fbpx
Таг: министер за надворешни работи

таг: министер за надворешни работи

Ковачевски-Жоли: Силна поддршка од Канада за евроинтеграцискиот процес

Во рамките на првата посета на канадски министер за надворешни работи на земјава, Мелани Жоли се сретнала со премиерот Димитар Ковачевски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, соопшти владината служба. На средбата, премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната цврста поддршка од Канада за реформските процеси, со цел да се обезбеди напредок на нашата држава на планот на евроинтеграциите. Ковачевски...

Бугарскиот министер за надворешни со коментар за споредбата на Бугарија и Русија

Бугарскиот министер за надворешни работи (МНР) Иван Кондов по заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, го прераскажал она што наводно му го кажал македонскиот министер за надворешни, Бујар Османи во однос на изјавата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Како што вели Кондов, а пренесува Бугарското национално радио (БНР), Ковачевски кога го споредил односот на Бугарија...

Милков: Бугарскиот амбасадор нема да се врати во Скопје набргу

Бугарскиот амбасадор нема да биде вратен во Скопје набргу, можно е и да бидат стопирани заеднички проекти, порача министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во гостување утрово на државната телевизија БНТ. Тој порача дека бил неприфатлив наративот дека македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, бил наркоман и наркодилер, како и дека бугарските...

Контраспин: Кој е агресор и кој води хибридна војна во Украина?

На Самитот на групата најразвиени земји Г20 во Бали, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес конференција, на која изнесе позната пропагандистичка реторика, која досега била повеќепати повторувана, но, пред сè, неговиот наратив содржеше голем број спинови во однос на преговорите меѓу Русија и Украина, за тоа кој, всушност, ја почнал хибридната војна во Украина други, пишува „Вистиномер“. Текстот...

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Илинка Митрева беше поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и еднa од основачите на партијата. „Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата,...

Генчовска го потврди разидувањето на ставовите за спорот со Македонија меѓу неа и Кирил Петков

Има сериозно несогласување за прашањето за Северна Македонија помеѓу Министерството за надворешни работи (МНР) и тимот за надворешна политика на премиерот Кирил Петков за евроинтеграциите и преговорите со Република Северна Македонија, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, јавува БНТ. Шефицата на бугарската дипломатија порачува дека нема напредок од македонска страна, како и оти нема време Северна Македонија...

Заев: Можно е преговорите со ЕУ да не почнат во декември – предлозите од Софија се недобрососедски и неевропски

Предлозите од бугарска страна по средбите во петокот во Софија на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, според премиерот Зоран Заев, „ниту се добрососедство, ниту братско, најмалку европско“. Оваа оценка, која Заев ја изнесе по церемонијата на пуштање во работа на далноводот Неокази - Пробиштип, особено се однесува на разговорите на Османи со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева,...

Путин со „сталинистичка“ одбрана на договорот Молотов-Рибентроп

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info се посвети на едно тврдење...

Димитров на видео-конференцијата со Рот побара ЕУ-помош

Првично планирана како реална посета на германскиот Државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава на 17 март, денеска се одржа видео-конференција на Рот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на која покрај евроинтеграциите, се дискутираше и за состојбата со ширењето на КОВИД-19. Шефот на македонската дипломатија упати повик до ЕУ да даде поддршка за ублажување на...

Заев и Димитров денеска се среќаваат со шефот на грчката дипломатија

Во рамките на состанокот на Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија, на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи ќе се сретнат со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас. Информацијата ја објави Дендиас во разговор за радиото “Тема ФМ”. Гениматас вели дека на средбата ќе се разговара главно за Договорот од Преспа и за...

ФТ: Франција остро се спротивставила на давање датум за Македонија и Албанија

Според угледниот „Фајненшел Тајмс“ на денешниот состанок во Луксембург на министрите за надворешни работи и министрите за Европа од земјите-членки на ЕУ, Франција остро се спротивставила на идејата за давање датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Денешниот состанок е претходница на состанокот на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во следните два дена Според весникот, еден...

Заедничка поддршка од членките на ЕУ од Балканот, Македонија посебно потенцирана

Во заедничка декларација објавена утрово, министрите за надворешни работи на Бугарија, Грција, Хрватска и Романија - сите членки на ЕУ - ја потврдија својата силна поддршка за прилкучувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија. „Ја потврдуваме нашата силна поиддршка за перспективата за присоединување на земјите од Западен Балкан и за нивната иднина...

Македонија во февруари првпат „на столче во НАТО“

Состанокот на министрите на земјите-членки на НАТО за одбрана, што ќе се одржи во Брисел на 13 и 14 февруари, е првиот состанок на кој Македонија „ќе седне на столчето во НАТО“, односно на кој ќе учествува како земја-пристапничка на Алијансата, но сè уште без право на глас. Оваа или следната недела НАТО и Македонија треба да го потпишат...

Коѕијас: Договорот ќе биде ратификуван, Грција го доби името назад

Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, порача министерот за надворешни работи Никос Коѕиас во интервјуто за грчкото радио „Риал фм“. Тој тврди дека Грција добила многу повеќе отколку нашата земја, која ќе мора да направи крупни промени, но и потоа сè ќе зависи од Грција. - Иако...

Димитров во Стразбур ќе разговара со европарламентарците за напредокот на Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојува во  работна посета на Стразбур, во Европскиот парламент, при што ќе се сретне со шефови на пратеничките групи во Парламентот, меѓу кои се претседателот на АЛДЕ - Ханс ван Бален, претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) - Дејвид МекАлистер кој доаѓа од Европската народна партија, како...

Германскиот министер за надворешни работи: Скопје и Атина напишаа историја

Германскиот министер за надворешни работи, Хејко Мас им честиташе на владите на Македонија и Грција за постигнувањето договор за решавање на спорот за името и рече дека решителноста и визијата на двајцата премиери и на двајцата министри за надворешни работи донеле успех. - Скопје и Атина денеска напишаа историја. 25 години спорот за името на Поранешната југословенска Република Македонија стоеше...

Коѕиас в четврток слетува на „Скопје“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас в четврток ќе пристигне во официјална дводневна посета на Македонија, извести македонското Министерство за надворешни работи. Посетата на Коѕиас в четврток ќе почне со неговото слетување на меѓународниот аеродром „Скопје“, само повеќе од месец откако со одлука на македонската влада името на овој аеродром беше сменето од „Александар Велики“ во „Скопје“. На 30 март,...

Ветер во грб побара Димитров од европарламентарците

„Градењето модерна европска демократија е, пред сè, во интерес на нашите граѓани, во интерес на земјите од регионот и од интерес на ЕУ. Стабилна, економски просперитетна и успешна Република Македонија подразбира стабилен и просперитетен регион“, порачал министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во денешното обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (АФЕТ), соопшти Министерството за надворешни работи. Во...

БИХ немаат намера да го признаат Косово

БИХ нема да ја признаат независноста на Косово ниту, пак, ќе го разгледуваат ова прашање до крајот на мандатот на актуелниот Совет на министри, односно владата, порача денеска босанскиот министер за надворешни работи, Игор Црнадак, откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај повика БИХ да го признаат Косово. Причината е несогласувањето на Република Српска, која е еден од двата федеративни дела на...

Димитров и Хан во Брисел разговарале за реформите

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел имал работна средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на која го информирал еврокомесарот за досегашното спроведување на реформите во согласност со планот „3-6-9“, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Димитров ја повторил заложбата на Владата за целосна вклученост во спроведувањето на реформите за набргу да се отвори...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...