fbpx
Таг: мила царовска

таг: мила царовска

Новиот закон предвидува да има и инклузивни учебници, достапни и за учениците со оштетен вид

Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој на предлог на МОН неделава беше усвоен од страна на Владата, предвидува секоја книга што ќе ја има во хартиена верзија, да има и аудио верзија, а МОН ќе може да ја печати и на Брајово писмо за децата со оштетен вид, рече министерката за образование и наука...

Изработката на новите наставни програми за првачињата е во завршна фаза, соопшти МОН

Учениците од прво одделение новата учебна година ќе ја започнат со целосно нови наставни програми согласно новиот концепт за основно образование чија изработка е веќе во завршна фаза, а веднаш по нивното усвојување ќе следат обуки за наставниците, кои ќе се реализираат преку три модули во текот на мај, јуни и август, информираат од Министерството за образование и наука...

Царовска: Наставниот кадар во летниот период ќе се обучува за новиот концепт за основно образование

Министерката за образование и наука, Мила Царовска најави дека летниот период ќе биде искористен за обука на наставниот кадар во прво и во четврто одделение за новиот концепт за основно образование. Како што рече таа во изјава за Утринската програма на Националната радиотелевија, во моментов програмите се во изработка, од кои за прво одделение треба наскоро да излезат, додека...

Системски се воведува услугата образовен асистент која ќе се финансира преку Буџетот на државата

Донесени се сите подзаконски акти кои се однесуваат на услугата образовна асистенција, со што таа за првпат системски се воведува и ќе се испорачува согласно Законот за основно образование. Услугата ќе се финансира од Буџетот на РСМ, односно преку Буџетот на МОН за 2021 година, за што се обезбедени финансиски средства во висина од 59 милиони денари, соопшти денеска...

Една година од Едуино платформата: Најзаслужни наставниците кои креираа трајни ресурси за образованието

Едуино платформата е траен ресурс кој ќе може да се користи и по пандемијата, а наставниците се одговорните без кои процесот на далечинско учење немаше да биде успешен. Ова е заклучокот кој го споделија присутните на настанот „Една година од постоењето на ЕДУИНО“ кој се одржа на платформата Зум, а на кој учестувуваа министерката за образование и наука, Мила...

Царовска: Засега не се предвидени нови мерки во училиштата бидејќи таму нема ширење на заразата со ковид-19

Состојбата во училиштата е стабилна, нема ширење на заразата со ковид-19, изјави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска на новинарско прашање поврзано со предвидени нови заштитни мерки од корона вирусот, имајќи ја предвид актуелната состојба во државата. „Сите протоколи се спроведуваат, немаме интерно ширење на заразата и засега не се размислува за нови мерки во училиштата“, рече министерката. Меѓу...

Министерката Царовска во самоизолација поради контакт со позитивно лице на ковид-19

Министерката за образование и наука, Мила Царовска е во изолација поради контакт со позитивно лице на корона вирус. Поради тоа, на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, која што треба да се одржи денеска, ќе учествува претставник од министерството. Инаку, пред три дена претставници на Сојузот на средношколци остварија средба со премиерот Зоран Заев,...

Царовска: Наставниците ќе бидат моторот на промените

Наставниците ќе бидат мотор на оваа голема промена во образовниот систем, тие се наши главни партнери, а јас силно верувам дека со нивната посветеност ќе овозможиме подобро образование на нашите деца. Ова го кажа денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, на седницата на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на која се одржа јавна расправа за...

Во петок јавна расправа во Собранието за новиот концепт за основно образование

Јавната расправа за новиот концепт за основно образование, која ја организира Собранието е закажана за во петок каде ќе се сублимираат сите мислења, а веќе потоа влегуваме во фазата на усвојување и подготовка на наставните програми коишто се клучни, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска. „Пред пратениците ќе имаме можност да ја презентираме концепцијата, гостите ќе имаат...

Владата и Светската Банка се согласни дека инвестициите во човечкиот капитал се основа за економски развој

Фармир Бесими
Човечкиот капитал е важен за секоја земја и вложувањето во него треба да биде одговорност за сите влади, но и пошироко, треба да постои општо прифатен консензус за структурните реформи во оваа област. Ова беше посочено на денешниот онлајн состанок на кој се дискутираше за начинот на отпочнување на „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на...

МОН: Училиштата да најдат начин да ги надоместат изгубените часови

Додека еден дел од матурантите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука посочува дека постапката за органзиирање на матурата тече, додека 14.000 ученици пријавиле матура. Министерката Мила Царовска, која денеска во Штип пред бизнис секторот го презентираше проектот „Учи паметно, работи стручно“, беше прашана дали ќе има продолжување на училишната година, поради големиот број на загубени часови. „Секое училиште...

Дел од средношколците продолжуваат со бојкот на наставата, МОН вели матурата ќе се одржи

Бојкотот на онлајн наставата на дел од средношколците во земјава продолжи и денеска, при што Министерството за образование и наука (МОН) и Сојузот на средношколци не отстапуваат од своите позиции. Од МОН информираат дека министерката Мила Царовска денеска одржала онлајн состанок со директорите на средните училишта, на кој е донесен заклучок дека МОН има законска обврска да ја организира...

Царовска: Новата концепција за основно образование е влез во новата ера и влог во иднината

Меѓународниот ден на образованието, 24 јануари, годинава се одбележува во време на пандемија што наметна целосно нови услови за одвивање на образовниот процес, но и предизвици во изнаоѓање на решенија за непречена настава и квалитетно образование. Министерството за образование и наука, МОН, продолжува силно да вложува во образованието и во подготвувањето на целосна нова реформа која ќе гарантира подобро...

Зимскиот рапуст заврши, дел од матурантите ја бојкотираат онлајн наставата

Од денеска учениците ја продолжуваат наставата од второто полугодие од учебната 2020/2021 година, откако вчера заврши тринеделниот зимскиот распуст. Наставата како и досега, ќе се одвива онлајн преку електронските алатки, со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, како и учениците во средните стручни училишта. Од Сојузот на средношколци велат дека...

Царовска: Се намалува стравот од интеграцијата на предметите кој беше политички злоупотребен

Она што досега можев да го видам од препораките и забелешките за новиот концепт за основно образование е страв. Нема нешто конкретно што засегнатите страни не го прифаќаат или нешто конкретно што предлагаат да се случи на поинаков начин, истакна денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска во изјава за медиумите по состанокот со претставниците на Управниот одбор...

Одбележани 9 години од смртта на поранешниот претседател Киро Глигоров

Државниот врв денеска ја одбележа 9-годишнината од смртта на поранешниот претседател Киро Глигоров. Делегација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, информираат од претседателскиот кабинет. Делегацијата која му оддаде почит на поранешниот претседател беше во состав: Миле Бошњаковски, генерален...

На час по интегриран предмет нема да влегуваат сите професори, туку секој професор ќе го предава својот дел

Интегрираните предмети нема да бидат предавани само од еден професор, односно на тој час нема да влегуваат тројца наставници по историја, граѓанско образование и географија. Секој од професорите ќе треба да го предава својот дел, односно секој ја предава лекцијата што припаѓа на неговата дисциплина, меѓутоа ќе треба да се договораат меѓусебно како тематски да предаваат одредена тема, со...

Мила Царовска: Со новиот концепт учениците ќе научат да учат и да размислуваат критички

Дел од јавноста бурно реагираше на најавата дека од идната учебна година ќе се случуваат крупни промени во основното образование. Најавата дека ќе се воведе концепт со кој повеќе предмети се интегрираат во еден предизвика многу различни толкувања и реакции. Во јавноста се појавија и редица дезинформации дека ќе се укинуваат цели предмети, но тие тврдења веднаш беа демантирани...

Во услови на пандемија, неопходно е да се инсистира на почитување на фундаменталните човекови права

Милиони луѓе, вклучително и наши граѓани не ги уживаат универзалните права поради низа структурни нееднаквости и системски неправди, поради говор на омраза, дискриминација, насилство и нетрпеливост кон различностите. Не смееме да бидеме рамнодушни и да игнорираме какво било непочитување на основните човекови права, што може да ескалира во која било форма на насилство. Секој од нас е должен да...

Во ноември 90 проценти од учениците ја следеле наставата онлајн

Стабилизирана е бројката на ученици кои се приклучија кон изведувањето на наставата на далечина и во ноември тој процент се движи околу 90 отсто. Ова денеска во Штип го соопшти министерката за образование и наука, Мила Царовска, која смета дека ова е засега најповолниот баланс меѓу здравствената криза и образовниот процес. Овој принцип останува до крајот на првото полугодие, што...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...