fbpx
Таг: министер за здравство

таг: министер за здравство

Меџити: Ни треба целосна реорганизација на здравството, зошто е во многу лоша кондиција

Цела јавност и пациентите знаат дека здравството е во лоша кондиција и јас би кажал дека тоа не е поради немање средства, туку поради организацијата. Ќе ни треба нова реорганизација и систематизација на целото јавно здравство во нашата држава, посочи министерот за здравство Фатмир Меџити во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој посочува на низа мерки што ќе се...

Контраспин: Проблемот со заболените од цистична фиброза не се решава со дневни спинови

За овој проблем знaeле и во 2012 година и во 2015 и во 2018 и во 2020 година сите надлежни институции. Оттука, нема потреба од спинови за дневна употреба, какви што можеа да се регистрираат на 09.02.2023 година од премиерот Ковачевски и од министерот Сали. Наместо тоа, потребно е системско решение и пари за сите граѓани со ретки болести...

Новиот клинички центар за три години исцица половина милион евра за дваесетина хонорарци

Вистиномер го проверуваше секое лице на чија сметка се слеале пари во последните три години од проектната единица за изградба на нов Клинички центар – сумите се движат од 5.500 до 90.000 денари месечно. Што точно работеле овие лица останува нејасно, бидејќи нема никаква најава за изградба на нов клинички центар во Скопје, а не беше направена ниту реконструкција...

Вистиномер: Сите сакаат нов Клинички центар, нема јунак да го изгради

Нов клинички центар најавуваа сите власти во изминативе десетина години, партиите го ветуваа во изборните програми како клучен капитален објект, се распишуваа тендери, се склучуваа договори, се фрлаа лопати… Изградба на современ медицински центар ветуваа сите министри за здравство од 2010 година, почнувајќи од Бујар Османи, па Никола Тодоров, Арбен Таравари, Венко Филипче до сегашниот Беким Сали, и според...

Контраспин: Проблемот на матичните лекари нема да се реши со спинови

Бројот на ординации по општа медицина во државата од година во година се намалува, а од вкупно нешто под илјада ординации за 500 се барале излезни финансиски решенија уште во февруари. Оттука, сегашниот трет протест на матичните лекари за една година не само што е оправдан, туку под итно треба да се решава, а министерот и другите здравствени власти...

Вистиномер: Нема докази дека германскиот министер за здравство добил нарколепсија од ковид вакцините

Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19. Станува збор за видео извадено од контекст. Всушност, Лаутербах ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето и за само 4 секунди тој се враќа во исправена позиција за да одговори, што може да...

Контраспин: Протестот на матичните лекари од приватното здравство е оправдан и навремен

Симболичниот протест на матичните лекари од приватното здравство, што се одржа на 7 април, е навремен и оправдан, затоа што низата барања што ги имаат се барања од поодамна и од претходните протести, а досега, освен на едно-две, ниту им се удоволени, ниту, пак, има суштински напредок во комуникацијата со МЗ и со ФЗО. А, меѓу суштинските барања е...

Филипче: Заминувам од позицијата министер горд на сработеното

Ми беше чест и задоволство да ви служам во изминатите 4 години. Заедно поминавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство. Поддршката која ја добивавме јас и моите колеги ни даваше сила да продолжиме напред и да ја водиме битка со пандемијата, рече екс-министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање до јавноста. Тој се заблагодари на оние што го...

Филипче: Не гледам потреба од заострување на мерките против ковид-19

Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа дека такви собири на јавни места има насекаде, изјави денеска министерот здравство во заминување, Венко Филипче при посетата на Клиниката за ортопедија. Според него, кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и после сето тоа ќе спласне. „Не гледам зошто специфично и само за...

Вистиномер: Барт Сомерс не е белгиски министер за здравство и не учествувал во лажна вакцинација, туку во тестирање пред вакцинација

Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна, пишува „Вистиномер“...

Заев за оставките за пожарот во болницата во Тетово ќе одлучи според резултатите од истрагата

Премиерот Зоран Заев се обрати до јавноста попладнево, со соопштение кое се однесува на започнатата експертска истрага и на поднесените оставки за несреќата во ковид-центарот во Тетово. Премиерот смета дека трагедијата во која 14 луѓе загинаа во пожарот во болницата треба да се расчисти низ независна и експертска истрага и дека резултатите од таа истрага ќе решат за одговорноста на...

Сојузот на средношколци најави дека ќе продолжи со активностите додека не им се прифатат сите барања

Од Сојузот на средношколци упатија потсетување до надлежните институции дека иако дел од нивните барања се исполнети, сепак остануваат уште две неисполнети. Како што велат тие, на многуте средби со владините претставници, станува јасно дека нивните барања стануваат сè повеќе прифатени од Владата, како на пример барањето учебната година да започне на 1 октомври. Изјавите на министерката за образование и...

Училиштето ќе треба да им обезбеди материјали за учење на децата што немаат компјутери

Пандемијата ни наметна нови правила на кои мора да се прилагодиме сите. Ова бара заштита на јавното здравје, но и учење во исто време. Понудивме комбиниран систем на настава, а за успешна реализација, се работи и онлајн платформа која скоро ќе биде презентирана, рече на денешната прес-конференција новата министерка за образование Мила Царовска, на која зборуваше и министерот за...

Вакцината против ковид-19 ќе биде бесплатна, најави Филипче

Во интервју за „Слободен печат“, министерот за здравство Венко Филипче информира дека ќе се набави оксфордската вакцина „Астра зенека” против корона вирусот која се користи во Европската Унија. „Сè уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно. Имаме два механизми во овој момент за набавка. Едниот е Ковакс...

Наесен нов бран на коронавирусот, дел од студентските домови може да се пренаменат во болници

Во изминатите 10 дена кризата повторно ескалираше на Балканот. Во Србија, во седум дена се бележат по 300 случаи на ден, во Бугарија 150, во БИХ 170, Црна Гора 57, Албанија 70, во Косово - 100 случаи на ден. СЗО кажа дека 60 отсто од случаите од 10 милиони пациенти, се регистрирани во јуни. Насекаде има нов бран, кај...

Во последните 24 часа се направени 314 тестирања, има 16 нови случаи на Ковид-19

Денеска се потврдени 16 нови случаи на корона вирус, оздравени се 14 пациенти, а починаа 3 лица, информира Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. Од регистрираните 14 оздравени пациенти, во Скопје се 3 и во Тетово се 11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во...

Филипче: Термокамерата и епидемолози на аеродромот „ловат“ заразени со коронавирусот

Термокамерата на скопскиот аеродром е веќе во функција, таму дежураат епидемиолози од Центарот за јавно здравје, а доколку некој од патниците е сомнителен за коронавирусот, со специјално возило на Брза помош ќе биде пренесен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, рече министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со коронавирусот во Кина и...

Филипче: „Комунална хигиена“ од денеска го расчистува ѓубрето во Клинички центар

Со градоначалникот на Град Скопје, постигнавме договор од денеска ЈП „Комунална хигиена“  да почне да го расчистува ѓубрето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дивата депонија кај Ургентен центар, а направивме и договор и во следниот месец тековно да се расчистува ѓубрето, сè додека не се избере на тендер фирма што ќе го врши чистењето, рече министерот...

Филипче најави осум централни лаборатории за крв и работа за сите лаборанти

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција во Владата го претстави новиот систем на функционирање на oсум централни лаборатории. Според министерот, новиот систем ќе значи подобра услуга за граѓаните. - Вкупно ќе има осум централни лаборатории од кои две во Скопје, една на Клинички центар, другата во ГОБ „8 Септември“, по една во Куманово, Штип, Тетово, Охрид и Струга -...

Филипче: Намалени се максималните цени на 336 генерички лекови

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека намалени се максималните цени на вкупно 336 генерички и 222 оригинаторни лекови, односно таканаречени иновативни лекови. Тој додаде дека согласно Законот за лекови и медицински средства и методологијата за начинот на утврдување на цените на лековите, Министерството за здравство спроведе годишна ревизија на цените на сите лекови, кои се издаваат на рецепт. - Намалувањето на...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...