fbpx
Таг: мила царовска

таг: мила царовска

Млади жени и девојки од повеќе градови на обуки за женско лидерство

Mлади жени и девојки од Пробиштип, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево викендов учествуваат на првиот од вкупно четирите едукативни работилници на програмата „Girls power“ (Женска моќ), која ја спроведува „Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој“ – СИГА. Сите учеснички по завршување на обуките ќе добијат финансиски средства кои ќе треба да ги искористат за спроведување на општествена акција која тие...

Царовска: Женското лидерство носи позитивни промени, води и управува со интегритет

„Жените и девојките поседуваат лидерски капацитети, водат и управуваат во интегритет, дејствуваат тимски и го мотивираат целиот тим за напредок. Ме радува фактот што сè поголем број на жени и девојки во последните години се вклучуваат во општествените процеси со цел подобрување на државата“. Ова го изјави директорката на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој - SIGA Мила Царовска...

Царовска: Делото на Конески е аманет за негување и унапредување на македонскиот јазик

Министерството за образование и наука со низа активности одбележа едно столетие од раѓањето на една од најважните личности за македонскиот јазик, нашиот голем книжевник, деец, поет и академик Блаже Конески. Сите овие активности се во насока на зголемување на афирмацијата на неговото име и дела, но и поттикнување на нашите и светските лингвисти, студенти, научници да дадат свој придонес...

Министерката за образование Мила Царовска нема да биде дел од новата влада

Мила Царовска ќе се повлече од функцијата министер за образование и наука во новата влада. Таа денеска во изјава за медиумите рече дека донела одлука да не учествува во новата влада предводена од СДСМ, ДУИ и Алтернатива. „Во изминатите пет години заедно со мојот тим, испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам...

ФЕИТ доби две нови научни лаборатории од корист за студентите и професорите

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ доби две нови научни лаборатории коишто ќе бидат корисни за студентите и наставниот кадар на оваа високообразовна установа, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). Едната е лабораторија за испитување на електромагнетни влијанија и ќе добие поддршка за формално признавање на компетентноста, а другата е лабораторија за контрола на храна...

Дигиталниот саем за средно стручно образование можност за избор на исправна животна одлука

За прв пат во земјава денеска и утре се одржува дигитален саем за средно стручно образование, на којшто се очекува да учествуваат околу 19.000 деветто одделенци. Настанот има за цел да навремено да ги информира учениците за она што го нудат средните училишта во земјава, можностите за стипендирање, наставните програми, практичната настава, но и придобивките и предностите од средното...

Царовска: Учениците од најрана возраст треба да научат да препознаваат и да дејствуваат против сите форми на насилство

Насилството не смееме да го премолчиме. Сите заеднички треба да дејствуваме. Затоа, со новата Концепција, кај учениците уште од најрана возраст развиваме свесност и ги учиме да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство, вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените, порача министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот Фејсбук профил, приклучувајќи...

Младите со конкретни прашања, предлози и барања на денешниот Самит за климатски промени во МКЦ

На нецели две недели пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (КОП 26) во Глазгов, младите од Северна Македонија денеска испратија конкретни прашања, предлози и барања до институциите и амбасадорите во земјава на „Младинскиот климатски самит“, којшто се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Кога ќе може секое училиште во земјава да добие опрема за...

Царовска: Го јакнеме средното стручно, 1.400 ученици избираат да учат во дуалните паралелки

Наш главен приоритет како Влада и како министерство е да го унапредиме, но и да ја зголемиме атрактивноста на средното стручно образование на што веќе засилено работиме. Токму во таа насока е и регионалниот проект „Училиштето се среќава со компаниите“ кој денеска успешно го завршуваме, со промовирање на првите училишни координатори, од средните стручни училишта, коишто ја поминаа обуката...

Царовска: Финансиската едукација на средношколците е важна во нивната подготовка за пазарот на труд

Раната финансиска едукација е од исклучително значење за младите. Тие мора навремено да се запознаат со основните термини, поими и информации врзани за финансиите и економијата, тргувањето со хартии од вредност, менаџирањето со средства и нивно искористување на најефикасен начин, надминувањето на финансиските проблеми и управувањето со ризиците. Со совладувањето на оваа материја учениците стануваат подобро подготвени за успешен...

Царовска: Наставниците и наставничките се нашата национална гордост

По повод 5 Октомври - Меѓународниот ден на учителките и учителите, министерката за образование и наука Мила Царовска им го честиташе празникот на учителите и учителките и им посака добро здравје и многу индивидуални и колективни успеси во едукацијата на младите во земјава. Таа додава дека здравствената криза ни покажа колку образовниот систем е кревок, а предизвиците кои ги донесе...

Царовска: Наставниците се подготвени да применуваат нови концепти за едукација на учениците

Во поново време наставниците во основните и средните училишта во државава се мотивирани да учествуваат во креирање и во имплементација на новини во образовниот систем и тоа е основен услов за подигнување на квалитетот на образованието кое им се нуди на младите, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска на денешната промоција на учебникот „Играта и учењето- нови...

Царовска: Нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата, моделот на настава останува ист

Состојбата со ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, утрово на редовниот координативен состанок со директорите на основните...

Царовска: Дигиталните материјали за учење се целосно во согласност со законските прописи

Законска основа за воведување на дигитални материјали за учење има, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во вечерашното гостување во емисијата „360. степени“, одговарајќи на прашањето дали има законска основа за воведување на дигитални материјали за учење согласно новата Концепција. „Воопшто не мора да чекаме да завршат изборите, ниту да замине оваа власт. Сите институции од правосудниот систем...

Царовска: Учениците ќе бидат дел од ПИСА тестирањето во 2022 година

Северна Македонија ќе учествува во меѓународното ПИСА тестирање кое го организира ОЕЦД, а ќе се спроведе во 2022 година и за таа цел интензивно се подготвуваме речиси една година, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска. „Се надевам дека при проверката на научната и математичката писменост, писменоста за читање и креативноста во размислувањето, учениците ќе покажат подобри резултати во...

МОН: 14 ученици се ковид позитивни од околу 257.000 што посетуваат настава во училиштата

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска информираше дека 14 ученици во основните и средните училишта во земјава се позитивни на ковид-19, но ниту еден од нив не е заразен во училиште и дека не постои интерна трансмисија на корона вирусот во училиштата. Министерството за образование и наука (МОН) денеска апелираше за доследно почитување на сите мерки за заштита...

По реакцијата на дел од родителите, Царовска вели училиштата се подготвени за прием на учениците

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска рече дека училиштата се целосно подготвени за прием на учениците со физичко присуство и за непречена реализација на квалитетна настава, и покрај зголемениот број на активни случаи на ковид-19 во земјава. Таа при денешната посета на основното училиште „Дане Крапчев“ во општина Гази Баба рече дека училиштата интензивно се подготвуваат за...

Царовска на состанок со директорите на училиштата: Подготвени сме за успешна учебна година

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа редовен координативен состанок со директорите на основните училишта, на којшто беше заклучено дека училиштата се подготвени за започнување на новата учебна година од први септември годинава по новата Концепција и според потребните здравствени протоколи. Реформските процеси започнуваат да се спроведуваат во прво и четврто одделение од почетокот на оваа учебна година. „Како...

Петнаесет училишта добија мобилни станици за миење раце во пресрет на новата учебна година

Петнаесет училишта посочени од Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат добија мобилни станици за миење раце, донирани од УНИЦЕФ и УСАИД. Денеска министерката за образование Мила Царовска, претставниците на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и на УСАИД, Ерик Јановски, заедно со Филип Темелковски, градоначалник на Кисела Вода и Македонскиот центар за граѓанско образование го посетија основното училиште „Климен Охридски“...

Сојузот на средношколци ја поздрави одлуката за отворање на училиштата и настава со физичко присуство

Сојузот на средношколците денеска одржа состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска, на кој ја поздравија одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство. Тие го споделија заедничкиот став со министерството дека отворањето на училиштата под здравствени протоколи е најдобра опција за сите ученици. „Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...