fbpx
Таг: министерство за финансии

таг: министерство за финансии

Грчкото министерство за финансии издаде хартии од вредност првпат по 2014 година

Министерството за финансии на Грција објави емисија на нови хартии од вредност деноминирани во евра, со фиксна каматна стапка и рок на достасување во 2022 година, јавуваат грчките медиуми. Ова е прво издавање грчки хартии од вредност од 2014 година, бидејќи Грција загуби пристап до пазарот на обврзници поради високите каматни стапки. Владата во Атина ангажирала шест банки да управуваат со...

ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, велат од компанијата

АД ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, односно кон економските субјекти со кои има воспоставено деловни односи, се вели во реакцијата на компанијата, откако вчера Министерството за финансии го објави долгот на државните институции, а за ЕЛЕМ посочи дека должи 641 милион денари. „Акционерското друштво во државна сопственост ги испрати бараните податоци до Министерството за финансии со пресек заклучно...

Јована Аврамовска е новa портпаролка на Министерството за финансии

Новинарката Јована Аврамовска е нова портпаролка на Министерството за финансии. Аврамовска била новинар во телевизија „Сител“, а на јавноста ѝ е позната по емисијата „Фчерашни новости“. Таа дипломирала на Економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што професор ѝ бил актуелниот министер за финансии, Драган Тевдовски. Транспарентноста и отчетноста за трошењето на јавните пари е една од целите што...

Владата го усвои ребалансот на буџетот, се очекува Собранието да го изгласа до Илинден

Влaдата на денешната седница го усвоила ребалансот на државниот буџет за 2017 година, кој ќе биде доставен во Собранието на Република Македонија, кое треба да го изгласа, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Како што рече премиерот, ребалансот е резултат на сеопфатната и детална анализа на Министерството за финансии, а целта, истакна тој, е да се отстранат разликите меѓу она што е...

Буџетот и јавниот долг достапни на веб-страницата на Министерството за финансии

Министерството за финансии информира дека на неговата веб-страница се направени промени на структурата, па сега на посетителите лесно достапни ќе им бидат извршувањето на буџетот, како и јавниот долг и долгот на државата. „За да се подобри транспарентноста и отчетноста на јавните финансии, на официјалната интернет-страница додаден е посебен оддел „Статистика“, во кој лесно достапни се сите поважни информации, како што...

Министерството за финансии го отплати заемот од „Дојче банк“

Министерството за финансии соопшти дека денеска во целост го отплатило заемот од „Дојче банк“ од 2012 година, во висина од 77,3 милиони евра. Со оваа исплата, јавниот долг ќе се намали за 0,7 процентни поени од домашниот бруто-производ, се вели во соопштението. „Заемот беше со каматна стапка од 6,4 проценти и беше наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и за рефинансирање на...

Министерството за финансии реагира на поскапувањето на сметководствените услуги

Министерството за финансии реагира на одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), со која значително се зголемува висината на минимални трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги. Одлуката е донесена на 19 мај годинава. Од министерството реагираат дека институтот има право да ги утврди само критериумите за утврдување на цената, но...

Министерство за финансии ќе позајмува повеќе пари дома, а може да издаде и еврообврзница

Од почетокот на мандатот новата влада не се задолжи дополнително заради покривање на буџетскиот дефицит, туку преку продолжување на роковите на хартиите од вредност што достасуваат, а наскоро ќе се задолжува и на домашниот пазар, рече на денешната прес-конференција министерот за финансии, Драган Тевдовски. - Од моментот на стапување на должност на новата влада, Министерството за финансии не креираше ново задолжување,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немаат легитимитет да зборуваат за цената за еврообврзницата

„СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата. Поради нивната антидржавна политичка кампања што ја водеа минатата година, сега граѓаните плаќаат 20 милиони евра повисока камата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерство за финансии. Од партијата додаваат дека „пазарот на пари беше и тогаш и сега ликвиден, односно има пари, но СДС...

Финансиските пазари позитивно гледаат на политичката стабилизација во Македонија

Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија, информираат од Министерство за финансии. Оттаму велат дека показател за тоа е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари. „Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување.Така, стапката на принос на последната еврообврзница што доспева...

Министерот за финансии разговарал со ЕБРД за понатамошна поддршка на Македонија

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска со својот економски тим имал средба средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) предводени од Анка Јоана - Јонеску, директор на ЕБРД надлежен за Македонија. „На средбата и двете страни се согласија дека со заеднички заложби треба да се поддржат реформите во инфраструктурата и енергетиката, а воедно да зајакне финансирањето...

Тевдовски: Буџетот е тенок, но има пари за плати и за пензии

На сметката на буџетот заклучно со 31 мај има 6,5 милиони евра, а на девизната сметка 209 милиони евра, пари од еврообврзницата, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека во буџетот има доволно пари за сервисирање на тековните трошоци и за исплата на плати и на пензии. Парите од еврообврзницата, пак, ќе се користат за враќање на...

Економскиот тим на Министерството за финансии се сретна со гувернерот Богов

Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретнал со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, информираат оттаму. Тие разговарале за унапредување на соработката помеѓу Министерството за финансии и Народната банка и за важноста на координацијата на фискалната и на монетарната политика за економскиот систем. На средбата, и двете страни ја потврдиле заложбата за одржување на макроекономската стабилност и за спроведување политики...

Заложбите за фискална консолидација и за транспарентност на буџетот, поздравени од ЕК

Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретнал со делегација на Европска комисија, предводена од амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. „Посебен осврт беше даден на донесување на стратегија за управување со јавни финансии, за што ЕК ги поздрави заложбите на Министерството за финансии за што поскоро донесување на овој значаен документ, каде приоритет ќе бидат фискалната...

Министерство за финансии денеска исплатило заостанати субвенции и студентски стипендии

Министерството за финансии денеска на сметките на 301.660 пензионери исплатило 4 милијарди 174 милиони денари пензија за мај, информираат оттаму. „Денеска се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните пет месеци во висина 118,2 милиони денари. Исто така, денеска Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади...

Министерството за финансии исплатило 13 милиони евра субвенции на земјоделците

Министерството за финансии исплатило 463 милиони денари (7.528.455 евра) субвенции за земјоделците за 2015 година и 364 милиони денари (5.918.699 евра), за дел од 2016 година, соопштуваат оттаму. „Целосно се намирени обврските за субвенции заклучно со 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органзко производство и за рурален развој. Во рамки...

СДСМ: Јавниот долг во првиот квартал од годинава е зголемен за 28,3 милиони евра

Јавниот долг во првиот квартал од 2017 година во апсолутен износ е зголемен за 28,3 милиони евра, а во најновиот извештај Министерството за финансии лажно сака да прикаже негово намалување пресметано како процент од домашниот бруто-производ (БДП), велат од СДСМ. Оттаму додадваат дека иако пред 40 дена, Министерството за финансии јавно се огради од методологијата на пресметка на БДП на...

Николовски: Земјоделците и нивните семејства ќе го дочекаат Велигден без пари

„Освен што се блокирани сите процеси во државата, и граѓаните се економски загрозени. Меѓу нив се земјоделците кои сè уште не ги имаат добиено субвенциите за минатата година, а многумина од нив и за претходните неколку години“, изјави на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој додаде дека поради несериозноста и неодговорноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните пратеници,...

СДСМ: Миноски без потреба ги задолжи граѓаните за уште 6,56 милиони евра

„Министерството за финансии денеска ги задолжи граѓаните со нов нето-долг од 6,56 милиони евра. Техничкиот министер за финансии во заминување, Кирил Миноски, ќе мора да објасни пред граѓаните зашто ги задолжи со нови 6,56 милиони евра, ако се знае дека оваа недела нема доспеани обврски за враќање“, порача СДСМ. Партијата вели дека е недозволиво да се врши неконтролирано и нетранспарентно...

СДСМ: Власта лаже за БДП и за долгот, по критиките од Хан за штетите врз економијата

„За кратко време ќе има ревизија на објавените податоци од страна на Министерството за финансии и од страна на Државниот завод за статистика, за сите економски показатели што се обидува да ги крие власта во заминување, во обид да ги покрие катастрофалните резултати во економијата“, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму велат дека Министерството за финансии прикажува намалување на јавниот и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...