fbpx
Таг: Милош Земан

таг: Милош Земан

Приврзаници на чешкиот претседател Земан ги нападнаа новинарите по изборната победа

Чешката полиција поведе истрага откако редарите и симпатизерите на чешкиот претседател Милош Земан ги нападнаа новинарите во неговиот изборниот штаб по победата во вториот круг од претседателските избори во земјата. Редарите и симпатизерите синоќа со тупаници ги напaднаа акредитираните новинари, турнаа и скршија камера на чешката приватна телевизија „ТВ Нова“ и ги навредуваа медиумските работници. Нападот се случи во хотелот ТОП...

Милош Земан останува претседател на Чешка

Актуелниот претседател на Чешка, Милош Земан победи на претседателските избори во земјата, објавија медиумите. Резултатите по пребројани 94,95 отсто од гласовите покажуваат дека Земан во вториот круг освоил 52,16 отсто, наспроти неговиот противкандидат Јири Драгош со освоени 47,83 отсто од гласовите. Во првиот круг од претседателките избори, Земан освои 38,6 отсто гласови, а Драхош 26,6 отсто. Анкетите предвидуваа тесна...

Земан: Во евроинтеграцијата на Западен Балкан, под знак прашалник е Косово

Претседателот на Чешка, Милош Земан, по дводневниот самит на шефовите на државите од Вишеградската група, изјави дека ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но наведе дека Косово е под знак прашалник затоа што сè уште го немаат признаено некои членки на ЕУ. Претседателите на Полска, Анжеј Дуда, на Чешка, Милош Земан, на Словачка, Андрек Киска,...

Ван дер Белен – Земан: На Западен Балкан местото му е во ЕУ

Претседателите на Австрија и на Чешка, Александар ван дер Белен и Милош Земан, денеска во Прага побараа Европската Унија да посвети повеќе внимание на Западен Балкан и, секако, да го одржи ветувањето дека земјите ќе влезат во ЕУ. - Со претседателот Земан разговаравме за Западен Балкан и за тоа дека е неопходно да се одржи нивниот влез во ЕУ. Постојат...

Земан: Челниците на ЕУ се неспособни, не умеат ни границите да ги заштитат

Претседателот на Чешка, Милош Земан, ги обвини челниците на Европската Унија дека се толку неспособни што не се во состојба да ја извршат и најосновната задача – заштита на границите на ЕУ. Земан, исто така, категорично се спротивстави на тоа Чешка да прими макар и еден единствен бегалец според квотата затоа што тоа би било создавање на плодно тло за...

Иванов – Земан: Размената на туристи е празнина која треба да се пополни

Традиционално добрите пријателски односи меѓу Македонија и Чешка треба да ги следат и бизнис-заедниците на двете држави, а исклучително позитивната политичка и културна соработка да биде насока за понатамошно интензивирање и унапредување на релациите и во областа на економијата. Ова денеска на учесниците на Македонско-чешкиот бизнис-форум, што се одржува во Охрид, им го порача претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. -...

Земан: Македонија направи многу за справување со бегалската криза

Претседателот на Република Чешка, Милош Земан, кој е во посета на Македонија, оцени дека државата направила многу за справувањето со бегалската криза, дури и многу повеќе отколку некои земји членки на Европската Унија. - Тука сум за да ја изразам почитта и личното признание за начинот на кој македонскиот народ се справи со мигрантската криза, притоа бранејќи ја не само својата,...

Милош Земан в четврток во посета на Македонија

Чешкиот претседател Милош Земан в четврток ќе ја посети Македонија и ќе биде примен од неговиот колега, Ѓорѓе Иванов. Според најавите, една од темите на кои ќе разговараат двајцата претседатели ќе биде миграциската криза. Македонија, како што е познато, е дел од балканската рута на мигрантите од Африка и од Азија на нивниот пат кон земјите на Европската Унија. Чешка...

Земан: Бранот мигранти претставува организирана инвазија

Чешкиот претседател Милош Земан, кој често го изедначува тероризмот со исламот, изјави дека премиерот Бохуслав Соботка ја загрозува Чешка со тоа што целосно не ја препознава опасноста што ја претставуваат барателите на азил. Земан во интервју за чешкиот весник „Млад фронт“ рече дека за разлика од премиерот, тој смета дека бранот мигранти преставува „организирана инвазија“. Премиерот на Чешка претходно ја отфрли...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...