fbpx
Таг: миграција

таг: миграција

Тексас ѝ пркоси на федералната влада околу бодликавата жица на границата со Мексико

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, најави дека нема да ја почитува пресудата на Врховниот суд и ќе продолжи да ја гради оградата од бодликава жица на границата меѓу САД и Мексико, со цел спречување мигранти да влезат во САД, пренесува Гардијан. Во понеделникот, Врховниот суд донесе одлука (со пет гласови за и четири против), со која го потврди правото на...

Требичино – селото со двајца жители чија тишина сведочи за масовната миграција

Додека сонцето изгреваше над живописните предели, тргнаваме на патување до селото Требичино, сместено во ридско-планинските предели во струмичкиот регион. Порано препознатливото село по својата убавина и прекрасен пејзаж, денеска е само суров доказ за масовната емиграција што ги зафати населените места во овој регион, но и во целата држава. Тишината го исполнува воздухот додека се приближуваме до селото кое постојано...

Спасовски: Миграцијата може да се менаџира само ако има партнерство меѓу сите европски држави

Миграцијата може да се менаџира само ако има партнерство меѓу сите европски држави. Ако ги следиме сите активности кои се преземени од 2015 година до денеска, може да се види колку лоши капацитети имавме за справување со миграцијата и како тие се надградија. Ова го истакна во своето денешно обраќање министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ја отвори...

2022 година за младите од земјава: Невработеност, миграција, нарушено ментално здравје и заборавени од институциите

Младите во Северна Македонија и во текот на 2022 година се соочија со низа проблеми кои директно се одразуваат на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната иднина. Во продолжение Порталб.мк ви нуди еден преглед на тоа што ја одбележа 2022 година во однос на младите. Висока стапка на...

Попис 2021: Во земјава има 205 села без жители, скопски Аеродром со најголем број домаќинства

Дури 205 села во земјава се ненаселени без ниту еден жител којшто бил регистриран лани за време на пописот. Бројката на ненаселени места расте, но се зголемува и бројот на жители и домаќинства кои ги има Скопје, и особено, скопската општина Аеродром, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од...

„Рускиот Гугл“ сака да ги продаде бизнисите во Русија и да продолжи со работа од странство

Една од најпознатите руски технолошки компании „Јандекс“, која е пандан на американскиот „Гугл“, одлучи дека не може да остане во Русија и сака да ги пренесе своите најперспективни нови технологии во странство и да го отфрли најголемиот дел од бизнисот што го има во Русија, пишува Форчн. И „Њујорк Тајмс“ и „Фајненшл тајмс“ веќе имаа стории на идентичната тема,...

Новиот пакт за миграција и азил – можна ли е „флексибилна солидарност“?

Во септември 2020 година Европската комисија поднесе низа документи, со кои се предлага ревизија на политиката на ЕУ во областа на миграцијата и азилот. Покрај коминикето „Нов пакт за азил и миграција“, Комисијата предложи измени на сите главни директиви од оваа област, план за реализација, како и неколку препораки и насоки. Ревизијата го признава неуспехот на оваа политика од 2015...

Пет розови фламинга одмораат во Преспа

Пет розови фламинга, едно возрасно и четири млади, одмораат во Преспанското Езеро. Ова не е првпат фламинга да ја посетат Преспа, со оглед на тоа дека иако тие не се гнездат во Македонија, територијата ја користат повеќе пати за прелет. Денеска се забележани во Езерани, каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Првиот податок за...

Аврамопулос: Да се соочиме со вистината, мигрантите се тука да останат

Време е да се соочиме со вистината дека никогаш нема да бидеме во можност да ја запреме миграцијата, порача европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопулос и додаде дека тоа е новата реалност за која треба да се смислат долгорочни решенија за унапредување на интеграцијата и инклузијата. Според неговите зборови на денешниот Меѓународен ден на мигрантите, повеќе од 244 милиони луѓе...

Спасовски денеска и утре во Будимпешта на конференција за нелегална миграција

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска и утре учествува на конференцијата на министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж западнобалканската рута. Утре тој ќе има свое обраќање на конференцијата. „На маргините од конференцијата, министерот Спасовски оствари средба со Андреј Шпенга, државен секретар во Министерството за внатрешни...

Политичката и мигрантската криза во фокусот на утрешната средба меѓу Иванов и Туск

„Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов и на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе бидaт заканата од илегална миграција со која се соочува Европа и политичката криза во Македонија по изборите во декември 2016 година“, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој утре ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во...

САД: Отфрлено барањето на Трамп за деблокирање на уредбата за имиграција

Американскиот федерален апелациски суд го отфрли барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп повторно да се воспостави забраната за влез во земјата на граѓани од седум претежно муслимански државни. Федералниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт, во петокот ја блокираше оваа одлука на американската администрација. Американското министерство за правда во саботата поднесе жалба против одлуката на федералниот суд. Во жалбата се...

Малта го презеде претседавањето со ЕУ

Малта од денеска го презема шестмесечното ротационо претседавање со Советот на ЕУ од Словачка. Како приоритети за време на својот мандат, ги постави прашањата поврзани со миграцијата, безбедноста, единствениот европски пазар, како и соседската политика и поморскиот сектор. - Малтешкото претседавање останува посветено на процесот на проширување. Проширувањето на ЕУ е долготраен процес кој бара силни реформи од земјите кандидатки -...

Годинава се удавиле 5.000 мигранти

Рекордни 5.000 мигранти се удавија во Средоземно Море оваа година, по двете бродски несреќи што се случија вчера и во кои настрадаа 100 лица, соопштија хуманитарните организации. Два преполни брода се превртеле помеѓу Италија и Ливија, соопштија Меѓународната организација за миграција и УНХЦР. - Со последните две несреќи, годинава настрадаа 5.000 лица – соопшти портпаролот на Меѓународната организација за миграција, Џоел Милман. Портпаролот...

Откриена мрежа за илегална имиграција на Кинези во Шпанија

Шпанската полиција денеска соопшти дека открила мрежа на шверц со луѓе која на кинески државјани им овозможувала да добијат дозвола за престој со фалсификувани договори за работа во домаќинства. Најмалку 57 лица се уапсени во текот на полициската операција спроведена низ Шпанија, меѓу кои е и една кинеска двојка, осомничена дека ја водела илегалната мрежа. Шпанските власти се сомневаат дека некои Кинези...

Попоски на самит во Париз: Потребно е ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз под покровителство на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, информираат од Министерството за надворешни работи. На сесијата на министрите за надворешни работи се дискутирало за прашања од областа на миграциите, борбата против тероризмот и радикализацијата, политиките за младите и за економските реформи како еден од...

Парламентарна делегација на конференција за миграција во Брисел

Делегација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во Брисел учествува на дводневна интерпарламентарната конференција на тема „Миграцијата и политиката за азил на ЕУ: Импликации за парламентите од земјите на проширувањето“. Делегација ја предводи претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Владимир Ѓорчев, а дел од неа се и пратениците Нада Ципушева,...

Словенец назначен за координатор на ЕУ за миграција

Андреј Грошељ, советник во постојаното претставништво на Словенија во Европската унија, ќе стане еден од првите координатори за миграција во Европската служба за надворешни работи. Грошељ ќе ја координира работата на Директоратот за глобални предизвици (ЕЕАС) и европските служби во врска со мигрантската криза, како и соработката со другите служби на Европската комисија. Посебен акцент ќе биде ставен на примената на...

Аврамопулос: Миграцијата се претвори во проблем на целиот свет

Бегалската криза е светски предизвик, поради што е потребен светски одговор, оцени еврокомесарот за миграција, Диитрис Аврамопулос. - Миграцијата се претвори во најголем проблем не само во Европа туку и во целиот свет - рече Аврамопулос, повикувајќи ги сите држави да земат учество во решавањето на бегалската криза. Аврамопулос истакна дека на ноемвриската средба во Малта првпат на една маса ќе седнат лидерите...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...