fbpx
Таг: мигранти

таг: мигранти

Кризната состојба на границите поради мигрантите продолжува до крајот на годината

Собранието денеска до 31 декември ја продолжи кризната состојба на јужната и северната граница, прогласена на 20 август 2015 година, поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ земјата. Ова е осмо продолжување на рокот на траење на кризната состојба, во чии рамки границата, покрај граничната полиција, ја обезбедуваат и армиски сили, но и полициски сили од неколку европски држави. Новата...

Продолжете по вашиот пат за земјата да биде светилник на мирот, порача папата Франциск

Ве охрабрувам да продолжите на вашиот пат со цел вашата земја да претставува светилник на мирот, прифаќањето и плодна интеграција на култури, религии и народи. Преку отсликување на нивните посебни идентитети и виталноста на нивниот културен и граѓански живот, тие ќе бидат во можност да ја изградат заедничката судбина преку посебното богатство што го нудат. Господ нека ја заштити...

Унгарија: EП го пика носот каде што не му е место, Груевски ја бранеше Европа

Откако Европскиот Парламент (ЕП) вчера при гласањето за резолуцијата за Македонија усвои и два амандмани за азилот на Никола Груевски во Унгарија, со кои се бара негова екстрадиција во Македонија, од Унгарија стаса остар одговор. Владиниот портпарол, односно Државниот секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Золтан Ковач, во интервју за телевизијата „Ехо“ порача дека резолуцијата,...

Владата предлага кризната состојба на границите да продолжи до јуни 2019

Владата предлага, кризната состојба на јужната и на северната граница да биде продолжена до 30 јуни 2019 година, со цел, превенирање и спречување влез и транзитирање мигранти на територија на Македонија. Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија е...

Лажни вести за мигрантите потпалуваат омраза во Србија

Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија предупреди вчера дека на социјалните мрежи се шири лажна вест за наводен напад од група мигранти врз 17-годишна девојка во центарот на Белград. „Ова не е прв случај на ширење на лажни вести на социјалните мрежи за мигрантите во Србија. Социјалните мрежи се користат како место за непопречено излевање омраза и ксенофобија кон...

Откриени седум мигранти кај Смоквица

Вчера во 20.30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од с.Арачиново, скопско, информираат од МВР. Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки...

Србија и Фронтекс ја парафираа спогодбата за заштита на надворешните граници на ЕУ

Србија денеска ја парафираше спогодбата со Европската агенција за гранична и крајбрежна заштита (Фронтекс) за унапредување на безбедноста на надворешните граници на ЕУ, како и за управување со миграциите. Потпис на спогодбата ставија министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ и европскиот комесар за внатрешни прашања и миграции Димитрис Аврамопулос. Аврамопулос објасни дека спогодбата ќе му овозможи на Фронтекс...

Наскоро спогодба на Србија со Фронтекс

Сем Фабрици, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија денеска најави дека наскоро во Србија ќе стаса еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос и оти претпоставува дека тој со Србија ќе потпише статусна спогодба за Фронтекс, граничната служба на ЕУ. Повикувајќи се на изјава на Аврамопулос, „Дојче веле“ вчера пренесе дека со Србија, Македонија и Албанија веќе се постигнати соодветни спогодби...

Австрија ќе ги штити границите, по договорот за мигрантите во германската влада

Австриската влада соопшти дека е подготвена да преземе мерки за заштита на границите, по договорот во германската влада со кој се предвидува рестрикција за влез на мигранти во Германија. „Доколку германската влада го потврди договорот, ќе бидеме приморани да преземеме мерки за да ги спречиме непријатностите на граѓаните во Австрија“, се наведува во соопштението. Во него се додава дека Австрија е подготвена...

Во Грција четирипати повеќе мигранти од истиот период лани

Бројот мигранти кои пристигнуваат на грчките острови сега е за четири пати поголем од истиот период лани. Според грчките власти, на Лезбос, каде што е најголемиот камп за мигранти, лани дневно во просек пристигнувале по 54 мигранти, а сега над 200 секој ден. Од март годинава грчките острови и северна Грција беа сведоци на пристигнувањето на голем број бегалци од...

Хелсиншки комитет: Бегалската криза не е завршена, да се следи ситуацијата на терен

Бегалската криза не смее да се смета за завршена, иако бројот на бегалци и мигранти кои лани влегоа во Македонија е намален во споредба со 2016 година. Државата мора да продолжи да ги гради своите капацитети за да може непречено да ги гарантира основните човекови права и слободи на бегалците и мигрантите на нејзината територија, како и итно да...

Мигрантските рути се затворени, владите во регионот ќе разменуваат информации

Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) ги поддржува шесте влади од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија во усогласување на правната рамка со законодавството на Европска Унија, во изградбата на институции и персонал, како и размена на информации за мигрантите кои поминуваат низ овие држави. На денешната презентација на МАРРИ, беше истакнато дека...

Израел го суспендира планот за испраќање илјадници мигранти од Африка на Запад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја суспендираше спогодбата со Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за преселба на илјадници мигранти од Африка во западните земји, и тоа неколку часа откако беше објавено склучувањето на спогодбата. Според спогодбата, голем дел од 16.000 Африканци што бараат азил во Израел треба да бидат испратени во западните земји, а не вратени во матичните земји. Но,...

Во сообраќајна несреќа во Турција загинаа 17 мигранти

Најмалку 17 лица загинаа, а 36 се повредени во сообраќајна несреќа на минибус во источна Турција, соопшти турската полиција. Турските медиуми јавуваат дека минибусот превезувал илегални мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран. Во минибусот, кој бил регистриран за 14 патници, имало повеќе од 50 мигранти. Полицијата ги истражува причините за несреќета.

Возачите на камиони ќе се штитат од нелегалното уфрлување на мигранти

Националниот координативен центар за гранично управување при Владата заедно со Стопанската комора на Македонија почнуваат координирана акција за сузбивање на нелегалното уфрлување на мигранти и бегалци во камионите на возачите од земјава кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, од страна на трговците со луѓе, информираат од Стопанска комора на Македонија. Целта е, како што велат, да се гарантира безбедноста на возачите,...

Во сообраќајна несреќа во Либија загинаа 19 мигранти, 60 се повредени

Најмалку 19 мигранти загинаа во Либија кога камион со кој се превезувале, се превртел кај Бан Валид, 180 километри југоисточно од Триполи. Во несреќата биле повредени уште 60 мигранти, а околу 200 се наоѓале во камионот. Причините за несреќата се уште не се познати. Во Либија владее хаос уште од смената и убиството на долгогодишниот лидер, Муамер Гадафи во 2011 година....

Најмалку шест лица се ранети во пукотници од автомобил во Мачерата

Најмалку шест лица се ранети во пукотници од возило во движење во центарот на италијанскиот град Мачерата, јавуваат светските медиуми. Едно лице е уапсено, а на мета биле мигрантите. Градоначалникот, Романо Каранчини ги повикал жителите на градот да не излегуваат од своите домови додека трае истрагата. Во Мачерати неделава беше убиена една млада девојка, а нејзиното распарчено тело било пронајдено во...

Полицијата открила 15 мигранти во близина на Гевгелија

Патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица открила 15 мигранти кај селото Милетково, гевгелиско, информираат од МВР. Мигрантите биле откриени во товарно моторно возило „фиат-дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од М.Д.(28) од Струмица. „Од страна на полициските службеници бил извршен  преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти, од кои осум сириски, пет пакистански и...

Шпанската крајбрежна стража спасила 56 мигранти во Средоземно море

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 56 мигранти од Африка од два чамци на Средоземно море. Еден чамец со 23 мигранти бил пресретнат кај Гибралтарскиот залив, додека друг чамец со 33 мигранти е лоциран источно од малиот остров Алборан, на пола пат помеѓу Африка и Шпанија. Меѓународната организација за миграција соопшти дека минатата година 22.800 мигранти дошле во Шпанија, што е...

Тела на шестмина мигранти пронајдени во близина на Ланзароте

Тела на шестмина мигранти се пронајдени во близина на Канарските острови, соопшти шпанската полиција. Спасувачките служби наведоа дека, телата на петмината мигранти биле пронајдени во голем гумен чамец во близина на островот Ланзароте, додека шестиот починал подоцна откако бил извлечен од водата. Полицијата подоцна пронашла 18 мигранти кои успеале да допливаат до крајбрежјето. Илјадници мигранти секоја година тргнуваат од Африка со...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...