fbpx
Таг: Миле Јанакиески

таг: Миле Јанакиески

Судот во Стразбур пресуди во корист на Јанакиески, државата ќе му плати 6.000 евра

Европскиот суд за човекови права и слободи (ЕСЧП) ја објави пресудата во случајот на Миле Јанакиески против Македонија, а во врска со притворот за случаите „Организација на 27 април“ од февруари 2019 година и „Шпански скали“ од јуни истата година. Во одлуката на судот во Стразбур се вели дека на Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската...

И случајот „Топлик“ на Миле Јанакиески замина во историјата со измените во Кривичниот законик

Точно седум години откако беше отворена истрагата за предметот „Топлик“, Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата, а со тоа предметот поврзан со Сончев Град доби апсолутна застареност, согласно новите измени во Кривичниот законик. Со одлуката на Апелација, шестмината кои првостепено беа осудени за „Топлик“, на повтореното судење ќе бидат ослободени, бидејќи делата им застареа уште во февруари годинава. Со...

Апелација: Условни казни за Јанкулоска, Протуѓер и Пепиќ, а за Јанакиески 3,5 години затвор за „Титаник“

Апелациониот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“. Според објавата на Апелациониот суд, останува условната казна за поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, на условна казна се осудува и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на единствена казна затвор од...

Кривичниот суд ги отфрли барањата за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“

Основниот кривичен суд од Скопје денеска го отфрли барањето за амнестија на обвинетите лица во случајот „Организатори на 27 април“. Барањето за амнестија го поднесоа поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков на рочиштето изјави дека по барањето...

Одложено повтореното судење за „Организатори за 27 април“, ќе се бара амнестија

Повтореното судење за предметот „Организатори за 27 април“ денеска беше одложено, откако обвинителот рече дека од вкупниот број на поднесоци, три се однесуваат на примена на Законот за амнестија и нагласи дека по тие барања во моментот не може да се произнесе. Претходно, Апелациониот суд ја укина пресудата за овој предмет, со образложение дека Кривичниот суд сторил суштествени повреди, но...

Судот во Стразбур ги одби жалбите на помилуваните ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ

Европскиот суд за човекови права во Стразбур едногласно одлучи дека апликацијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои во 2016 година беа помилувани од тогашниот претседател Ѓорге Иванов се недопустливи, односно дека обвинетите не ги исцрпиле сите домашни правни лекови. Владимир Талески, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Тони Трајковски и Едмонд Темелко се жалеа во Стразбур...

Пресуда за уривањето на „Космос“: Никола Груевски доби девет години казна затвор, Јанакиески три

Основниот кривичен суд-Скопје денеска ги објави пресудите во случајот „ТНТ“, којшто се однесува за рушењето на станбениот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Судот ги прогласи за виновни обвинетите, при што поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на девет години казна затвор. Некогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на три години затворска казна. Поранешниот градоначалник на...

Миле Јанакиески призна вина и доби условна казна од 2 години за набавката на кинеските автобуси

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и две други обвинети лица денеска признаа вина во судскиот процес „Дизајн“ којшто се води за набавката на кинеските автобуси „Јутонг“ за ЈСП-Скопје во периодот од владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Откако тие признаа вина, Основниот кривичен суд Скопје објави дека Јанакиески и двете други обвинети се осудени на условна казна затвор од 2...

Јанакиески и Јанкулоска осудени на затворска казна за „Титаник“, Протуѓер доби условна

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше осудена на казна затвор од 2 години и шест месеци. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој исто така беше еден од соработниците на екс-премиерот Никола Груевски, доби ефективна казна затвор од 4 години и 6 месеци,  Коста Митровски доби по 3 години затвор за случајот „Титаник“, а...

Јанкуловска, Јанакиески и Протоѓер признаа вина во случајот „Титаник“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на на пребеганиот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“. Судскиот процес почнува по трет пат од почеток поради смена на поротник. Обвинетите се дел од поранешното раководство...

Дваесет и пет години затвор за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април

Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно години 25 години затвор. Највисока казна против организаторите на упадот и насилствата во Собранието од 27 април 2017 година доби поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој е осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот министер за транспорт...

Четворица обвинети за набавката на двокатните автобуси на ЈСП, меѓу кои Јанакиески и Јанушев

По спроведената истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица во однос на набавката на двокатните автобуси за ЈСП-Скопје во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу обвинетите, се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и актуелниот пратеник...

Одбраната на обвинетите за 27 април тврди дека немале комуникација за да го загрозат уставниот поредок

Oдбраната во случајот „27 април”, каде обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, денеска на судското рочиште истакна дека обвинетите за организацијата на 27 април ниту имале комуникација меѓу себе ниту во дејствијата за кои ги гони обвинителството има насилство за да може да одговараат...

Судење за „27 април“: Јанакиески бара полиграф, Ристовски не комуницирал со Нинџа, Атанасовски не знае зошто е обвинет

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Изјави дадоа поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски. Миле Јанакиески побара да сведочи пред полиграф за да ја увери јавноста...

Полициски претреси во становите на Груевски и на Јанакиески

Утрово се извршени претреси во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во Прилеп, а полициски претреси по налог на јавен обвинител се извршени во станови на Никола Груевски во Скопје, пишува „Слободен печат“. Според весникот, од јавното обвинителство потврдиле дека имало претреси во објекти во Прилеп, но не прецизирале за кои станува збор. Шефицата на Обвинителството за...

Талат Џафери сведочеше за настаните од 27 април во Собранието, следното рочиште е на 16 октомври

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска сведочеше за насилството што се случи на 27 април во парламентот. Тој, како што истакна денеска во Кривичниот суд, на 27 април имал смртен случај во семејството, починал брат му и затоа повремено доаѓал на седницатa. Оттука, поради тоа, немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот Трајко Вељаноски, кој е обвинет...

Пребеганиот Груевски осуден на уште 1,5 година затвор, вкупно треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори

Четири години откако беше поднесено обвинението, поранешниот премиер, бегалец од правдата, Никола Груевски е осуден на една и пол година затвор и за случајот „Насилства во општина Центар“. Со првата пресуда од 2 години затвор, севкупно пребеганиот поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори. Покрај Груевски, на условна казна затвор од една година...

Премиерот Спасовски сведочеше за настаните поврзани со упадот во Собранието на 27 април

Премиерот Оливер Спасовски денеска по втор пат сведочеше за случувањата поврзани со упадот во Собранието на 27 април 2017 година во судскиот процес против организаторите на „крвавиот четврток“. Актуелниот премиер Спасовски во судницата се соочи со поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кој е еден од обвинетите во судскиот случај. Спасовски сведочеше дека на 27 април дал предлог и побарал пратениците...

Сведоци на суд изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите на „За заедничка Македонија“

Сведоците Михаил Младеновски и Сашко Коцевски денеска ги дадоа своите изјави на новото судско рочиште во процесот против организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Младеновски, којшто претходно беше обвинет во судскиот процес за настаните од 27 април, рече дека тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) го подготвила планот за упад во Собранието. Тој посочи...

Судот го прифати обвинението за организаторите на „Крвавиот четврток“

Основниот кривичен суд - Скопје информираше дека го прифатил обвинението за четири лица што се товарат за организација на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. На обвинителната клупа за „Крвавиот четврток“ ќе седнат поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељаноски, некогашните министри во владата на ВМРО - ДПМНЕ Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс -...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...