fbpx
Таг: Михаел Рот

таг: Михаел Рот

Османи побарал од Рот вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска на државниот секретар на Mинистерството за надворешни работи на Германија за европски прашања, Михаел Рот му ја пренел иницијативата на македонската Влада за стратешко партнерство меѓу Германија и Македонија и побарал вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името. Османи на средбата со Рот, стои во соопштението од неговиот кабинет, го истакнал...

Бујар Османи во Берлин ќе бара германска поддршка за планот „3-6-9“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска патува во Берлин, на работна посета. Тој утре треба да се сретне со Михаел Рот, државен министер за Европа во германското министерство за надворешни работи и со Андреас Гис, директор за развојна соработка, во министерството за економска и развојна соработка на Германија. Во фокусот на разговорите ќе бидат реформите поврзани со процесот на...

Атина му порача на Рот да се воздржи од лекции по историја

Министерството за надворешни работи на Грција денеска апелираше државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји. „Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михаел Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по...

Османи го презентирал планот „3-6-9“ на амбасадорите од ЕУ и на Рот

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, во просториите на Делегацијата на Европската Унија го презентирал планот „3-6-9“ пред амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. - Во овој план се опфатени реформите што Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од три месеци, односно до одржувањето на локалните избори, а во меѓувреме...

Рот: Доколку ги спроведете реформите, Германија ќе ве поддржи во евроинтеграциите

На Македонија ѝ е потребно помирување и реформи и важно е тие да бидат спроведени во интерес на државата и на нејзиниот народ, бидејќи иднината на Македонија е во ЕУ, изјави државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, на заедничката прес-конфернеција со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. - Првите чекори на Владата се во вистинска...

Рот: Националистички варвари ја уриваат демократијата во Македонија!

Жестока реакција стаса претпладнево од Михаел Рот, германскиот државен министер за Европа, за синоќешните напади на македонското собрание. https://twitter.com/MiRo_SPD/status/857826713417510912 „Националистички варвари сакаат да ги уништат последните остатоци на демократската култура во Македонија. Ужаснат сум“, напиша Рот на својот твитер-профил утрово. Осуди стигнаа и од еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан, како и од претседавачот и од генералниот секретар на ОБСЕ, Себастијан Курц...

Рот: Цинично е да се играат игри на моќ врз грбот на населението

„Цинично е да се играат игри на моќ врз грбот на населението. Со тоа се одолговлекува развојот на земјата и се прокоцкуваат шансите“, вели државниот министер за Европа во германското МНР, Михаел Рот, во интервју за „Дојче веле“. - На луѓето им е конечно неопходна перспектива, да се тргне напред, тие се надеваат на европска иднина на својата земја. Затоа,...

Берлин: Партиите повеќе не смеат да си играат со трпението на меѓународната заедница

Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно-политичката состојба во Македонија“, порача денеска од Брисел германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, и потенцира дека земјава итно мора да ги исполни двата услови, односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство. - Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението...

Рот се сретна со Попоски, Груевски и со Заев

Државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот, денеска се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Министерот Попоски на средбите истакнал дека внатрешните политички предизвици се надминуваат низ инклузивен процес, кој треба да се заокружи час поскоро и без одложување на претстојните парламентарни избори во април. Попоски...

Попоски – Рот: Потребно е трајно и одржливо решение за бегалската криза

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, се сретна државниот министер за Европа во германското министерство за надворешни работи, Михаeл Рот, со кој разговарал за евроатланската интеграција на Македонија и за бегалската криза. Министерот Попоски истакнал дека внатрешните политички предизвици се надминуваат низ инклузивен процес, кој треба да се заокружи час поскоро и без одложување на претстојните парламентарни избори во април. Кредибилни избори...

Заев: Македонија на следните избори мора да добие Влада со полн легитимитет

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на државниот министер во германското МНР, Михаел Рот, му го соопштил ставот на партијата дека се неопходни фер и регуларни избори, за што се потребни прочистен избирачки список и регулација на медиумите. - Државната изборна комисија, како независна институција чијашто обврска е избирачкиот список, треба да ги соопшти роковите за прочистување на списокот, во кој...

Груевски: Изборите се единствен излез од наметнатата политичка криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот, му истакнал дека заложба на партијата е надминување на политичката криза, преку одржување предвремени парламентарни избори во согласност со одредбите и со роковите на Изборниот законик што го поддржаа парламентарните партии во Собранието на Република Македонија. „Претседателот Груевски истакна дека постои доволно време кое треба да се искористи...

На 1 февруари доаѓа германскиот државен министер Михаел Рот

Државниот министер за надворешни работи на Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, ќе ја посети Македонија од 1 до 2 февруари, информираат од германската амбасада. - Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници од Владата и од опозицијата, граѓанското општество и од невладините организации, кои се активни во областа на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...