fbpx
Таг: министерски состанок

таг: министерски состанок

Почнува 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

Од денеска до петок во Скопје ќе се одржи 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ, на кој ќе учествуваат делегации од 57-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Во Скопје се очекува да присуствуваат околу 1.000 учесници, вклучувајќи ги американскиот државен секретар Ентони Блинкен, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Здружението „Лесја Украинка“ протестира за доаѓањето на Лавров во Скопје

Здружение на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ изразува решителен протест во врска со најавената посета на земјата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој планира да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Тие се незадоволни од владиното образложение за пристигнувањето на Лавров во Скопје. „Иако од Владата тврдат дека доаѓањето...

МВР ги објави улиците кои ќе бидат затворени утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“...

Украина и балтичките земји ќе го бојкотираат самитот на ОБСЕ поради доаѓањето на Лавров

Одлуката да му се дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да присуствува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје доведе до бојкот на присуството на настанот од Украина и од балтичките земји, пренесува Гардијан. Украина денеска побара Русија да биде исклучена од ОБСЕ, додавајќи дека сите мора да работат заедно за да се спаси ОБСЕ од Русија....

Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година

Македонскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска информираше дека Малта ќе биде земјата која што ќе го преземе претседателствувањето со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во 2024 година. „Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора...

Лавров најави доаѓање во Скопје ако Бугарија го отвори воздушниот простор за руски авиони

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје, доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор за руската делегација, но и дека некои западни земји побарале да се сретнат со него, објави Ројтерс. Лавров рече дека Северна Македонија го поканила да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи во...

На 30 ноември нема да работат училиштата и администрацијата поради министерскиот состанок на ОБСЕ

Владата, во врска со 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, на предлог на Министерството за надворешни работи, донело одлука работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември 2023 година (среда), да заврши во 12 часот. Според владината...

Османи во Брисел: ‘Ние сме НАТО’ не е веќе само обична парола, туку реалност

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска го започнаа дводневниот состанок во Брисел. По пауза од една година, ова е прв Министерски состанок на НАТО што се одржа со физичко присуство. Во рамките на денешното учество на Министерскиот состанок на НАТО, министерот за надворешни работи Бујар Османи испрати пораки за првото присуство на Република Северна Македонија, на масата на...

Бектеши: Со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар

министерски состанок Баку
Изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас, се едни од приоритетите на Владата во енергетската инфраструктура. Природниот гас е корисен енергенс со широк опсег на уотреба во домаќинствата, индустријата и сообраќајот, како и за производство на електрична енергија и топлина. Ова го посочи министерот за економија Крешник...

Коѕиас: Спорот за името може да биде решен оваа година

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас денеска изјави дека спорот за името може да биде решен оваа година, јавуваат светските агенции. - Мислам дека 2018 ќе биде годината во која ќе бидат решени надворешно-политичките прашања кои се заглавени со децении - изјавил Коѕиас по двочасовниот министерски состанок, кој според грчките медиуми вонредно го закажа премиерот Алексис Ципрас и на...

Шекеринска на министерски состанок на земјите членки на НАТО во Брисел

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и на земјите – придонесувачи во мисијата „Одлучна поддршка“. Шекериска, како што информираат од Министерството, ќе учествува и на состанокот со министрите од земјите кои се...

Захариева: Спроведете ги реформите поради граѓаните, не само поради членството во ЕУ

„Стабилноста и просперитетот на Западен Балкан е долгогодишен надворешно-политички приоритет на Бугарија и ќе биде во фокусот на бугарското претседателство со ЕУ. Апелот до нашите пријатели е: Спроведете ги реформите поради вашите граѓани, не само поради идното членство во ЕУ“, истакна министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите...

Спасовски: Нема најави за експанзија на мигрантската криза

Нема никакви најави дека ќе се зголеми бројот на мигранти или дека ќе проработи западнобалканската рута, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по завршувањето на втората министерска средба, на која учествуваа министрите за внатрешни работи и шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија, што се одржа денеска во Солун, Грција. - Во делот на мигрантската криза,...

Попоски на министерски состанок на коалицијата за борба против ИД во Вашингтон

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против Исламска држава во Вашингтон. Попоски на состанокот, кој ќе се одржи во Стејт департментот, учествува на покана на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, соопштуваат од Министерството за надворешни работи. „Министерскиот состанок има цел да се поттикне интензивирање на меѓународните напори...

Нови тензии помеѓу Белград и Загреб, Дачиќ ја откажа посетата во Хрватска

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска го откажа учеството на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи што треба да се одржи на почетокот на март во Загреб, поради изјава на шефот на хрватската дипломатија Давор Штир. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, последната јавна изјава на хрватскиот министер „не е во согласност со основните принципи...

На земјите од Западен Балкан, ЕУ ќе им додели 50 милиони евра за енергетски проекти

Педесет милиони евра за финансирање енергетски проекти ќе добијат земјите од Западен Балкан од Европската Унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст. Договорите за финансиите ги потпишаа претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и банкарскиот концерн KfW, во рамките на Програмата за регионална енергетска ефикасност (РЕЕП) и Фондот...

Хан: Тука сум да слушам, а не да давам препораки за новата влада

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, рече дека дошол да ги слушне ставовите на лидерите на политички партии, но не и да им дава насоки и препораки што да одлучат. Тој истакна дека земјата има направено голем напредок ако се спореди со ситуацијата од пред две години, но дека сè уште има работа што треба да биде...

Хан ја почна работната посета со средба со премиерот Димитриев

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утринава се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кој разговараше за ситуацијата во земјата по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година. Детали од средбата засега не се откриваат, а Хан од средбата објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ со краток опис. „Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со...

Столтенберг: Слабее напредокот кон НАТО кај дел од Западен Балкан, а се зголемува влијанието на Русија

Состојбите во земјите од Западен Балкан (Србија, Косово, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија) биле една од главните теми на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Брисел, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Столтенберг, на прес-конференцијата, го истакна напредокот на Црна Гора во...

Унгарија бара од ЕУ да ги забрза преговорите за членство со земјите од Западен Балкан

Унгарија ја повика Европската Унија (ЕУ) да ги забрза пристапните преговори за членство во ЕУ со земјите од Западен Балкан (Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово), за да ја заштити Унијата од иден наплив на мигранти, јавуваат светските агенции. Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, по министерскиот состанок на земјите членки на Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...