fbpx
Таг: министерство за финансии

таг: министерство за финансии

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава

Агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ со стабилен изглед. Во својот најнов извештај агенцијата нотира дека економскиот раст на среден рок ќе се стабилизира, а значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокот во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за...

Заокружен процесот на издавање граѓанска обврзница – на аукцијата учествувале 1.283 граѓани

Процесот на издавање на првата емисија на граѓанската обврзница денеска успешно заврши со одржување на аукцијата на која беше запишан износ од 1.448.030.000 граѓански обврзници, што е двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот за граѓанската обврзница во износ од 600 милиони денари, соопшти Министерството за финансии. „Интересот беше голем за овој нов иновативен производ на финансискиот пазар....

На повидок нова давачка, Владата повторно во игра го става Законот за солидарност

Владата на вчерашната седница го утврдила текстот на Предлог-законот за данокот на солидарност, информираат од владината прес служба. Преку плаќањето на овој вид т.н. данок на екстра профит, компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата. Целта на овој Предлог-закон, како што информира Министерството за финансии, е секој да учествува...

Синдикатите и Владата постигнаа договор – 10 отсто повисоки плати за вработените во јавниот сектор

Постигнат е договор помеѓу синдикалните организации и Владата на вчерашната средба во Министерството за финансии, кога двете страни го дефинираа моделот за раст на платите на вработените во јавната администрација. Вработените во јавниот сектор од септември ќе добиваат 10 отсто повисоки плати, но и регрес за годишен одмор. Зголемување ќе има за сите работници, но не и за функционерите кои...

Нови 100 милиони евра кредит за малите и средни претпријатија за да се справат со кризата

Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка обезбеди Владата, а парите се наменети за малите и средни претпријатија да можат да ги надминат проблемите кои произлегуваат од енергетската и економска криза, соопштија од Министерството за финансии. Вчера во Собранието беше усвоено законското решение за гаранција за договорот за заем на овие средства, подготвено од Министерството за финансии. „Со овие...

Бесими: Интензивно се дискутира за системско решение за раст на платите во јавната администрација

Единствено одржливо решение кое ќе обезбеди раст на платите на вработените во јавниот сектор е системско решение заеднички усвоено и дефинирано со синдикатите. Парцијално или индивидуално решение ќе го оневозможи таквото системско решение кое е неопходно во правец на континуиран раст на платите. Ова денеска во изјава за медиумите го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, посочувајќи дека во рамки...

„Трезорот не е хакиран“ – Министерството за финансии ја демантира Арсовска

„Не е вистина дека е хакиран, трезорот работи“, велат од Министерството за финансии, откако градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска завчера на седница на Совет на Град Скопје рече дека ниту една институција не може да си наплати побарувања, бидејќи имало хакерски напад врз Министерството за финансии.  „Зошто никој не зборува за хакерскиот напад на Министерство за финансии, три недели...

Бесими: Граѓанските обврзници се безризична инвестиција која ќе им донесе приноси на граѓаните

Граѓанските обврзници се безризична инвестиција којашто ќе им донесе приноси на граѓаните и ќе ја заштити вредноста на нивните заштеди од ефектите од инфлацијата и ќе ја унапреди севкупно сигурноста на нивното портфолио. Овие долгорочни хартии од вредност, што државата ќе почне да ги издава следниот месец, ќе донесат голем број придобивки, како за граѓаните, така и за економијата....

Наредниот месец ќе се издадат првите обврзници наменети за граѓаните

Државата во наредниот месец ќе ги издаде првите обврзници наменети за граѓаните. Се прават последните подготвки за издавање на овој финансиски инструмент, а граѓанската обрзница ќе биде двегодишна, на износ од минимум 10.000 денари, со каматна стапка која ќе биде дефинирана во наредиот период. Ова го соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новинарите. „Целта на издавањето...

Матурските тестови не се испечатени, нема да се стаса за полагањето на 27 мај

Се бараат нови датуми за полагање државна матура. Штрајкот за поголеми плати на вработените во Државниот испитен центар, го одложува полагањето на првиот екстерен испит по мајчин јазик, кој согласно календарот за матура, треба да се случи на 27 мај. Како што денеска во изјава за медиумите кажа Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и советничка во ДИЦ, неуспешно...

Новата еврообврница е, сепак, поскапа од пропаднатата од февруари

Најдобар доказ за тоа дека новата еврообврзница е поскапа од претходната во делот на каматите и дека вкупно државата ќе отплаќа повеќе е изјавата што ја даде еден од инвеститорите во повторената аукција: „Благодарам  што сега ми плаќате подобро!“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Министерството за финансии тврди во јавноста дека со новата еврообврзница не...

АНАЛИЗА Нови, ревидирани, прогнози – растот ќе забави, годинава треба да вратиме долг од 845 милиони евра

Забавување на економскиот раст, пониска инфлација во однос на лани, но повисока во однос на првичните прогнози за годинава, буџетското салдо со подлабока дупка... Ова се дел од новите проекции во ревидираната Стратегија за 2023-2025 година (со изгледи за 2027), пишува Порталб.мк.   Почетокот на преговорите со ЕУ – позитивен сигнал за инвеститорите Прогнозата за 4,5 отсто економски раст за оваа нова...

Петта година се зборува за оддалечување на казината и обложувалниците од училиштата, но не се презема ништо

Веќе петта година по ред се зборува за ограничување на отворањето на казина и обложувалници во близина на школите во земјава, но засега ништо не е преземено во оваа насока. Покрај ваквата мерка предложена од Министерството за финансии на почетокот од 2018 година, и партијата Алијанса за Албанците пролетва поднесе свој предлог-закон со кој предложи игрите за среќа да...

Владата ѝ вратила на Европската комисија 1,75 милиони евра заради нерегуларности

Минатата година, поради утврдени нерегуларности со финансиите од ИПА, Владата извршила поврат на пари кон Европската комисија во износ од 108.229.000 денари или повеќе од 1,75 милиони евра, пишува во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Министерството за финансии. Како што енаведено, во 2016 година, Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, спровела истрага за фирма-добавувач која има склучено...

Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза, рече заменик-министерот за финансии Филип Николоски образложувајќи го предлогот за ребаланс. Како што додаде тој, за нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им е најпотребна, се обезбедуваат...

Нобеловецот Пол Кругман на крајот од мај доаѓа во Скопје на Економскиот и финансиски форум

Американскиот професор, економист и автор Пол Кругман, лауреат на Нобеловата награда, доаѓа во Скопје на годинешната конференција на Економскиот и финансискиот форум што ќе се одржи на 30 и 31 мај. Кругман ќе има свое 30-минутно обраќање на отворањето на годинешната платформа за дијалог на економски и финансиски теми, која минатата година ја иницира Министерството за финансии на Република...

ЕБОР ги обезбеди средствата за изградба на регионалните депонии во земјава

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди поволни средства во вредност од над 200 милиони евра за реализација на регионалните проекти за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје-Блаце. Станува збор за клучни проекти кои државните власти две децении бараат средства за нивна реализација. „Предлог законите за обезбедување на средствата од оваа меѓународна финансиска...

Агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на „ББ+“ со негативен изглед

Министерството за финансии денеска информираше дека Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотирала добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долгоодржуваниот фиксен девизен курс. „Задржувањето на кредитниот рејтинг е особно значајно за државата во услови на глобална криза, а негативниот изглед ги рефлектира ризиците со...

Владата одлучи цената за приватизација на градежното државно земјиште да ја зголеми и до 30 пати

Наместо по почетна цена од 61 денари за метар квадратен, приватизацијата на градежното државно земјиште кај комерцијалните градби ќе се одвива за 13.140 денари за метар квадратен, доколку се реализира во услови на стекнато корисничко право и се спроведува преку Управата за имотно-правни работи, одлучи владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за финансии. Од Министерството за финансии информираат...

Владата засега не добила информација од Град Скопје за прекинување на тендерот за БРТ-то, став допрва ќе гради

Владата на РСМ и Министерството за финансии засега немаат добиено информација од Градот Скопје дека планираат да ја прекинат реализацијата на проектот за воведување Бас рапид транзит - БРТ во Скопје, односно дека се откажуваат од автобуското метро. „Доколку Владата и Министерството за финансии добијат официјално известување од страна на Град Скопје, дополнително ќе се произнесат за истото и воедно...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...