со посебни потреби „СОС ВИТА“, вчера пред Министерството за култура одржа прес-конференција во знак на револт бидејќи не им се префрлени средствата во износ од 290.000 денари за проект што го добиле во 2020 година. Тие побараа од премиерот Зоран Заев и министерката за култура, Ирена Стефоска да ги префрлат средствата што е можно поскоро, известува...

„Порта Македонија“ повеќе не е дел од културното наследство, власта треба да ја одреди нејзината иднина

Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“ од Регистарот на недвижно културно наследство на земјава, објавува „Независен.мк“. Со тргнувањето на заштитата на Триумфалната порта, се отвора можноста за рушење на ова здание од „Скопје 2014“, кое узурпира јавен простор и е поставено на среде раскрсница меѓу улиците „11 Октомври“ и „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје. Градоначалникот на...

Викендов срушени поранешната дискотека и ресторанот „Парк“ во Охрид

Викендов со помош на тешка механизација беа срушени некогашната дискотека и ресторанот „Парк“, кои беа дел од комплексот кој повеќе не постои на просторот на Горица Еден. Ресторанот „Парк“ беше објект изграден според наградуваниот проект на познатиот охридски архитект Павел Балабан. Иако претставниците на граѓанското здружение „Охрид СОС“ поднесоа иницијатива до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и...

Објавени резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата

Министерството за култура денеска ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година. По тој повод, министерката за култура Ирена Стефоска одржа прес-конференција на која посочи дека за распределба на 11 милиони евра пристигнале рекордни 6.352 апликации. Стефоска посочи дека конечно, доделени се толку средства со колку што располага Министерството, односно за...

Министерство за култура раскинало договори вредни 1,147 милиони евра, другите исплати се блокирани

Министерството за култура соопшти дека во периодот од 1 септември минатата година до крајот на минатиот месец, поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација, раскинало договори во вкупен износ од 70.776.722,00 денари, односно 1,147 милиони евра. Исто така, сѐ додека не завршат финансиските контроли, сите исплати кон другите корисници ќе бидат замрзнати. По внатрешната ревизија што министерството ја извршило, наодите...

Стефоска за буџетот во културата: Прво да преживееме за после да можеме да работиме

Пари за здравството за да може непречено да функционира, па потоа за другите области. Со државниот Буџет за 2021 година е скратено од буџетите на сите министерства, за да има доволно средства за здравството. Ова е одговорот на министерката за култура Ирена Стефоска, на новинарско прашање колку е скратено од буџетот за култура. „Буџетот за следната година е горе-долу во...

Обезбедени средства за реконструкција на Универзална сала во постојниот облик и габарит

Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2020 година од страна на парламентарното мнозинство на предлог на Владата, за реконструкција на Универзална сала се предвидоа 120 милиони денари буџетски средства. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти плановите на Град Скопје за реконструкција на објектот на Универзалната сала. - Со обезбедувањето на буџетските средства конечно се создадени услови за...

На 27 август започнува фестивалот „Џез викенд“ во Прилеп

Со премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb” од Велибор Педевски, на 27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започнува деветтото издание на „Jazz Weekend“. Фестивалот ќе трае до 29 август, а поради актуелната ситуација со ковид-19 пандемијата, бројот на посетители оваа година ќе биде ограничен и според квадратурата на...

Имаме богато железничко наследство, но немаме музеј и интерес за да го зачуваме (галерија)

Денот на македонските железничари и годинава беше симболично одбележан на 9 април. На овој ден, во далечната 1873 година се воспоставил сообраќајот на првата железничка линија меѓу Скопје и Солун. По 147 години од основањето на железницата во земјава, Македонија заедно со Албанија се последните земји во Европа кои немаат локација каде што може да се одбележи овој ден....

Продолжува одолговлекувањето на постапката за изградба на новиот Центар за култура во Тетово

„Доколку првата фаза на работа не биде завршена до крајот на декември, ќе следуваат казни“, беа зборовите на директорот на Центарот за култура во Тетово во ноември минатата година. Сепак, декември помина и првата фаза не заврши, а немаше ни казни. Министерството за култура веќе три месеци ја одложува постапката за започнување на работите за втората фаза на новиот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...