fbpx
Таг: министер

таг: министер

Шефот на норвешката дипломатија Бренде во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде, денеска ќе биде во посета на Македонија, каде што треба да се сретне со државниот врв. Бренде во 11 часот ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по што ќе следува средба помеѓу делегациите на двете земји, а потоа двајцата министри ќе даваат изјави за медиуми. Како што...

Изгласани замениците министри, од денеска ги преземаат функциите

На денешната седница на Собранието, по неколкучасовна дискусија во која пратениците на опозицијата дадоа поголем број забелешки, со 62 гласа „за“ беа изгласани 15-те заменици министри предложени од премиерот Зоран Заев. Воздржани беа петмина пратеници, а другите од 108 присутни пратеници не се изјаснија воопшто со притискање на копчето. Притоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, им честиташе на замениците министри и нагласи...

Отворена телефонска линија за контакт на граѓаните со министерот Таравари

Министерството за здравство воведе телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство, Арбен Таравари, преку мобилните апликации „вибер“ и „вацап“. Од министерството информираат дека почнувајќи од денеска, функционира телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со каква било идеја, со предлог, со пофалба или, пак, за пријавување одредени неправилности,...

Заев со Чавушоглу: Реформската влада ги отвора евроатлантските перспективи

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и од пратеникот Мухамед Зекири, попладнево се сретна со Мевљут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Република Турција, придружуван од пратениците Хусејин Бурге и Шабан Дишли, како и од амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, соопшти Владата на Република Македонија. Според соопштението, на средбата соговорниците изразиле заедничка определеност...

Хазби Лика не може да гарантира закон за припадниците на ОНА

Новиот вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, за „Алсат М“, вели дека нема конкретен план за решавање на статусот на поранешните членови на ОНА и на семејствата на паднатите борци. Лика  вели дека не може да гарантира закон сличен на тој за бранителите, бидејќи засега нема таков договор во новата влада, исто како што било и...

СДСМ: Музеј на Македонија најдобро говори за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите

„Состојбата со Музејот на Македонија, објект од историско и културно значење за граѓаните на Македонија, кој е целосно запуштен и руиниран, со урнати плафони и со мувлосани ѕидови, најдобро говори за тоа во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ ги остави институциите и државата и како се однесуваше кон културното и историското наследство“, велат од СДСМ. Во соопштението на владејачката партија се додава дека додека преку...

Во Собранието денеска ќе се гласа за заменик-министрите

Петтата седница на Собранието на Република Македонија, почната вчера со обемна агенда, продолжува денеска, а на дневен ред е и изборот на заменик-министрите во Владата предводена од Зоран Заев. Пред гласањето за министрите, на дневен ред се годишни извештаи за 2016 година на државни совети, комисии или агенции, меѓу кои и на Комисијата за спречување на корупцијата, како и извештајот...

Груевски: Виновници за обидот на убиство на Тодоров се тие што креираа хистерија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за денешниот обид за убиство на министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, ги обвини политичкиот противник, владејачкиот СДСМ, граѓанските организации, луѓето што протестираа против власта на ВМРО и дел од новинарите. Обвини дека притоа користеле лаги. - СДСМ, Зоран Заев, куп НВО финасирани од Соросовите инсталации, шарената платеничка револуција цели три години градат атмосфера за ова...

Тодоров се откажа од пратеничкиот мандат, ќе работи како адвокат

Министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, денеска соопшти дека се откажува од пратеничка функција, но не и од активностите во матичната партија ВМРО-ДПМНЕ. „Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам...

Братислав Гашиќ е нов шеф на Безбедносно-информативната агенција во Србија

Поранешниот министер за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ ќе биде новиот шеф на Безбедносно-информативната агенција (БИА), потврдил денеска премиерот во заминување и избраниот претседател, Александар Вучиќ. „Гашиќ издржа една и пол година без ниту една функција, не беше присутен во јавноста и плати скапа цена поради еден инцидент“, одговори Вучиќ на прашање на новинарите. Гашиќ од местото на министер за одбрана беше...

Спасовски: Мора да се бара командна одговорност во МВР за настаните во Собранието

„Покрај соодветни постапки за насилниците што влегоа во Собранието, мора да се бара и сериозна командна одговорност и во МВР и за сите припадници што не постапувале и кои не биле во функција на заштита на овие објекти од витално значење на Македонија и во заштита на животот и на здравјето на пратениците во Собранието“, порача пратеникот и генерален секретар на...

Чавушоглу: Турција ќе преземе 10 пати поголеми мерки против Холандија ако таа не се извини

Турција ќе продолжи да презема мерки против Холандија, сè додека таа земја не се извини за дипломатскиот скандал, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, откако вчера на неговиот авион не му беше дозволено да слета во Ротердам. Шефот на турската дипломатија вели дека мерките на Турција ќе бидат „десеткратно поголеми“. Говорејќи пред новинарите во североисточниот француски град...

Попоски за „Ла Верита“: Брзо формирање влада за да се избегне странското мешање

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека најдобар начин да се одолее на странското мешање е бргу да се состави влада. - Од денеска до крајот на месецот ќе се соочиме со денови кои се решавачки за нашата земја. Подготвени сме да излеземе од тоа постабилни и посилни....

Спасовски: Не сум разрешен, на работа сум

Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски сè уште се министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и категорично негираат дека биле разрешени. Тие денеска за „Мета“ потврдија дека се на работа во ресорните министерства и велат дека таму и ќе останат сè додека Државната изборна комисија не ги објави конечните резултати од изборите. Оливер Спасовски за „Мета“ вели...

Вулин: Во Хрватска се буди фашизмот, а ЕУ молчи

Српскиот министер за труд, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, денеска изјави дека во Хрватска веќе со години трае будењето на фашизмот и апелираше до Хрватска, но и до меѓународната заедница да ја осудат ваквата појава. „Ја предупредуваме и хрватската јавност и целиот свет дека фашизмот во Хрватска повторно се буди“, рече Вулин пред новинарите во Алибунар, коментирајќи го откривањето...

Тодоров: Државната кардиохирургија на одличен глас кај пациентите

Бројот на хоспитализирани и на третирани пациенти на Државната клиника за кардиохирургија досега е двојно поголем од вкупниот број паценти минатата година, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров. – Тоа докажува дека Државната кардиохирургија е на одличен глас кај пациентите и тие сè повеќе ѝ веруваат и одбираат да бидат третирани на Државната кардиохирургија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје...

Андонов побара оставка од Спасовски

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, побара оставка од министерот Оливер Спасовски бидејќи, според него, Спасовски креирал криминално-полициска местенка за дискредитација на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои, нагласи Андонов, веќе настрадал дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. - Имав средба со еден искусен новинар и бев запрепастен дека сме следени од лица кои се поставени од...

Ременски: Спасов за свои потреби си користел четири возила

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, побара Диме Спасов да се повлече од позицијата дополнителен заменик-министер поради нарушување на угледот на оваа институција. Таа напомена дека Спасов противзаконски располагал и управувал со возило на Агенцијата за вработување, а повремено користел и уште три службени возила. Според неа, тој ги користел четирите возила, кои со претходна одлука на Владата...

МВР: Диме Спасов предизвикал две сообраќајни незгоди и со трчање избегал

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со соопштение за сообраќајката што синоќа се случи кај Агенцијата за катастар во општина Карпош, за која се велеше дека ја предизвикал дополнителниот заменик-министер за социјална работа, Диме Спасов. Во соопштението на МВР се вели дека возачот со иницијали Д.С. предизвикал две сообраќајки со возилото марка „туарег“ и избегал, а на полицијата ѝ се пријавило некое друго...

Диме Спасов направил сообраќајка и избегал од местото додека траел увидот?

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, ноќеска направил сообраќајка, пишуваат медиумите. Според пишувањата, сообраќајната незгода се случила во населбата Тафталиџе, а Спасов избегал од местото на настанот додека траел увидот. Спасов со џип, што според првичните сознанија е сопственост на Агенцијата за вработување, околу полноќ удрил две паркирани возила. Додека екипата земала изјави од сведоците, во близина дошло...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...