fbpx
Таг: минимална плата

таг: минимална плата

Заев со Светска банка: Приоритет на владата се економскиот развој и стабилноста

Врвен приоритет на Владата е да обезбеди стабилност на економијата и развој, порачал македонскиот премиер Зоран Заев на вчерашната средба со Цирил Милер, потпретседател на Светска банка, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели. Во македонскиот тим биле и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот...

Почнаа преговорите за зголемување на минималната плата

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик-министерката за финансии, Ширете Елези, и економскиот тим во Министерството за финансии денеска со претседателите на синдикатите почнаа разговори за зголемување на минималната плата. Како што соопштија од Министерството за финансии, владините претставници на синдикатите им го презентирале планот за зголемување на минималната плата и им соопштиле...

СДСМ: Ако сакаше, ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да работи на зголемување на платите

Доколку сакаше, ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да работи на зголемување на платите и на животниот стандард на граѓаните, но спротивно на тоа ВМРО-ДПМНЕ направи Македонија да биде една од земјите со најниска минимална и просечна плата во регионот и во Европа, реагираат од СДСМ на на прес-конференцијата на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ. „Новата реформска Влада ќе работи во интерес на...

Делев: ВМРО-ДПМНЕ ја воведе минималната плата, СДСМ да продолжи со мерките

„Минималната плата е воведена и утврдена од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во директен дијалог со работодавците и со синдикатите“, изјави денеска на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека Законот за минимална плата пред донесувањето беше огромен хендикеп за огромен број работници. „Со утврдувањето на минималната плата, повеќе до 65.000 работници си го решија долгогодишниот проблем, бидејќи им се исплатуваше плата пониска од...

Заев смета дека државата има скриен долг од околу една милијарда евра

Просечната плата од 500 евра веројатно ќе стане реалност во 2019 година, изјави вечерва премиерот Зоран Заев, додавајќи дека тоа е две и пол години од почетокот на мандатот на новата влада. Тој, во интервјуто на националниот сервис со уредници од телевизиите, рече дека потребни се консултации за да се види каде треба да се направат промени за да се...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови проекти – првата мерка на СДСМ е уривање

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на СДСМ во 2017 година е уривање на нешто што е веќе изградено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение денеска. Партијата порачува дека граѓаните се против антиреформи. „Владата на Заев не губи...

Спасовски: Македонија има потреба од слободни и неокупирани синдикати

Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и тоа е задача и цел Владата да придонесе да имаме слободни синдикати со кои ќе можеме да разговараме за заштита за работничките права, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средбата која ја побарале неколку синдикати. - Денеска е значаен ден заради тоа што на повик на неколку синдикати...

Тевдовски: Mинималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари

„Новата влада, веднаш по формирањето, во консултации со социјалните партнери, ќе го пушти во собраниска процедура законот за зголемување на минималната плата“, најави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Тој додаде дека минималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари и ќе важи и за индустријата за текстил, облека и за кожа. „Тоа значи дека околу...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за плати и за работнички права

СДСМ одамна го изгуби кредибилитетот да говори за минималната плата и за работничките права, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски, претседател на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ. „СДСМ затвори 684 фабрики и остави на улица повеќе од 200.000 работници. Лагите на СДСМ и лицемерната грижа за работниците веќе не поминуваат. СДСМ...

Минимална плата од 12.000 денари и мерки против отпуштање вработени, ветува СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека доколку победи на изборите на 11 декември, ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари до април 2017 година, а до 2020 година таа да изнесува 16.000 денари. Оваа минимална плата, како што рече денеска на прес-конференција претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски, ќе...

„Гардијан“: Во Македонија се прават скапи брендирани чевли за минимални плати

„Работници во Албанија и во Македонија земаат толку ниски плати што не можат да ги прехранат своите семејства, а јазот меѓу законски загарантираната минимална плата и висината на исплатените дневници е поголем отколку во Кина. На овој начин некои светски брендови за производство на чевли остваруваат огромен профит на грбот на сиромашниот работник“, се вели во текстот на „Гардијан“ во врска со тоа дека скапите чевли што носат...

Опозицијата предлага минималната плата да биде 11.000 денари

На собраниската расправа за предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, СДСМ бара таа да изнесува 11.000 денари. Пратеникот од опозициските редови, Панче Орцев, истакна дека овој предлог е донесен врз основа на разговорите што ги имале со работодавците и со вработените. -  Бараме тие да важат за сите и да нема селективност. Исто така, бараме минималната плата да се усогласува на годишно...

Донесени измените за Законот за минимална плата

Пратениците денеска, по скратена постапка, ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за минимална плата. Истиот предвидува дека работодавците што нема да го почитуваат Законот, ќе бидат казнети по 300 евра за секој работник што не му исплатиле минималната плата и 150 евра за одговорното лице. Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на овој начин ќе се овозможи заштита...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...