fbpx
Таг: миленици

таг: миленици

Кучето Боби ја изгуби титулата „најстаро куче на светот“, по истрага на Гинисовата книга на рекорди

На кучето Боби, кое почина минатата година, наводно на 31-годишна возраст, му е одземена титулата за најстаро куче на светот, по истрагата на Гинисовата книга на рекорди. Ова го соопштија вчера од организацијата, а пренесува Си-ен-ен. Боби беше познат како најстаро куче на светот пред привремено да ја загуби титулата во јануари во очекување на резултатот од истрагата на Гинисовата...

Гинисовата книга на рекорди отвори истрага за „најстарото куче на светот“

Титулата „најстаро куче на светот“ која минатата година ја доби португалското куче по име Боби, сега е доведена во прашање, откако некои ветеринари се посомневаа во доказите за неговата возраст, пренесува Би-би-си. Боби се најде на насловните страници минатата година кога од Гинисовата книга на рекорди беше крунисано за најстаро куче на светот досега, соборувајќи го претходниот рекорд. Боби почина...

Првиот фестивал за миленици „Скопје Пет Фест“ ќе се одржи на 17 септември

На 17-ти септември во Градски Парк Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје Пет Фест“ -  регионален настан за сите љубители на животните. „Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина - едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно...

Сопственикот си го оставил болното куче покрај контејнер, АХВ не најде причина за одговорност

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја отфрли претставката поднесена од ЈП „Лајка“, во која претпријатието бараше да се санкционира човекот кој пред еден месец покрај контејнерите во населбата Расадник во Кисела Вода, оставил петмесечно куче - малтезер, во неговото креветче. Болното куче почина кратко време откако беше преземено од ЈП „Лајка“. Со оглед на тоа што претставници на здруженијата за...

Боркица, кучето што ги помести границите на хуманоста: Од воден асфалт до удобен кревет во Британија

Беше 30 август 2022 година кога во Скопје се случи големо невреме, а улиците беа преплавени од дожд и од град. Луѓе по улици речиси воопшто и да немаше, а тие ретките што во моментот се нашле затекнати од дождот во населбата Бутел, се соочиле со стравотна глетка – како комбе влече куче со задните тркала по булеварот. Фотографии...

Градските советници го одбија предлогот милениците да се возат во автобусите на ЈСП

Во автобусите на ЈСП нема да можат да се возат миленици. Советот на Град Скопје не ја прифати иницијативата на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), домашни миленици да можат да се возат во јавниот превоз. Во своето образложение на иницијативата, Драгана Велковска од ЗХГ рече дека милениците, додека се возат во јавниот превоз, би биле затворени во транспортер. „Самата иницијатива не ја...

Како да штедиме струја? Погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Тешката зима поради енергетската криза и мерките за штедење на електрична енергија се главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. За тоа како да се прилагодат и однесуваат младите, но и институциите, погледнете во новите вести за млади. Покрај ова, во 57-мата епизода информираме за новата Национална стратегија за млади и за критиките на ЕУ кога станува збор за родовата...

Милениците да можат да се возат во јавен превоз, нова иницијатива до Градот Скопје

Советниците на Зелен хуман град започнаа иницијатива со гласање до Советот на Градот Скопје да се дозволи сопствениците на миленици заедно да користат јавен транспорт. Се бара измена и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, преку што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се...

Во Британија најавени казни до 2.000 фунти за нецелосни информации на околувратникот

Сопствениците на кучиња во Британија би можеле да се соочат со големи казни од 2.000 фунти затоа што ги немаат исткнато сите потребни информации на околувратникот на нивното кученце, пренесе Кантриливинг. Според Синиот крст, добротворна организација за заштита на животните, сите кучиња мора да имаат ознака за идентификација со името и адресата на нивниот сопственик на околувратникот во случај да...

Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, е првата од нашите познати личности што се љубители на животните, која се приклучи на заедничката кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ на ЗОО Скопје и ЈП Лајка. Со цел за подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво Андреа сними видео преку кое заедно со својот долгогодишен миленик Лео...

Мачките може да се заразат со Ковид-19, но нема докази дали може да го пренесат на човек

Досегашните истражувања покажуваат дека мачките може да се заразат со корона вирус, но се уште не постојат докази дали може да го пренесат на луѓето. Експерите велат дека наодите од истражувањата се веродостојни, но не укажуваат дека мачките играат огромна улога во ширењето на болеста помеѓу луѓето. Тие веруваат дека пренесувањето од човек на човек е главниот двигател во пандемијата....

Сопствениците на миленици бараат измени во полицискиот час

Мерките за ограничување на движењето за време на викендите, во период од 16 до 5 часот наредниот ден што ги опфаќа сите граѓани, предизвика бурни реакции кај Здруженијата за заштита на животните и сопствениците на миленици. Апелираат да се конкретизира мерката во однос на сопствениците на миленици кои што имаат потреби да ги извршуваат своите физиолошки потреби во природата. https://www.facebook.com/littleladyida/posts/10157092509528027 Од...

Жените во Македонија дневно поминуваат по два часа во чистење и по два часа во забава

Жените во Македонија сочинуваат 49,9 проценти од населението и во просек живеат 77,4 години, односно 3,9 години подолго од мажите, објави Државниот завод за статистика по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената. Од вкупниот број вработени жени, кој во 2015 година изнесувал 282.078 лица, 76,3 проценти се вработени во деловни субјекти во приватна сопственост. Во 2015 година, бројот на дипломирани...

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...