!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Девет лица загинале во експлозија на бомба во Пакистан


Исламабад, 25 април, 2017 - 13:15 (META) 

Најмлаку девет лица денеска загинале, меѓу кои две деца и две жени, во експлозија на бомба поставена на пат во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на локалните власти.

Бомбата, која била поставена на пат недалеку од градот Годар, во племенската област Курам, била ативирана при поминувањето на минибусот, во кој се наоѓале жртвите.

„Потврдено е дека девет лица загинале во експлозијата, а најмалку 13 лица се повредени“, изјавил Ирфан Али, претставник на локалните власти.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Во областа Курам, која е едно од упориштата на талибанците, чести се судирите меѓу сунитите и шиитите, кои сочинуваат 20 отсто од населението на Пакистан.


Во судар на минибус и на камион во Јужна Африка, загинаа 20 деца


Преторија, 21 април, 2017 - 16:44 (META) 

Најмалку 20 ученици загина откако минибус со кој се возеле удрил во камион и се запалил во провинцијата Мипмаланга, северно од јужноафриканската престолнина Преторија.

Спасувачките екипи пронашле тринаесет заглавени деца во возилото, но откако бил изгаснат пожарот, биле прогласени за мртви.

Неколку ученици успеале да се спасат благодарение на очевидците, кои успеале да ги извлечат од опожареното возило. Децата веднаш се хоспитализирани.

Портпаролот на брзата помош, Реал Меиринг, потврди дека 20 деца загинале во несреќата.


Девет деца се повредени во сообраќајна несреќа во Романија


Букурешт, 20 март, 2017 - 11:09 (META) 

Mинибус што превезувал ученици во југозападниот дел на Романија излетал од патот, при што најмалку девет деца се повредени, јавуваат романските медиуми.

Повредените деца биле пренесени во болница и сè уште нема информации за нивната здравствена состојба. Во моментот на несреќата во минибусот се наоѓале 18 деца.

Возачот во полиција изјавил дека поради премореност изгубил контрола над возилото и излетал од патот.


Во сообраќајна несреќа во Франција загинале 12 патници


Париз, 25 март, 2016 - 11:36 (META) 

Најмалку 12 лица загинале, а четвoрица се повредени при судар на минибус и на камион во централниот дел на Франција, соопштија денеска официјалните лица. Според првичните информации, загинале 12 Португалци.

Несреќата се случила доцна синоќa, пред полноќ. Минуибусот се движел од Швајцарија кон Португалија, а возачот бил единствениот што преживеал.

Загинале сите патници од минибусот и сите биле државјани на Португалија.

 

 

 

 


Најмалку 12 припадници на турската полиција загинаа во бомбашки напад


Анкара, 8 септември, 2015 - 12:35 (META) 

Најмалку 12 полицајци од турската полиција загинаа во бомбашки напад на минибус во источниот дел на земјата, во провинцијата Игдир, јавуваат турските медиуми, повикувајќи се на информации од локалните власти.

Нападот, за кој се претпоставува дека го извеле припадници на Работничката курдска партија (ПКК), изведен е на минибус во кој се наоѓале полицајци кои работат на граничниот премин, кој води од истокот на Турција кон Азербејџан.

Во текот на ноќта повеќе од 50 турски воени авиони ги нападнале позициите на борците на ПКК на северот на Ирак, при што загинале најмалку 40 припадници на ПКК.

Во извештајот се наведува дека повеќе од 50 турски воени борбени авиони учествувале во нападот кој траел шест часа, а во кој загинале меѓу 35 и 40 терористи.


Дванаесет повредени во сообраќајна несреќа кај Штип


Штип, 18 јануари, 2015 - 10:11 (META) 

Во директен судир меѓу минубус на автопревозникот „Струмица експрес“ и автомобил, марка „опел астра“, вчеравечер биле повредени 12 патници, кои веднаш се пренесени во Клиничката болница во Штип.

Според првичните информации, две лица биле потешко повредени и се префрлени во болниците во Скопје, а тројца, кај кои биле констатирани полесни повреди, по укажаната лекарска помош, се пуштени на домашно лекување. На останатите, на одделот за хирургија на штипската клиника им се санирани повредите на лицето.

Сообраќајната незгода се случила кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ на излезот од Штип, во населбата Три чешми, кога автомобилот на излегување директно се судрил со минибусот, кој сообраќал на релацијата Струмица – Скопје.

В.К.