fbpx
Таг: министер

таг: министер

„Порталб“: Министерството за образование не кажува каде ги троши народните пари

Министерот Арбер Адеми и Министерството за образование и наука се нетранспарентни, не ги почитуваат барањата на медиумите, а со тоа и правото за информирање на населението, со чии пари се плаќаат и вработените и министерот Адеми, пишува „Порталб“. МОН немаше јавна презентација на буџетот и планираните инвестиции за 2019 година, и иако повеќе од два месеци „Порталб“ го барал овој...

Шекеринска: Убедени сме дека до Самитот на НАТО ќе обезбедиме поддршка од сите членки

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека на Самитот на НАТО, што треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел Македонија ќе ја обезбеди поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство. Според Шекеринска, земјава исполнила големи домашни задачи, што, според неа, се силни аргументи во полза на нашето членство...

Хан: Несоодветно е претседател да одбие разговор со премиер, треба одговорност

Несоодветно е за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака, вели еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, во интервју за МИА. „Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност. Ова не...

Тачи: ДПА влегува во Владата со министер без ресор

Пред почетокот на Централното собрание на ДПА денеска во Тетово, претседателот на партијата Мендух Тачи, рече дека имаа конкретна и коректна понуда од премиерот Зоран Заев за ДПА како дел од владината коалиција, јави МИА. Станува збор за позицијата министер без ресор задолжен за економија и странски инвестиции и заменик министер за транспорт и врски, додека за другите позиции формирани...

Фазлиу и претставници на 11 општини во Брисел на состанок на Комитетот на регионите

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и претставници на уште 10 општини од Македонија се во Брисел на состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ. Фазлиу на 14-тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет вчера, се заблагодари на Европската Комисија (ЕК) за силната поддршка во спроведувањето на реформите за...

Почина поранешниот вицепремиер Абдилаќим Адеми

По тешко боледување, синоќа почина Абдилаќим Адеми, член на ДУИ и поранешен висок државен функционер. Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука. Од 2002 до 2006 беше пратеник во...

Бектеши и Петкова во Бугарија разговараат за енергетско и за инфраструктурно поврзување

Министерот за економија, Крешник Бектеши, е во официјална посета на Бугарија, на покана на бугарската министерка за енергетика, Теменужка Петкова. На средбата, двајцата министри ја истакнале добрата соработка помеѓу двете земји во областа на енергетиката, безбедноста на снабдувањето со енергија, диверзификацијата на енергетските извори, како и важноста на новите интерни врски и регионалната соработка. „На состанокот беше особено истакнато преземањето на претседателство со...

Заев би го вратил Таравари на министерската функција ако не стане градоначалник

Премиерот Зоран Заев е подготвен да го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако тој изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка. Гостувајќи во емисијата „Топ-тема“, Заев рече дека не е проблем Таравари да се врати ако загуби на изборите, оти демократијата подразбира право за битка за гласовите на граѓаните. Тој нагласи дека, пред сè,...

Таравари: Ако гостиварци не ми веруваат, се враќам на лекарската професија

Министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ зборува за проблемите во ресорот што ги затекна и со кои се справуваше, како и за својата кандидатура за градоначалник на Гостивар. - Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат гласови, ќе знам дека вредам...

Николовски во Кавадарци вети дополнителни субвенции за лозарите

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска соопшти дека на првата наредна седница Владата ќе донесе одлука за дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во домашните винарски визби. Тој беше во Кавадарци на традиционалната манифестација во чест на грозјето и виното „Тиквешки гроздобер“. - Висината на субвенцијата ќе биде определена на самата седница на Влада. Со оваа...

Сугарески се пофали со 188 милиони евра грантови обезбедени за 100 дена

За само 100 дена успеавме да обезбедиме 188,4 милиони евра грантови - неповратни средства за подобрување на патната, железничката и на комуналната инфраструктура, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска во своето обраќање до јавноста по повод 100 дена на функцијата. Тој рече дека би можел со часови да зборува за ситуацијата што го затекнала него и неговиот...

Хан на средба со Димитров во Талин дал поддршка за владините реформи

На маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ во Талин, денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, имал средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, соопшти македонското министерство за надворешни работи. „На средбата шефот на македонската дипломатија го запозна еврокомесарот со досега постигнатото во првите...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и за Садула Дураку

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија денеска поднесоа интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку. Тоа е петтиот министер од владата на Зоран Заев за кого опозициската коалиција неделава поднесува интерпелација. За интерпелацијата на Дураку, пратениците како причина го наведуваат тоа што тој е „виновен за крајната негрижа и неодговорност за животната средина“. На товар...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Љупчо Николовски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа интерпелација за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Пратеникот Зоран Илиоски рече дека интерпелацијата ја поднесуваат затоа што Николовски не успеал да излезе на крај со појавата на шумските пожари и дека за тоа треба да поднесе одговорност. - Како резултат на несериозноста, неодговорноста и на некомпетентноста на министерот Љупчо...

Николовски најави 10 милиони евра за зголемени субвенции и за млади земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, попладнево ги образложи новите мерки што Владата ги донела за поддршка на земјоделците. Тие вклучуваат 10 милиони евра што ќе се распределат за зголемување на субвенции и за директна поддршка на млади земјоделци. Мерките се предвидени со измените на Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделство и на Програмата за рурален развој. Измените на...

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да се фати за работа наместо да испраќа честитки од хотели

Министерот за здравство, Арбен Таравари, наместо да прави стратегии за односи со јавноста и да испраќа честитки од луксузните хотели во САД, треба да се фати за работа и да го спречи ширењето на заразната болест во Гостиварско“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека е време министерот за здравство да почне да работи за доброто на граѓаните,...

Османи: Политиката нема да се меша, реизборот на судии ќе го прави Судскиот совет

Политичките партии од новото парламентарно мнозинство и од Владата се за реформи, но нема да прават генерален реизбор на судии. Надлежноста на тоа е само на Судскиот совет, кој е надлежен да ги решава тие работи, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на заедничката работна средба на Секретаријатот за европски прашања и Министерство за правда, која...

Таравари подготвува нови смени на директори и извод за роденчињата уште во болница

Хигиената во болниците останува главен проблем и во следните пет-шест месеци еден од моите главни фокуси ќе биде хигиената во сите болници, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, по денешното чистење на слободниот простор меѓу клиниките во скопскиот Клинички центар. Тој истовремено најави дека наскоро ќе бидат обелоденети и наодите на инспекциите во некои болници, а тогаш ќе има и...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ некрофилски ги поврзува Смиљковско Езеро со работењето на МВР

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и СДСМ дека со денешниот брифинг во МВР, на кој беа презентирани фактури, сметки и податоци за трошењето на директорите на УБК и на БЈБ и на министрите во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „се занимава со ланскиот снег“. „СДС некрофилски се обидува да ги поврзе трагичната сообраќајна незгода во...

ВМРО-ДПМНЕ: Квазимерките на СДСМ не им помагаат на производителите на праски

Производителите на праски се оставени на цедило, а повеќе од 30 отсто од родот веќе е уништен поради недостигот од реакција од ресорното министерство, рече на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој обвини дека родот на производителите на праски од Росоман пропаднал поради неажурноста на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, односно затоа што откуп речиси нема. - Неговите квазимерки се...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...