fbpx
Таг: Миле Бошњаковски

таг: Миле Бошњаковски

Владата без прецизен одговор за најавениот разговор помеѓу Заев и Ципрас

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата не прецизираше до каде се преговорите и дали е можна средба или телефонски разговор на премиерите на Грција и Македонија до крајот на неделава. Бошњаковски не сакаше да даде ниту коментар на „Фејсбук“ статусот на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој напиша дека во четврток или петок ќе се случи средбата...

Џезаир Шакири – Хоџа ќе добие надомест за ангажманот, нема постапка за друга функција

Шаќири ќе добие износ во пропорционален сооднос со траењето на неговиот договор, појасни Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на прашањето од „Мета“ дали на Џезаир Шакири, алиас Командант Хоџа, ќе му биде исплатен надомест, односно плата за неговиот ангажман во Владата. Од Владата пред една седмица потврдија дека поранешниот командант на ОНА  и човекот што важеше за „господар“ на Танушевци,...

Владата потврди дека Димитров и Коѕиас ќе се сретнат до крајот на месецов

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски потврди дека до крајот на месецов треба да има нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, но дека точниот датум се уште не е утврден. – До крајот на месецот ќе има нова средба, а датумот се уште треба да биде потврден меѓу министрите за надворешни работи....

ОЈО ќе го истражува ревизискиот извештај на МЕПСО за 2016 година

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ќе го разгледува ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 бидејќи Владата во него забележала две спорни ситуации, информираше денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Првата се однесува за купување на имот. Во 2011 МЕПСО добила понуда да купи имот од 2.178 квадратни метри по цена од 3,7 милиони евра. МЕПСО ја одбива таа понуда,...

Владата ќе го раскинува договорот за Казандол оти рудникот не е подготвен за производство

Работната група формирана од Владата за рудникот Казандол, утврдила низа неправилности на терен, а правната основа за раскинување на договорот ќе се знае по седум дена откако Министерството за економија треба да ги потврди овие наоди, информираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција. - Полињата за наводнување, оросување не се оформени, од системот за лужење не е...

Бошњаковски: Германија не се вклучува активно во преговорите за името

Германија не се вклучува активно во преговорите за името кои се водат помеѓу Македонија и Грција под закрила на Обединетите нации и медијаторот Метју Нимиц, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. - Денешната средба на германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев е билатерална на која ќе се разговараат повеќе работи и...

Владата платила само 250 евра за реклами на „Фејсбук“ и „Твитер“

Владата на Република Македонија на 22 август донесе одлука со која повеќе нема да нарачува реклами во електронските радиодифузери, во весниците и порталите, како и билборди, но го задржува правото да информира за своите активности преку социјалните медиуми. За таквото информирање од нејзиното назначување во јуни се потрошени 15.800 денари, одговори портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на прашањата од...

Шест години не се мешам во политиката, вели старо-новиот директор на МРТ, Цветковски

Марјан Цветковски, кој во вторникот беше избран за уште еден мандат за директор на Македонска радио телевизија (МРТ), за „Мета“ вели дека не сака да ја коментира изјавата на владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Изборот на Цветковски, кому ова му е трет мандат на чело на МРТ, предизвика серија негативни рекации од политичари, новинари и новинарски здруженија. - Видете, јас шест години...

Владата отвора канал за онлајн-комуникација со граѓаните, нема да дава пари за реклами

Владата ќе комуницира со граѓаните преку социјалните мрежи и преку јавниот радиодифузен сервис МРТ, а нема намера за тоа да троши буџетски пари, одговори владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прашањето од „Мета“ дали Владата ќе плаќа реклами кога ќе комуницира со јавноста преку јавниот радиодифузен сервис МРТВ и дали планира да плаќа за продукција на рекламни спотови или објави...

ЕЛЕМ ќе ги реконструира филтрите на РЕК Битола за да се намали загадувањето

ЕЛЕМ годинава ќе изврши реконструкција на електростатските филтри на РЕК Битола, за да се намали емисијата на парашина, а со тоа и загадувањето на околината, информираа од Владата. - Сметаме дека сумата која е издвоена е крајно сериозна и ќе придонесе кон подобрување на состојбите со аерозагадувањето во Битола и околината -  изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. ЕЛЕМ во својата...

Институциите не ги спроведуваат препораките од ревизорите за финансиското работење

Државните институции имплементирале многу малку препораки од Државниот завод за ревизија по контролите на нивното финансиско работење, информираше портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Затоа, на владина седница било заклучено дека ќе бидат преземени поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошење на јавните финансии. - Многу малку препораки се имплементирани по завршувањето на ревизиите. Се носат заклучоци, но институциите...

Новиот Клинички центар ќе чини 120 милиони евра и ќе се гради 3,5 години

Владата до крајот на февруари ќе ја донесе одлуката за тоа, дали ќе гради нов Клинички центар. Од таму, не сакаа да откријат дали Клиничкиот центар ќе се гради на нова локација или новиот објект ќе биде изграден кај веќе постоечките болници. - Рокот за изградба на новиот објект ќе биде 3,5 години и дополнителна 1,5 година за реконструкција на постојната...

Бошњаковски: Нема да лицитираме со имиња се додека немаме нешто конкретно

Се додека немаме нешто конкретно и специфично нема да лицитираме со потенцијални имиња, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со разговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на прашањето за името. - Во моментот не се разговара за потенцијално име туку интензивно работиме на градење на мерките на доверба. Сè што се случува изминатиот период е...

Утринава стапија на сила мерките на владата за заштита од загадувањето

Поради измерена висока концентрација на штетни честички во воздухот од над 200 микрограми на еден метар кубен на две места, од денеска стапуваат на сила мерките на владата за заштита од загадувањето, соопшти портпаролот на владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Бошњаковски соопшти дека мерките се стапени на сила од 9.30 утринава. Тие меѓу другото предвидуваат бремените жени, лица со хронични заболувања...

И покрај најавите за бојкот во Собранието, Владата очекува поддршка за реформите

Владата очекува опозицијата да ги покаже во пракса декларативните заложби за евроинтеграција на земјата, соопштија од Владата одговарајќи на прашање на „Мета“ дали имаат план „Б“, по најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествува во носењето на законите и на реформската агенда поради притворањето на шест од нејзините пратеници. - Владата смета дека реформските приоритети предвидени во планот „3-6-9“...

Бошњаковски: Новиот закон не е рестриктивен кон медиумите, во тек е јавна дебата

Предложениот текст за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не содржи рестриктивни одредби во однос на уредувачката политика или начинот на известување на медиумите, стои во одговорот на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на прашањето на „Мета“ како ја коментира изјавата на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, дека „Владата сака да ја...

Елаборатите за спомениците од „Скопје 2014“ тргнале, ама уште не стигнале во Владата

Владата тврди дека Министерството за култура сè уште ги нема доставено елаборатите подготвени од работната група за некои од спомениците од проектот „Скопје 2014“, но од Министерството велат дека елаборатите се испратени до сите надлежни институции. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешниот брифинг рече дека до Владата сè уште не се пристигнати елаборатите и дека кога ќе пристигнат, ќе...

Владиниот сајт блокиран поради „технички проблеми“

Веќе трет ден интернет страницата на Владата или не се отвора или ако тоа се случи, потребни се долго чекање и повеќе обиди. Иако се појавија шпекулации за наводен хакерски напад, владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека станува збор за технички проблеми, кои не се посебно сериозни. Неделава, албански хакери, кои се претставуваат како „Aнонимус Албанија“ тврдеа дека ги хакирале интернет...

Долгот на МРТ ги отежнува медиумските реформи, Владата не расправала на таа тема

Владата е свесна за ситуацијата со долгот на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ), но досега нема разговарано за овој проблем, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Тој додаде дека долгот дополнително ги отежнува медиумските реформи. - Свесни сме за ситуацијата. Во тек се реформите во медиумскиот дел според препораките на Прибе. Самиот долг е нешто што дополнително ги отежнува работите, но во...

Бошњаковски: Владата нема практика да усогласува соопштенија од средби на Заев

Владата останува на ставовите изнесени во соопштението од средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и рускиот амбасадор Олег Шчербаг и покрај реакцијата на амбасадата на Руската Федерација во Македонија. „Владата на Република Македонија нема практика да усогласува став во врска со соопштенија од овој вид средби“, вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски во изјава за државната новинска агенција МИА, во врска...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...